Кур'ански муџиза

  • Креатор на темата Креатор на темата zavisnik^
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 февруари 2006
Мислења
131
Поени од реакции
7
Кур'анот упатува предизвик на Арапите и целиот свет. Читајќи Кур'ан можеме лесно да ги најдеме овие ајети, објавени на Аллаховиот Пејгамбер, с.а.в.с., на самиот почеток на објавата, кои тој јавно ги проучи на насобраните Меккелии:

"Нека пропаднат рацете на Ебу Лехеб, и тој пропадна! Не му вредеше имотот негов, и она што го спечали. Ќе се пржи во огнот преполн со пламени, и жената негова која дрва носи. На вратот нејзин ќе биде обесено јаже од пламен!" (Ел-Месед, 1-5)

Ова е комплетно кур'анско суре и гледаме дека директно го спомнува Ебу Лехеба, стрикото на Аллаховиот пејгамбер Мухаммеда, с.а.в.с.. Аллах џ.ш. во ова суре зборува за човекот што беше еден од најголемите непријатели на исламот и на муслиманите. Мораме да се запрашаме: Што мислите, дали Ебу Лехеб можеше да ги искористи овие ајети за борба против Кур'анот и против исламот, што најмногу ги мразеше на светот? Можеше ли овие ајети да ги искористи како најубиствено и пресудно оружје против Кур'анот и против исламот? Во ајетите директно е кажано:

“Ебу Лехебе, ти ќе умреш како неверник, како многубожец, и заради тоа ќе гориш во оган…”

Овдека имаме директен говор за иднината, во него не е прецизиран точниот датум на смртта на Ебу Лехеб, тоа не е ни важно, не е тоа пораката и суштината; во него е прецизирана судбината на тој човек - ќе умре како неверник и ќе гори во џехеннем! После ова суре имаше доволно време Ебу Лехеб да оди до која било дружина на муслимани во Мекка и да каже: “Ешхеду ен ла илахе иллаллах, ве ешхеду енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху – Јас верувам и сведочам дека нема друг бог освен Аллах и верувам и сведочам дека Мухаммед е Аллахов роб и Аллахов пејгамбер.” Да го кажеше тоа лицемерно, задржувајќи го своето неверување во своето срце, зашто на овој свет на луѓето им се суди спрема она што се слуша, а не спрема она што е во срцето, а овдека би се слушнало шехадет. Со тие зборови можеше да го докрајчи исламот за сите времиња. Ако изговореше шехадет и со тоа “влезеше” во ислам, а потоа да ги собереше жителите во Мекка и да им кажеше: “Сите знаете дека Мухаммед вас ве извести дека јас ќе умрам како неверник и рече дека тоа се Аллахови зборови. Еве, гледате, јас го прифатив исламот и станав муслиман. Дали е потврдено и докажано дека Мухаммед е лажго.” Јасно ви е што ќе се случешe со Кур'анот, со Мухаммед с.а.в.с. и со исламот. Ебу Лехеб да имаше во тој момент само една трошка интелегенција, тоа ќе го направеше и со тоа засекогаш ќе го докрајчеше својот непријател. Меѓутоа, дури и да размислуваше за тоа, не ќе можешe да му помогне на својот мозок да донесе такво решение. Некој сигурно знаеше дека никогаш не ќе се ни обиде тоа да го направи и дека му е судено да умре како неверник, како многубожец. Тоа и се случило, умре како неверник. Од друга страна не беше ни најмалку лесно и едноставно да се известат луѓето дека токму Ебу Лехеб ќе умре како неверник. Во Мекка голем број своевремено жестоки и заколнати непријатели на исламот подоцна го прифатија исламот. Тоа беа луѓе кои за време на своето неверување им нанесоа тешки удари на исламот и на муслиманите, луѓе како што беа Халид б. Велид, Амр б. ел-Ас, Омер б. ел-Хаттаб, дури и Ебу Суфјан, водачот и предводникот на неверниците против исламот и муслиманите. Сите тие беа надуени неверници, но потоа прифатија ислам. Па, како е можно да се известат луѓето дека Ебу Лехеб ќе остане неверник и дека никогаш нема да го прифати исламот, па дури ни како лицемер и дека ќе умре како неверник!? Во ова суре имаме голема муџиза. Со ова суре Кур'анот со име и презиме не извести како ќе заврши жестокиот непријател на исламот. Со тоа е упатен директен предизвик на Ебу Лехеб, а и на сите неверници, во прашањето на изборот, т.е. во прашањето на слободната волја, каде што на секој човек му стои на избор илјадници опции, а тој ја бира онаа која сака. Гледано со човечки очи постоела голема веројатност и "опасност" дека Ебу Лехеб ќе изговори шехадет и со тоа ова суре ќе го искористи против исламот и против Кур'анот, со што ќе го победеше и ќе го докрајчеше исламот. Но, и покрај тие опасности овие суриња се објавени со целосна сигурност дека тоа не ќе се случи. Погодувате зошто? Затоа што Оној кој го објави Кур'анот сигурно знае дека на Ебу Лехеб нема ни на ум да му падне да мисли и да размислува за тоа да се обиде да го дерогира Кур'анот… Знае што мисли, дури уште и повеќе, знае што воопшто не ќе му падне на ум и што нема ни да помисли… Зарем ни треба поголемо чудо од ова….?!

Победата на византијците

Едно од соопштенијата кои Кур'ан ги изнесува по прашање на настаните кои сеуште не се случиле се наоѓа во првите ајети на поглавјето Ер-Рум. Во овие ајети се зборува дека византиската империја претрпела пораз, но дека по кратко време повторно ќе издвојува победа:

"Елиф-лам-мим. Византијците се победени во соседната земја, но тие, после поразот свој, сигурно ќе победат за неколку (3-9) години - и пред, и после, Аллахова е одлуката - и тогаш верниците ќе се радуваат." (Ер-Рум; 1-4)

Овие ајети се објавени отприлика после седум години откако христијаните Византијци претрпеле жесток пораз од идолопоклоничките Персијци, околу 620 година. Но во ајетите се соопштува дека Византијците многу брзо ќе издвојуваат победа. Меѓутоа, во тоа време Византија претрпела толку голем пораз што дури изгледало невозможно да се одржи на нозе, а камоли да издвојува понова победа. Не само Персијците, туку и Аварите, Словените и Ломбардите претставувале голема опасност по Византиската држава. Аварите дошле до пред самиот Истанбул. За да би се подмириле трошоците на војската, византискиот крал Хераклеус наредил златните и сребрените украси од црквите да се истопат и претворат во пари. Многу голем број гувернери се побуниле против кралот, Империјата дошла до точка на распаѓање. Прво се, од страна на идолопоклоничките Персијци, окупирани византиските Месопотамија, Кликија, Сирија, Палестина, Египет и Елменистан. Накратко, се очекуваше тотално исчезнување на Византија. Точно во овој период, меѓутоа, доаѓа до објава на првите ајети од поглавјето Ер-Рум, во кои се соопштува дека, после не повеќе од девет години, Византијците повторно ќе победат.
Неколку години после објавата на првите ајети од поглавјето Ер-Рум, декември 624., во близина на рушевините Минова, се случи уште една голема војна помеѓу Византија и Персиската империја. Овој пат византиската војска ја порази персиската. Неколку месеци после оваа битка, Персија беше приморана да потпише спогодба за повраќање на териториите на Византија кои во претходната војна ги окупираше. Така дојде до обвистинување на византиската победа која Кур'ан понапред ја најави.
Друго муџизе кое се наоѓа во истите ајети е, истотака, и еден географски чин кој во тоа време било невозможно да се востанови. Во третиот ајет на поглавјето Ер-Рум се истакнува дека Византијците ќе бидат поразени на "најниското место на светот". Овој чин е содржан во формулацијата "една-ел-ерд", која многу коментатори на Кур'ан ја преведувале како "блиско или соседно место". Меѓутоа, овој превод не е вистинската противредност на оригиналната формулација, туку фигуративен коментар. Зборот "Една", кој значи "најдолен, најнизок, најдлабок..." е извадок од глаголот "дена". А, зборот "ерд" значи Свет. Целокупната формулација "една-ел-ерд" доаѓа во значење "најниското место на светот".
Интересно, битката помеѓу Персија и Византија се одигра на најниското место на Светот! Местото на одигрување на актуелната битка е базенот на езерото Лут, кое се наоѓа на тромеѓа на Сирија, Палестина и денешен Јордан. И, како што е денес општо познато, базенот на езерото Лут се наоѓа на висина од 395 метри испод нивото на морето и претставува место со најниска надморска висина на Светот. Значи, Византијците, како што тоа Кур'ан и го најави, поразени се на најниското место на Светот. Она на што овде мора да се обрне внимание е фактот дека надморските висини, а со тоа и надморската висина на базенот на езерото Лут, било можно да се востанови единствено само со мерење проведено во модерно време.
Сосема е невозможно да, во време на објавувањето на Кур'ан, некој да знаел дека околината на езерото Лут претставува најниска точка на Светот. Меѓутоа, ова подрачје е во Кур'ан наведено точно како место со најниска надморска висина. Тоа, повторно, претставува уште еден во низата докази дека Кур'ан е збор на Свевишниот, Аллах џ.ш.

Продолжува...
 
"Елиф-лам-мим. Византијците се победени во соседната земја, но тие, после поразот свој, сигурно ќе победат за неколку (3-9) години - и пред, и после, Аллахова е одлуката - и тогаш верниците ќе се радуваат." (Ер-Рум; 1-4)

Зборот "adna" има две значења: соседна и најниска. Затоа и во македонската верзија е преведено со соседна земја, а во некои други верзии со најниска. Интересно е што без разлика дали таму пишува соседна или најниска, името на земјата не е наведено!

Некои муслимани сакаат да не убедат дека таа битка била близу мртвото море кое е на околу 1373 стапки под морското ниво (други пак велат дека тоа било кај црвеното море (1300 стапки под морското ниво), но дури и од исламски извори е јасно познато дека оваа битка не се случила ни таму, ни таму, туку историски факт е дека Римјаните биле поразени во Ерусалим кој воопшто и не е под морското ниво, туку 2500 стапки над морското ниво. Еве ти зависнику да си го провериш ова: (http://en.wikipedia.org/wiki/Jerusalem)
Каква иронија зарем не?

Ете тоа ти се во кратки цтри научно-географските "докази" на Кyранот.
 
harita21.jpg

The Dead Sea basin where Byzantium was defeated by Persians. Above is a satellite photograph of the region. The Lake of Lut region, which is the lowest region of the world, is 395 meter below the sea level.

lutgolu.jpg

On top a satellite photograph of the Dead Sea basin. The altitude of the Dead Sea could only be determined with modern measurement techniques. These measurements led to the discovery that this region is the "lowest region on the Earth."

kudus21.jpg
 
Прашањето на релативноста на времето денес претставува докажан факт. Меѓутоа овој факт се докажа на почетокот на 20-от век. Тој беше докажан со Ајнштановата теорија за релативност. До тој период човекот не знаеше дека времето е еден релативен поим. Големиот научник Алберт Ајнштајн, со помош на својата теорија за релативност на времето овој факт го докажа на сосема јасен начин. За време на целата историја на човештвото ова прашање никој не го актуелизира. Освен во еден случај: во Куранот се изнесени детали кои се однесуваат на фактот дека времето е релативно! Во тој контекст тука можеме да ги наведеме следниве ајети кои го илустрираат овој факт:

“И бараат побрзо од тебе за казната, но Аллах не ќе го изневери ветувањето свое. Еден ден кај Господарот твој е како илјада години кои вие ги броите.” (Ел Хаџџ, 22:47)

“И Он управува со се она што е меѓу небесата и Земјата, а потоа, во Денот определен, кон Него ќе се извиши: на Денот кој трае илјада години, според она што вие броите!” (Ес-Сеџде 32:5)

“преку кои се качуваат мелеките и Џибрил до Него, за еден ден кој изнесува педесет илјади години. ” (Ел-Мариј 70:4)

Фактот дека на ваков крајно јасен начин се говори за релативноста на времето во Куранот кој е објавен пред 14 векови претставува уште еден доказ дека тоа е Аллахова Книга.
 
А во библијата нели се спомнува дека Исус му вели на Петар дека истиот од Него трипати ќе се одрече пред петел да запее.!???

Ама сепак да се зборува за временски теории во тие книги е малку чудно зарем не ???
...да не се спомнува и компјутер негде ???
 
“Ние, навистина, ја објавивме Опомената и Ние, навистина ќе ја чуваме.” (Ел-Хиџр 15-9)
Од неговото објавување па се до денес оргиналниот Куран сеуште е потполно зачуван и целосен како што беше објавен.


“Оној што ти го пропишува Куранот, навистина ќе те врати во местото на враќање. Кажи: “Господарот мој најдобро го знае оној кој оди по Патоказот и оној кој оди во беспаќето очигледно!” (Ел-Касас 28:85)
Овој ајет беше објавен кога ситуацијата на Мухаммед а.с. беше многу лоша поради непријателството на луѓето од Мекка (кој што беше негов дом). Непријателството беше поради лидерите од тоа време, кои ја одбија објавата и неговиот повик и го протераа него и неговите следбеници. Тоа беше безнадежна ситуација, повеќето од неговите следбеници мигрираа во Медина (град близу Мекка), заедно со него. Тие се вратија во Мекка како победници неколку години подоцна, на тој начин ова муџиза се оствари.
 
“И бараат побрзо од тебе за казната, но Аллах не ќе го изневери ветувањето свое. Еден ден кај Господарот твој е како илјада години кои вие ги броите.” (Ел Хаџџ, 22:47)

Ништо чудно Мухамед препишувајќи многу работи од Библијата, да го препишал и овој детал.

"Но едно не смее да ви биде непознато, возљубени: дека за Господ еден ден е како илјада години, и илјада години како еден ден."
(Второ послание на апостол Петар 3:8)

Ова е уште еден доказ дека Кyранот е само еден обичен ПЛАГИЈАТ на Библијата.
 
А што е попрво напишано Библијата или Куранот ?
 
Половина од Новиот Завет е напишан од луѓе кои никогаш не го сретнале Исус во својот живот. Павле без докази тврди дека го сретнал Исус на патот од Ерусалим кон Дамаск. Павле бил еден од најголемите непријатели на христијанството. Зошто христијаните Стариот Завет го сметаат за Божји збор кога ревизорите на Библијата кажуваат дека авторите на некои книги од Стариот Завет не се познати? Кажуваат дека писателот на Соломоновите книги не е познат. Како можеме да ги земаме евангелијата на Марко и Лука кога тие не го сретнале Исус во својот живот? Зошто католичката библија има 73 книги, додека протестантската има 66? Со разлог дека се работи за Божји збор, која Библија треба да ја земеме за веродостојна?
Сепак, ако сакаш да зборуваме за ова отвори нова тема да не ја упропастиме оваа.
 
Идолопоклониците на Мека му се обратиле на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., Мухаммед со зборовите: “Ако навистина си божји пратеник тогаш преполови ја месечината на два делови, ветувајќи му дека ќе станат приврзаници на неговата вера. Тоа се случило кога месечината била полна. Мухаммед с.а.в.с. го замолил својот Господар, Аллах џ.ш. да му го овозможи она што го бараат. И навистина, со Аллахова моќ, месечината се преполови по пола, една поливина на брдото Сафа, а другата половина на брдото Кајкаан наспроти него додека меѓу двете брда ја видоа планината Хира. Но наместо да поверуваат во тоа божјо знамение тие рекоа: “Мухаммед не маѓепса!!” Потоа си рекоа: “Ако нас не маѓепса не може сите луѓе да ги маѓепса!” Лутиот неверник Ебу Џехл рече: “Почекајте се додека не дојдат жителите од селата, па ако тие ни раскажат дека го виделе располувањето на месечината, тогаш тоа е вистина, а ако не, тогаш Мухаммед ги маѓепсал само нашите очи.” Кога жителите од селата дошле и ги известиле за располувањето на месечината, Ебу Џехл и идолопоклониците рекоа: “Ова е постојана магија!” Во тој контекст, Возвишениот Аллах ги објави следниве курански ајети:

“Часот се приближил, а Месечината се расцепи. А ако здогледаат знамение (појава како што беше располувањето на месечината) – тие вртат грб и зборуваат: “Ова е постојано маѓепство!” И лажат и страстите свои ги следат и секоја работа е утврдена. Да, им дојдоа кажувања да ги одвратат: мудрост дофатна, но, ете, опомената не вреди.” (Ел-Камер, 54:1-5)

Тука завршува овој настан кој се случил во времето на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. (Забележано во автентичните збирки на хадиси Бухари, Муслим и др.)

Натприродната појава со расцепување на Месечината по барање на Мухаммед а.с. во сегашно време научно е потврдена. Американцита при патувањето на месечината потрошија повеќе од 100 милјарди долари за испитувањето на нејзината површина. Тие ја истражувале внатрешната структура на Месечината за да дознаат колкава е сличноста со земјата, но дојдоа до една необична констатација, а тоа е појасот од разновидни камења кој ја расцепуваше месечината од нејзината површина па се до нејзината внатерешност. Тие информацци им беа понудени на на геолозите кои беа зачудени и констатираа дека не е можно да се случи тоа освен ако месечината некогаш била располовена и потоа дошло до спојување и тие трансформирани камења се резултат на силен удар при спојувањето. Возвишениот Аллах ги потчинил Американците да трошат милјарди долари за да им потврдат на муслиманите со сигурност дека овој настан е вистинит.
 
Какво расцепување на месечината бе се читаш ли што пишуваш? :pos2:
Никој не копал во внатрешноста на месечината. Нил Амстронг само земал неколку камчиња од месечината и толку. Да не мислиш дека булдужери однеле на месечината за да го проверат Kyранот? :pos2:

Внимавај што пишуваш, не те читаат само деца на форумов, чат пат налетува и некој возразен :)
 
А што е попрво напишано Библијата или Куранот ?

Кyранот дефинитивно.
Апостол Петар ја грабнал временската машина и одлетал во 7 век, ѕирнал во Кyранот и препишал од таму дека "еден ден за Бог се како илјада денови" и потоа се вратил во 1 век и го напишал тоа во своето послание :)
 
Кyранот дефинитивно.
Апостол Петар ја грабнал временската машина и одлетал во 7 век, ѕирнал во Кyранот и препишал од таму дека "еден ден за Бог се како илјада денови" и потоа се вратил во 1 век и го напишал тоа во своето послание :)

Не се однесувај цинички спрема другите религии! Ти да не си јеховин сведок? На таков ми изгледаш
 
Eve i od mene pridones na temata. Iako istoto go imav postirano vo druga tema, ke go postiram i vo ovaa, zosto se vklopuva vo nea.

"Nie go sozdadovme neboto ( univerzumot ) i Nie go sirime nego "

Izvadok od Koranot, potocno od sureto ( poglavjeto ) Dharijata, 47 ajet ( recenica).
Veruvam deka znaete koga e napisan Koranot, a istotaka veruvam deka i znaete koga od strana na naukata e utvrdeno toa t.e. deka univerzumot se siri.

Ova e uste eden od mnogute fakti koi ukazuvaat na toa deka Kuranot ne e napisan i izmislen od nekoj covek, komu mu teknalo onaka da lupa od glava stvari, tuku e Bozji zbor.
 
S.A vo pravo si ZAVISNIK deka mesecinata bila delena na dva dela, fakt e toa deka amerikancite trosele pari za toj eksperiment a drug dokaz e deka mesecinata bila delena na dva dela e kineskiot sid kaj sto pisuva i datum koga se slucilo sto se poklopuva so vremeto na mudjizeto na prorokot Muhamed s.a.v.s. Znaci imame tri dokazi kako prvo Koranot,amerikanskiot eksperiment i kineskiot sid ********************** DESHMOJ SE NUK KA ZOT TJETER PERVEC ALLAHUT DHE DESHMOJ SE MUHAMEDI S.A.V.S ESHTE ROB DHE I DERGUARI I TIJ**************
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom