Кутија на спомени

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би направиле кутија на спомени за вашето дете?

  • Да

    Гласови: 24 63,2%
  • Не

    Гласови: 10 26,3%
  • Незнам

    Гласови: 4 10,5%

  • Вкупно гласачи
    38

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
Како таа изгледа?

1.jpg
2.jpg
box-of-memories.jpg
headstone, memory box & cards 005.JPG
images.jpg
P1040502.jpg

Кутија на спомени можете да ја купите но можете и самите да ја изработите според мене најдобра опција секако доколку не сте од типот на луѓе кои се мрзливи тогаш можете рачно да ја изработите бидејќи на тој начин ќе можете да ја украсите и уредите според ваша желба. Доколку веќе ви се допадна оваа идеја тогаш спроред мене сметам добро би било да направите една кутија на вашето детенце во неа според мене еве што би можеле да сместите:

  • Прамен од косата
  • Првото извадено запче
  • Цртежи
  • Вашата прва заедничка фотографија
  • Белегзијата од раѓање
  • Чевлички и облека. (секако не целата облека туку најомилените на вашето дете)
  • Цд со видео сминки
  • Албум со фотографии

Повеќето родители во странство прават вакви кутии за своите деца зошто да не направите и вие за вашето детенце?

Кутијата на спомени исто така може да се направи и на вашата врска каде што со вашиот партнер ќе си ставате на пример:

  • Вашата прва заедничка фотографија
  • Фотографии од вашите патувања
  • Значајни заеднички омилени работи
  • Ситни поклончиња кои меѓусебно сте си ги подариле
  • Цд со видео материјал од вашите прослави

Секако и уште многу други работи кои на вас и вашиот партнер се од големо значење.

Кутија на спомени исто така можете да направите и лично за вас без разлика дали имате 15 или пак 25 години иако секако во македонија да направиш на 25 години вакво нешто ќе те направат дека си настрана човек и сл. но за разлика од балканов во странство многу луѓе си прават вакви лични кутии. Доколку си направите ваква кутија ќе имате многу стварчиња внатре кои кога ќе посакате да ја отворите ќе најдете внатре многу работи од капаче, шеќерче кое патем сте го донеле од странство кое ќе ве потсети на некој ваш состанок, или пак на некоја фотографија каде сте биле на некое патување со некоја драга личност и едноставно ваквата кутија ќе ви помогне да ги разбудите вашите сеќавања од минатото кое дотогаш воопшто не сте се ни сетиле и ќе ви ги разубави деновите секој пат кога ќе ја отворите.

Оваа тема ја отворам со цел да ви дадам плус идеја за вашето детенце, вашата врска, и едноставно идеја со која ќе го пополните вашето време и вооедно ќе се присетите на вашите моменти. Би сакал да прашам дали некој од тука поседува ваква кутија? Дали би направиле на вашето детенце ваква кутија?
 
Последно уредено:
Како таа изгледа?

Прегледај го приврзокот 89279
Прегледај го приврзокот 89280
Прегледај го приврзокот 89281
Прегледај го приврзокот 89282
Прегледај го приврзокот 89283
Прегледај го приврзокот 89284

Прекрасна идеа!
Да со сигурност, иако тоа би го оставил на мојата сопруга да го направи/изработи се разбира јас би помогнал околу обработката на материјалот. Ние мажите некако ни на крајот од паметот не ни паѓаат вакви или слични идеи додека вие женските си ј носите таа посебна емоција.
Дали вие или вашиот дечко/сопруг ја има направено вашата кутија ?
Морам да напоменам дека за жал ретко с среќаваат волку инвентивни девојки како што сте вие, сигурен сум дека сте прекрасна мајка ако сеуште не сте ви посакувам што побрзо да станете. Волку женственост одамна немам видено на едно место, што би се рекло печени сте за мајка . :)
БРАВО.
 
Прекрасна идеа!
Да со сигурност, иако тоа би го оставил на мојата сопруга да го направи/изработи се разбира јас би помогнал околу обработката на материјалот. Ние мажите некако ни на крајот од паметот не ни паѓаат вакви или слични идеи додека вие женските си ј носите таа посебна емоција.
Дали вие или вашиот дечко/сопруг ја има направено вашата кутија ?
Морам да напоменам дека за жал ретко с среќаваат волку инвентивни девојки како што сте вие, сигурен сум дека сте прекрасна мајка ако сеуште не сте ви посакувам што побрзо да станете. Волку женственост одамн немам видено на дно место, што би се рекло печени сте за мајка . :)
БРАВО.
:pos: БРАВО и за тебе што ме насмеа бидејќи од некоја причина не сум мајка, немам детенце, и не сум женско. :D Инаку точно се сложувам дека вакви идеи и баш не паѓаат на памет кај машките бидејќи кај повеќето сеуште владее во нив балканскиот менталитет. Додека во странство има доста родители кои заедно со својата жена ова го прават што е сосема нормално.
 
Јас си имам лична кутија, направена ми е уште пред некои 3-4 години. Не ми е направена навистина, обично кутија за чевли е, но оттогаш имам почнато да ставам работи во незе и веќе е полна. Имам се и сешто во неа, почнувајќи секако од скоро сите карти и билети од сите можни настани, дупли сликички од сите албуми што сум ги собирал, limited edition парфемчиња или дезодоранси, стари писма итн. Одлична работа е ова за секој што е посентиментален, heartwarming е кога ќе отворите и ќе се потсетите на многу работи. Секоја работа, макар и обично книже од чоколадо ви буди спомени и се сеќавате на секој детал поврзан со таа работа, а доколку не го зачувате тоа тешко дека ќе се присетите.
 
:pos: БРАВО и за тебе што ме насмеа бидејќи од некоја причина не сум мајка, немам детенце, и не сум женско. :D Инаку точно се сложувам дека вакви идеи и баш не паѓаат на памет кај машките бидејќи кај повеќето сеуште владее во нив балканскиот менталитет. Додека во странство има доста родители кои заедно со својата жена ова го прават што е сосема нормално.
Па морам да кажам дека сте во заблуда, не само балканските мажи што не добиваат вакви идеи туку во целит свет ние мажите сме малку по тупи со емоциите и со смислувањето на вакви непроценливи нешта кој што навистина премногу значат.
Верувајте целиот свој живот живеам насекаде низ светот други држави други континенти, но за воља на вистината никаде немам сретнато волку чуствителен и емоционален маж... добро освен мојот шура кој што живее со својот партнер во квартот LeMaris,баџото ( партнерот на мојот шура ) е дебелокожец како мене небитно што тој е французин а јас македонец.
Во секој случај ви честитам,посебно како на маж ( за мое големо изненадување ) на кој што не му е страв да ги истакне-искористи својте фемине афинитети.
ОГРОМНО БРАВО и ве молам простете за ненамерната грешка.

Се присетив и морам да надоплонам, кога се селевне случајно налетав на кутија од чевли .

Кутијата беше обвиткана со розев целофан, во неа сопругата ги сочувала сите оние мали ситници, сметката од кафулето кога за прв пат пиевне кафе, тикетите од ајфеловата кула, тикетите од метрото, тикетите од првото заедничко одење во зоолошката градина, обвивката од првото заеднички изедено чоколадо, испечатен првиот е-маил, испечатен првиот е-маил каде што употребувам македонски зборови, опаковката од првиот кондом кој што го употребивне, цд-то со македонски песни кое што и го подарив за роденден, писмата што ми ги пишувала за време на бура и кога од страв не можела да заспие кажувајки во нив колку сака да сум до неа за да ја заштитам.
А јас емоционалниот ѓон ја имам сочувано само бурмата , и тоа само поради фактот дека ја носам на прст, еднаш и ја изгубив па се отепав од барање индентична.
 
Последно уредено:
Кога се преселувавме, редејќи ги кутиите со ствари, случајно ми испадна едно како кожен несесер, торбичка некаква... кафеава боја... Ја употребував некаде во времето кога бев студент.
Најдов внатре некои работи кои сум ги ставал тогаш, па останале таму.
Пријатно се изненадив, некои работи и ми беа заборавени, се сетив на некои лица, настани... пријатно чувство, ми разбуди спомени.
 
Замисли доколку би имал ваква голема кутија каде што била направена од твоето раѓање какво би било тоа чуство? во споредба со ова што си го доживеал кога си го отворил несесерот...
 
Бидејќе денес на 20 години плачам по моите играчки со кои што сум пораснал...да би му направил на моето дете кутија на спонеми...И на само слики во неа,туку и предмети.
 
Замисли доколку би имал ваква голема кутија каде што била направена од твоето раѓање какво би било тоа чуство? во споредба со ова што си го доживеал кога си го отворил несесерот...
Најверојатно многу повеќе емоции ќе беа во игра :)
 
Бидејќе денес на 20 години плачам по моите играчки со кои што сум пораснал...да би му направил на моето дете кутија на спонеми...И на само слики во неа,туку и предмети.
Не си само ти туку и јас имав навистина доста многу играчки од најмало до најголемо но на крајот повеќето ги фрлив бидејќи навистина ми зафаќаа простор... :confused: Сега чувам неколку мали колички и некои дрангулии од времето кога бев мал само работата е што незнам каде ми се ставени добра идеја ќе биде да ги соберам и ги ставам во една кутија и уште некои други работи.
 
Пред неколку дена и дојде понуда на вујна ми,некоја наша од Скопје ,женичка си имала startup фирма која се занимавала со слични работи како ова ..... правела печатоци од рака и нозе на малото бебе или дете во гипсиран и убаво ги средувала во рамка , онака баш супер изгледа ,за 250 денари ..... не знам баш која беше ,но баш ме потсети на ова .... :)
 
Не си само ти туку и јас имав навистина доста многу играчки од најмало до најголемо но на крајот повеќето ги фрлив бидејќи навистина ми зафаќаа простор... :confused: Сега чувам неколку мали колички и некои дрангулии од времето кога бев мал само работата е што незнам каде ми се ставени добра идеја ќе биде да ги соберам и ги ставам во една кутија и уште некои други работи.
Абе убаво шти ти си сакал/а и си ги фрлил/а...Работата е што кај мене моите ги фрлија без да знам јас и тоа скоро сите...Ми останаа само 10тина џамлии и едно свирче од семка од кајсија што сам го направив...
 
Еј де сакал/а :D За инфо Машко сум :pos: За доказ слика не би ставал... :D

Инаку пред некое време јас разгледував по некои мои работи сеуште чувам сликички 100 се сеќаваш на оние кои се собираа за светко, европско, уште ги имам дома, за џамлии да не зборуваме имам дома околу 70 џамлии и тоа сите се од оние кои ги имам ќарувано, чувам и пиштол на каписли :pos: Очигледно ќе треба да си земам една голема кутија :D
 
Мене ова ми е интересна работа. Моето малечко веќе таква кутија. Во неа чувам праменче од косата,првата цуцла која воедно испадна и последна(се откажа од нив), по некоја фотографија, покани од родендени, новогодишни честитки и слични работи. Во потрага сум по некоја интересна и така поголемка кутија инаку засега врши работа и оваа што ја имаме. Муж ми не е толку ангажиран во тек е онолку колку што јас му брборам.
Инаку и јас чувам мои ствари од детството. Имам неколку споменари, кои ги чувам за да ги покажам на моите деца кога ќе пораснат, зошто како што гледам сега ретко се наоѓаат такви кои ќе пишуваат, споменарите се минато. Ги чувам и новогодишните честитки кои сум ги добивала. Ах, тие па какви спомени будат... за жал и тие стануваат минато. Ние оваа година добивме 3-4 честитки што се ништо во споредба со моето детство. Чувам разни сликички, салфетки, покани, билети, играчки и слично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom