Кур'анот упатува предизвик на Арапите и целиот свет. Читајќи Кур'ан можеме лесно да ги најдеме овие ајети, објавени на Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с., на самиот почеток на објавата, кои тој јавно ги проучи на насобраните Меккелии:
"Нека пропаднат рацете на Ебу Лехеб, и тој пропадна! Не му вредеше имотот негов, и она што го спечали. Ќе се пржи во огнот преполн со пламени, и жената негова која дрва носи. На вратот нејзин ќе биде обесено јаже од пламен!" (Ел-Месед, 1-5)
Ова е комплетно кур'анско суре и гледаме дека директно го спомнува Ебу Лехеба, стрикото на Аллаховиот пејгамбер Мухаммеда, с.а.в.с.. Аллах џ.ш. во ова суре зборува за човекот што беше еден од најголемите непријатели на исламот и на муслиманите. Мораме да се запрашаме: Што мислите, дали Ебу Лехеб можеше да ги искористи овие ајети за борба против Кур'анот и против исламот, што најмногу ги мразеше на светот? Можеше ли овие ајети да ги искористи како најубиствено и пресудно оружје против Кур'анот и против исламот? Во ајетите директно е кажано:
“Ебу Лехебе, ти ќе умреш како неверник, како многубожец, и заради тоа ќе гориш во оган…”
Овдека имаме директен говор за иднината, во него не е прецизиран точниот датум на смртта на Ебу Лехеб, тоа не е ни важно, не е тоа пораката и суштината; во него е прецизирана судбината на тој човек - ќе умре како неверник и ќе гори во џехеннем! После ова суре имаше доволно време Ебу Лехеб да оди до која било дружина на муслимани во Мекка и да каже: “Ешхеду ен ла илахе иллаллах, ве ешхеду енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху – Јас верувам и сведочам дека нема друг бог освен Аллах и верувам и сведочам дека Мухаммед е Аллахов роб и Аллахов пејгамбер.” Да го кажеше тоа лицемерно, задржувајќи го своето неверување во своето срце, зашто на овој свет на луѓето им се суди спрема она што се слуша, а не спрема она што е во срцето, а овдека би се слушнало шехадет. Со тие зборови можеше да го докрајчи исламот за сите времиња. Ако изговореше шехадет и со тоа “влезеше” во ислам, а потоа да ги собереше жителите во Мекка и да им кажеше: “Сите знаете дека Мухаммед вас ве извести дека јас ќе умрам како неверник и рече дека тоа се Аллахови зборови. Еве, гледате, јас го прифатив исламот и станав муслиман. Дали е потврдено и докажано дека Мухаммед е лажго.” Јасно ви е што ќе се случешe со Кур'анот, со Мухаммед с.а.в.с. и со исламот. Ебу Лехеб да имаше во тој момент само една трошка интелегенција, тоа ќе го направеше и со тоа засекогаш ќе го докрајчеше својот непријател. Меѓутоа, дури и да размислуваше за тоа, не ќе можешe да му помогне на својот мозок да донесе такво решение. Некој сигурно знаеше дека никогаш не ќе се ни обиде тоа да го направи и дека му е судено да умре како неверник, како многубожец. Тоа и се случило, умре како неверник. Од друга страна не беше ни најмалку лесно и едноставно да се известат луѓето дека токму Ебу Лехеб ќе умре како неверник. Во Мекка голем број своевремено жестоки и заколнати непријатели на исламот подоцна го прифатија исламот. Тоа беа луѓе кои за време на своето неверување им нанесоа тешки удари на исламот и на муслиманите, луѓе како што беа Халид б. Велид, Амр б. ел-Ас, Омер б. ел-Хаттаб, дури и Ебу Суфјан, водачот и предводникот на неверниците против исламот и муслиманите. Сите тие беа надуени неверници, но потоа прифатија ислам. Па, како е можно да се известат луѓето дека Ебу Лехеб ќе остане неверник и дека никогаш нема да го прифати исламот, па дури ни како лицемер и дека ќе умре како неверник!? Во ова суре имаме голема муџиза. Со ова суре Кур'анот со име и презиме не извести како ќе заврши жестокиот непријател на исламот. Со тоа е упатен директен предизвик на Ебу Лехеб, а и на сите неверници, во прашањето на изборот, т.е. во прашањето на слободната волја, каде што на секој човек му стои на избор илјадници опции, а тој ја бира онаа која сака. Гледано со човечки очи постоела голема веројатност и "опасност" дека Ебу Лехеб ќе изговори шехадет и со тоа ова суре ќе го искористи против исламот и против Кур'анот, со што ќе го победеше и ќе го докрајчеше исламот. Но, и покрај тие опасности овие суриња се објавени со целосна сигурност дека тоа не ќе се случи. Погодувате зошто? Затоа што Оној кој го објави Кур'анот сигурно знае дека на Ебу Лехеб нема ни на ум да му падне да мисли и да размислува за тоа да се обиде да го дерогира Кур'анот… Знае што мисли, дури уште и повеќе, знае што воопшто не ќе му падне на ум и што нема ни да помисли… Зарем ни треба поголемо чудо од ова….?!
Победата на византијците
Едно од соопштенијата кои Кур'ан ги изнесува по прашање на настаните кои сеуште не се случиле се наоѓа во првите ајети на поглавјето Ер-Рум. Во овие ајети се зборува дека византиската империја претрпела пораз, но дека по кратко време повторно ќе издвојува победа:
"Елиф-лам-мим. Византијците се победени во соседната земја, но тие, после поразот свој, сигурно ќе победат за неколку (3-9) години - и пред, и после, Аллахова е одлуката - и тогаш верниците ќе се радуваат." (Ер-Рум; 1-4)
Овие ајети се објавени отприлика после седум години откако христијаните Византијци претрпеле жесток пораз од идолопоклоничките Персијци, околу 620 година. Но во ајетите се соопштува дека Византијците многу брзо ќе издвојуваат победа. Меѓутоа, во тоа време Византија претрпела толку голем пораз што дури изгледало невозможно да се одржи на нозе, а камоли да издвојува понова победа. Не само Персијците, туку и Аварите, Словените и Ломбардите претставувале голема опасност по Византиската држава. Аварите дошле до пред самиот Истанбул. За да би се подмириле трошоците на војската, византискиот крал Хераклеус наредил златните и сребрените украси од црквите да се истопат и претворат во пари. Многу голем број гувернери се побуниле против кралот, Империјата дошла до точка на распаѓање. Прво се, од страна на идолопоклоничките Персијци, окупирани византиските Месопотамија, Кликија, Сирија, Палестина, Египет и Елменистан. Накратко, се очекуваше тотално исчезнување на Византија. Точно во овој период, меѓутоа, доаѓа до објава на првите ајети од поглавјето Ер-Рум, во кои се соопштува дека, после не повеќе од девет години, Византијците повторно ќе победат.
Неколку години после објавата на првите ајети од поглавјето Ер-Рум, декември 624., во близина на рушевините Минова, се случи уште една голема војна помеѓу Византија и Персиската империја. Овој пат византиската војска ја порази персиската. Неколку месеци после оваа битка, Персија беше приморана да потпише спогодба за повраќање на териториите на Византија кои во претходната војна ги окупираше. Така дојде до обвистинување на византиската победа која Кур'ан понапред ја најави.
Друго муџизе кое се наоѓа во истите ајети е, истотака, и еден географски чин кој во тоа време било невозможно да се востанови. Во третиот ајет на поглавјето Ер-Рум се истакнува дека Византијците ќе бидат поразени на "најниското место на светот". Овој чин е содржан во формулацијата "една-ел-ерд", која многу коментатори на Кур'ан ја преведувале како "блиско или соседно место". Меѓутоа, овој превод не е вистинската противредност на оригиналната формулација, туку фигуративен коментар. Зборот "Една", кој значи "најдолен, најнизок, најдлабок..." е извадок од глаголот "дена". А, зборот "ерд" значи Свет. Целокупната формулација "една-ел-ерд" доаѓа во значење "најниското место на светот".
Интересно, битката помеѓу Персија и Византија се одигра на најниското место на Светот! Местото на одигрување на актуелната битка е базенот на езерото Лут, кое се наоѓа на тромеѓа на Сирија, Палестина и денешен Јордан. И, како што е денес општо познато, базенот на езерото Лут се наоѓа на висина од 395 метри испод нивото на морето и претставува место со најниска надморска висина на Светот. Значи, Византијците, како што тоа Кур'ан и го најави, поразени се на најниското место на Светот. Она на што овде мора да се обрне внимание е фактот дека надморските висини, а со тоа и надморската висина на базенот на езерото Лут, било можно да се востанови единствено само со мерење проведено во модерно време.
Сосема е невозможно да, во време на објавувањето на Кур'ан, некој да знаел дека околината на езерото Лут претставува најниска точка на Светот. Меѓутоа, ова подрачје е во Кур'ан наведено точно како место со најниска надморска висина. Тоа, повторно, претставува уште еден во низата докази дека Кур'ан е збор на Свевишниот, Аллах џ.ш.
Продолжува...