Кур‘анот- со цитати!

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
S

Sagan

Гостин
Би Ве замолил, доколку некој има електронска верзија на Кур‘анот или линк на македонски, да пише за да имам пристап до текстот.
 
Кур‘ан- со цитати!

Сите сме сведоци дека се истакнува со особена гордост, дека насилството е забрането во Куранот. Она што се случува на Исток, се опишува како активност на одредени ‘‘фундаменталисти?‘‘ и екстремисти.

Да видиме, со ЦИТАТИ од Сурата, што вели Куранот?

-Во верата нема насилство, зошто патот вистински јасно се одделува од беспаќето. Оној кој верува во Аллах, го дофатил најцврстото јаже кое нема да се скине. Аллах се слуша и се знае! (Сура 2:256)
 
За да во 9:5:
-Кога ќе минат светите месеци, борете се против многубошците, каде било да ги најдете, заробувајте ги, опколувајте ги, чекајте ги во заседа од секаков вид. Ако се покајат и ако намаз направат и закат даваат, пуштете ги. Алаху акбар.

-Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и не го забрануваат она што Аллах го забрани и неговиот гласник на Земјата, и кои не ја застапуваат вистинската вера. Борете се се додека не дадат џизија со рацете. (Сура 9:29)

-О Мухамеде, поттикнувај ги верниците твои кон борба. Ако меѓу нас има десет трпеливи, ќе победат над двестотини, ако има сто трпеливи, ќе победат над илјада од оние кои не веруваат зошто тие се луѓе кои не сфаќаат. (Сура 8:65)

-Појдете во борба, и слаби и јаки и борете се на патот Аллахов со имотите и животите ваши. (Сура 9:41)

-О верници, борете се против неверниците кои се околу вас и нека кај вас наидат на цврстина. Зошто Аллах е со богобојазливите. (Сура 9:123)
 
-Борете се против нив, А АЛЛАХ ЌЕ ГИ КАЗНИ СО РАЦЕТЕ ВАШИ и ќе ги понижи... (Сура 9:14)

-Ако не појдете во борба, Аллах ќе ве казни со болка и ќе ве замени со друг народ... (Сура 9:39)

-Борете се против нив се додека постојат сплеткарството и додека верата Аллахова не биде сеприсутна...(Сура 8:39...

Не можам да читам повеќе... Колку повеќе читам, се повеќе се разочарувам. Ете што пееле оџите скопски по високите минариња на џамиите!
 
Иако сум свесен дека со овие автентични цитати, ќе се крене врева и ќе ми рипнат на ‘‘репутацијата‘‘, имам намера до крај да расчистам со содржината на Куранот. И на Библијата, исто така.

Зарем сте слепи и не гледате каде не водат овие две ‘‘свети‘‘ книги?
 
Ќе се изнапишеш. Колку повикувања на насилство и крв има и во стариот завет и во коранот, да се запраша човек од каде свети епитетот пред нив дошол.
 
Ви се наредува борба, која вас не ви е по волја. Не сакате нешто, а тоа може да е добро за вас. Сакате нешто, а тоа излегува лошо за вас. Аллах знае, а вие не! 2:216

Како може некој да си дозволи, некој си политички водач од седми век да го прави глупав и неук човекот од дваесет и први век?

Како може да падне толку ниско човекот, да создава омраза од ништо, од измислотина....?
 
Тој ден ќе ја смотаме небесата како што се смотува лист хартија за пишување. Како го создадовме светот, така ќе го уништиме. Тоа е ветување Наше, Ние сме навистина кадарни тоа да го сториме. (Ел-Енбија. 104).


Луксембург /24/05/ 13:04
Иран најверојатно ќе произведе нуклеарно оружје за три до осум години, доколку тргне по тој пат.

Ова денеска го изјави директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ) Мохамед Ел Барадеј...
 
Аллах, навистина, ги љуби оние кои се борат на Неговиот пат во редови како да се, токму, бедеми зацврстени!
- Сура Es-Saff 61:4

О верници, не напуштајте ги претпазливостите ваши, тргнете во мали дружини или тргнете во големи дружини... Па, нека се борат на Аллаховиот пат оние кои го продаваат овој свет за Ахирет. А на оној кој се бори на Аллаховиот пат, било да загине било да победи, Ние ќе му дадеме награда голема!
- Сура En-Nissa 4:71,74
 
Значи, од овие извадоци, се гледа дека на Аллах му треба штитење со човечка крв, борба против оној кој не верува во него, тој се плаши дека учењето ќе му пропадне, па создава механизми за казнување на ‘‘неверниците‘‘.

Ако е ова вистинскиот Бог, тогаш јас целосно се откажувам од него и од овој миг постанувам атеист!

Бог кој јас го познавам, не условува, не се заканува, тој ти дава слобода да избереш, притоа давајќи ти повеќе опции и учејќи те на љубов, ако не разбирање- барем почитување на различниот.

Учи да не се убива, да не се краде, лаже...

Учи да се сакаат другите како што се сакаме себе си, да помагаме на другите...
 
Борете се, борете се....можеби куранот сака да каже за борба не со оружје, туку борба да те убеди дека исламот е подобар од твојата религија? Можеби се мисли на таква борба....јас имам разговарано со еден оџа и ми го кажа ова и баш рече дека тоа што другите си го преведуваат куранот како сакаат е поради интереси а не дека водел кон насилство. А иначе и библијата треба да се чита меѓу редови што сака да каже. Не треба да се сваќа буквално како што е напишана.
 
ВМРО оди ти тоа кажи им го тоа на сите шиити.
 
Е тука е проблемот :pos:
 
ВМРО напиша:
Борете се, борете се....можеби куранот сака да каже за борба не со оружје, туку борба да те убеди дека исламот е подобар од твојата религија? Можеби се мисли на таква борба....јас имам разговарано со еден оџа и ми го кажа ова...

Ајде да речеме дека оџата бил во право и тоа да го докажеме со анализа на некое пеење од Куранот.

Да речеме, стиховите се метафорични, па едно пишува, друго се мисли:

-О Мухамеде, поттикнувај ги верниците твои кон борба. Ако меѓу нас има десет трпеливи, ќе победат над двестотини, ако има сто трпеливи, ќе победат над илјада од оние кои не веруваат зошто тие се луѓе кои не сфаќаат. (Сура 8:65)

О Мухамеде, поттикнувај ги верниците твои кон борба (поттикнувај ги верниците твои да се борат против своите маани). Ако меѓу нас има десет трпеливи (десет луѓе со доблести), ќе победат над двестотини (луѓе со маани), ако има сто трпеливи (луѓе со доблести), ќе победат над илјада (луѓе со маани), од оние кои не веруваат зошто тие се луѓе кои не сфаќаат.

Значи мааните се луѓе кои не сфаќаат, многубошци, со други зборови. ВМРО, како и да вртиш, пак си доаѓа на своето основната замисла. Што и да ти кажал оџата, или он згрешил од неинформираност или намерно не ти ја кажал вистината.
 
Shiite se Islamska sekta.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom