Кушнер: проблем за ЕУ и НАТО е само името

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување
Ne be,ne samo shto nemaat nego kje cuesh deka 10 pati odgovorile ama nie i takvite kako nas nemalo da razberime.

3. Зошто владата денес бара прием во НАТО и ЕУ, под референцата FYROM, а не под уставното име Република Македонија ?

Ushte toa mozokot ne im ragja deka G'uevski odi na kartata BJRM.
 
1. Доколку неколку дебили направиле голема историска грешка со почетокот на преговорите со греција, заошто овие сегашни дебили едноставно не ги прекинат тие преговори, и побарат прием во ООН под уставното име ?

2. Доколку договорот е толку штетен, зошто ова влада поднесе тужба во Хаг, токму врз основа на овој договор.

3. Зошто владата денес бара прием во НАТО и ЕУ, под референцата FYROM, а не под уставното име Република Македонија ?

1. Затоа што грешката на тогашните дебили е историска како и ти што рече.И е непоправлива.
2. Договорот е добар, и тужбата е за еден прекршен член на договорот.
3.Затоа што fyrom ова срамно име е референца, а преговорите не се за референца туку за ИМЕ. а Ако се влезе во еу и нато под референца преговорите продолжуваат.
Поздрав.
 
1. Затоа што грешката на тогашните дебили е историска како и ти што рече.И е непоправлива.
Немој непоправлива. Не постои нешто што не може да се поправи.
Најголемото прашање е дали ќе се поправи на арно или на полошо.
Тоа е клучната дилема.

Тежината на носење на одлуката тогаш, за почеток на преговори со грците, е сосема еквивалентна на тежината за нивно прекинување денес.
Тогаш Македонија беше условена да преговара со г'рција заради влезот во ООН и сите доденешни меѓународни институции во кои сме членки.
Денес Македонија е условена да најде компромис заради влегување во НАТО и ЕУ.

Гледаш некоја разлика освен продавање гол популизам ?

2. Договорот е добар, и тужбата е за еден прекршен член на договорот.
Не може во зависност од ситуацијата да го коментираме договорот.
Истиот тој договор врз кој ДПМНЕ а (верувам и ти) до вчера плукаше....денес наеднаш стана добар.
3.Затоа што fyrom ова срамно име е референца, а преговорите не се за референца туку за ИМЕ. а Ако се влезе во еу и нато под референца преговорите продолжуваат.Поздрав.
Под (нереална) претпоставка да влеземе во НАТО и ЕУ како фиром.
Гледаш во наредниве 50 години крај на спорот со грците ?
 
Ushte toa mozokot ne im ragja deka G'uevski odi na kartata BJRM.

Ајде... кажи ни сега чиј „производ„ е БЈРМ..или повеќе го милуваш името ФИРОМ...а ???!!!
На се де се -то..разбира се фироманско
и антимакедонско..во сите досега видени настапи нивни..а последен „специјалитет„ им е печен ЗАЈКО (КУКУрајковски) со ПОДВИТКАНА КИЧМА..разбира се..
:nesvest:
 
lav shto ti rekov za pishuvanjeto so golemi bukvi na forumot deka e derenje ili lechenje kompleks?
 
Ајде... кажи ни сега чиј „производ„ е БЈРМ..или повеќе го милуваш името ФИРОМ...а ???!!!
На
се де се -то..разбира се фироманско
и антимакедонско..во сите досега видени настапи нивни..а последен „специјалитет„ им е печен
ЗАЈКО (КУКУрајковски) со ПОДВИТКАНА КИЧМА..разбира се..
:nesvest:

Абе, разбира се.
Знаеш ли ти труго нешто да напишеш освен ФИРОМ, БЈРМ, зајко, фироманско и кичма.....аха и комунали.

Ти поставив три конкретни прашања, со единствена желба дека твојот репертоар на зборови не е ограничен на горенапишаните.
Покажи дека освен тролување и бескрајно верглање во место, знаеш барем малку и да дискутираш.

Повели по втор пат прашањата.

http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=1975055&postcount=59
 
1. Компромис , незнам какво значење имал зборот компромис тогаш, сега треба да се постигне договор, за договор се потрбни двајца и нашто да се изгуби но нешто да се добие , но има граница што е тоа што се губи.
2. Договорот е тој, не ми се бендисува ама е склучен од Македонци(мислам) и барем тој нека се почитува.
3. Остајте ,времето работи за Македонија. Ке бидеме на подобра позиција да се преговара за тој проблем.
 
Што значи за тебе добар компромис ?
Ама конкретно.
2. Договорот е тој, не ми се бендисува ама е склучен од Македонци(мислам) и барем тој нека се почитува.
Па има ли Македонец во Македонија кој ќе рече дека добро е што сме почнале да преговараме за нашето сопствено име.
Не.
Како што напишав погоре. Нема разлика помеѓу ситуацијата во 1993-та и денес.
Има само заедничко име:
Наметнати преговори.
3. Остајте ,времето работи за Македонија. Ке бидеме на подобра позиција да се преговара за тој проблем.
Времето работеше за нас. Веќе не работи. Барем не по заминувањето на Буш. Од ден на ден имаме се помалку подржувачи.
А дали сум во право....времето ќе покаже.
 
lav shto ti rekov za pishuvanjeto so golemi bukvi na forumot deka e derenje ili lechenje kompleks?
Месијо, одговори ми на прашањето кое ти го поставив. А што по смената на името, од кога ќе побараат Грците, смена на јазикот и националноста? Или пак што ако еве да речеме го смениме името, повторно побараат некаква промена на јазикот за да влеземе во ЕУ? Си размислил некогаш дека и тоа е возможно?
 
Видете како брз преглог даваат албанциве и ај после не се нервирај .

ДУА предлага име “Северна Македонија и Источна Албанија“

Во коминике од 5-ти декември Демократската Унија на Албанците, предложила неколку факти дека стабилноста на Македонија не се ризикува од надвор, но дестабилизацијата на земјата доаѓа од начинот на политичката дискриминација на Албанците во оваа држава. Лидерот на ДУА, Бардуљ Махмути, им порачал на македонските власти да престанат со дискриминација врз Албанците и да продолжат со сигурност кон евроатланските интеграции.

“Тргнувајќи од фактот дека поддршката на Македонија за евроатланската интеграција, без да се тргне дискриминацијата на оваа држава што аплицира врз Албанците е кратковидна и не служи за мир, а ни за стабилност во долг рок во овој дел на Балканот. Наместо да се бара што побрзо тргнување на дискриминацијата како и почитување на човекови права на Албанците, единственото барање што се слуша за членство во НАТО е да се најде компромис за името со Грција“, додал Махмути.

Без да се оставаат настрана сите барања што имаат поврзаност со правата на Албанците во Македонија, како и исполнување на сите услови за зачленување во НАТО, ДУА инсистира Албанците да се вклучат во преговорите за името.

Според ДУА причините за кој треба Македонија да го смени името и да се вика “Северна Македонија и Источна Албанија“ ќе ги зафати реалните топоними на земјата.

Името “Северна Македонија и Источна Албанија“ ќе ги интегрира и двата етнички што го сочинуваат поголемото население од земјава.

Исто така Демократската унија на Албанците испраќа апел до сите медиуми да се отвори јавна дебата за оваа прашање каде интелектуалци, невладини организации како и жители кои можат да дадат мислење и свое знаење да се најди заедничко решение по оваа прашање.

ЗА ОВИЕ САПУН САМО НИСТО ДРУГО ПОМЕШАН СО САЛО ОД ПРАСЕ 200 КИЛА ТЕЖИНА ШТО ИМА ДА НЕ МОЖИ ДА МРДНАТ.

ПРЕЗЕМЕНО ОД НЕТПРЕС.
 
1. Доколку неколку дебили направиле голема историска грешка со почетокот на преговорите со греција, заошто овие сегашни дебили едноставно не ги прекинат тие преговори, и побарат прием во ООН под уставното име ?

Зашто во Букурешт 2008 (кога нè ветоизираа за НАТО), Америка веднаш скокна да ја поддржи Македонија и инсистираше да се потпише договор со кој Македонија ќе биде веднаш примена во НАТО, откако ќе се реши „проблемот со името“. Со други зборови, Македонија ќе ја има поддршката од Америка, сè додека Македонија не се откажува од преговорите. Значи, сè додека Македонија работи во насока на членство во НАТО, ќе ја има поддршката од Америка (логично, нели?)

Ај те молам кажи ми дека сакаш да се откажеш од поддршката на Америка, кога и ЕУ и ООН ти вртат грб.

2. Доколку договорот е толку штетен, зошто ова влада поднесе тужба во Хаг, токму врз основа на овој договор.

Договорот од 1993 има еден член кој вели: „Грција нема да ја попречува Македонија во нејзиното интегрирање во меѓународните заедници“, како на пример НАТО. Ветото од страна на Грција е директно кршење на тој член, а со самото тоа и целиот договор.

Тоа значи: не важи договорот, не важи промената на знамето, не важи привремената референца - се враќаат старото знаме и ние сме си повторно Република Македонија за целиот свет и привремената референца се укинува во сите институции.

Ова е под услов судот во Хаг да е навистина воден од меѓународното право, а не од интересите. Во спротивно, ќе ја поддржи Грција и ќе покаже дека членките на ЕУ смеат да ги кршат договорите и тие што и да направат нема да одговараат за срањата што ги прават.

3. Зошто владата денес бара прием во НАТО и ЕУ, под референцата FYROM, а не под уставното име Република Македонија ?

Ние бараме и понатаму членство во НАТО и работиме натаму, поради одговорот на 1.
 
Зашто во Букурешт 2008 (кога нè ветоизираа за НАТО), Америка веднаш скокна да ја поддржи Македонија и инсистираше да се потпише договор со кој Македонија ќе биде веднаш примена во НАТО, откако ќе се реши „проблемот со името“. Со други зборови, Македонија ќе ја има поддршката од Америка, сè додека Македонија не се откажува од преговорите. Значи, сè додека Македонија работи во насока на членство во НАТО, ќе ја има поддршката од Америка (логично, нели?)

Ај те молам кажи ми дека сакаш да се откажеш од поддршката на Америка, кога и ЕУ и ООН ти вртат грб.
Токму тоа сакам и да го објаснам.
А замисли ја ситуацијата во 1993-та, кога немавме подршка од ниту една држава, а камо ли велесила каква што е Америка.

Договорот од 1993 има еден член кој вели: „Грција нема да ја попречува Македонија во нејзиното интегрирање во меѓународните заедници“, како на пример НАТО. Ветото од страна на Грција е директно кршење на тој член, а со самото тоа и целиот договор.

Тоа значи: не важи договорот, не важи промената на знамето, не важи привремената референца - се враќаат старото знаме и ние сме си повторно Република Македонија за целиот свет и привремената референца се укинува во сите институции.

Ова е под услов судот во Хаг да е навистина воден од меѓународното право, а не од интересите. Во спротивно, ќе ја поддржи Грција и ќе покаже дека членките на ЕУ смеат да ги кршат договорите и тие што и да направат нема да одговараат за срањата што ги прават.
Тоа го вели правото.
Но ќе се сложиш нели, дека правдата и правото не секогаш одат заедно.

P.S.

Прашањата беа најмногу поставени до лав, кој за иста постапка едни сатанизира, а други ги крева во облаците.
Но гледам лав не собра храброст да одговори за да ја разрешиме дилемата.:toe:
 
Токму тоа сакам и да го објаснам.
А замисли ја ситуацијата во 1993-та, кога немавме подршка од ниту една држава, а камо ли велесила каква што е Америка.

Не, не можам да ја замислам, зашто наместо проблемот да настанел тогаш и со вистински потег националната свест да се развиела тогаш, морале да поминат скоро 2 децении и еден куп срања, па за да ни стане јасно дека *самите* мораме да бидеме свесни што сме, без разлика на тоа кој што ќе каже.

Ако стоиш на свои нозе, вистинските пријатели ќе останат покрај тебе. Ако ти ги бркаш сите, ќе те сметаат за шушумига и ќе те маткаат како сакаат.

И токму затоа сум сега среќен и можам да кажам дека сум Македонец и да пишувам на кирилица на форумов. Тие работи ќе се случеле сеедно, дури и тогаш да сме одбиеле да се фиромизираме и да го смениме знамето итн, само залудно сме изгубиле скоро 2 децении и што ли уште не.

Тоа го вели правото.
Но ќе се сложиш нели, дека правдата и правото не секогаш одат заедно.

Кај што има сила, нема правдина.

Тоа значи: мораме да станеме сила. Тоа е тоа. И треба да се работи натаму нон-стоп.
 
Месијо, одговори ми на прашањето кое ти го поставив. А што по смената на името, од кога ќе побараат Грците, смена на јазикот и националноста? Или пак што ако еве да речеме го смениме името, повторно побараат некаква промена на јазикот за да влеземе во ЕУ? Си размислил некогаш дека и тоа е возможно?

Edno e nie kako narod ili kako forumdzii da nagagjame shto bi se sluchilo potoa a drugo e ona realnoto i vistinskata slika shto i kako kje se sluchi potoa.Imakji go vo predvid faktot deka Grcite ne se zainteresirani za imeto voopshto nego druga politika e vo igra.Se nadevam kje svatish,taka da po vleguvanje vo EU so Severna Makedonija kako referenca i priznat ustav,jazik i nacija vekje prikaznata za blokiranje i granici zavrshuva za Makedonija.Reformite se obnovuvaat i im nosat podobro utre na gragjanite.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom