Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Почнаа да стигаат пратките, после 2 месеци и повеќе, само, почнаа да лажат овие Кинезиве, стално помали работи, поинакви, ова она... Ќе прекинам веќе да порачувам.
Од кај кинезиве можат едино да се купуваат некои ситници и џиџимиџирници, за се друго шо продавет е убо на слика дур не ти стигнит дома, ко ќе стигнит веќе е друга приказна.
 
Чекав 50 дена нешто од алиекспес на кое неам тракинг и вчера ми скурчи и отворив dispute.
Денес ми пишаја демек ако сакам да го затворам и да почекам уште 15 дена и ако не стигнит ќе ми вратат парите.

Незнам шо да прам пошо она заштитана или шо и да е времено шо течит ми истеквит за 10 дена ?

Почекај бар уште една недела, ако го нема и ако не ти го продолжи рокот, терај ја работата до крај :)
 
Од кај кинезиве можат едино да се купуваат некои ситници и џиџимиџирници, за се друго шо продавет е убо на слика дур не ти стигнит дома, ко ќе стигнит веќе е друга приказна.

Изгледа ќе треба да им бараме реални слики за некои поскапи работи, ако сакаш да ти го купам прати ми реална слика а не симнувани од интернет.
 
На ибеј го нема тоа.
Мора оригинална слика и комплетен опис на се што се огласува.

Вака веќе не оди,пратка по 40-60 денови да чекаш и да незнаеш дали ќе ја добиеш а по некое чудо ако ја добиеш ти наплаќаат високи давачки,затоа дај да се организираме и кај народен правобранител да се жалиме или да пробаме со јавувања и меилови да го бомбардираме
 
Изгледа ќе треба да им бараме реални слики за некои поскапи работи, ако сакаш да ти го купам прати ми реална слика а не симнувани од интернет.
Јас ги избегнувам, како шо кажа Фринџ гледам да најдам на ебеј, се друго од официјални страни или нивни застапници.
 
Чекав 50 дена нешто од алиекспес на кое неам тракинг и вчера ми скурчи и отворив dispute.
Денес ми пишаја демек ако сакам да го затворам и да почекам уште 15 дена и ако не стигнит ќе ми вратат парите.

Незнам шо да прам пошо она заштитана или шо и да е времено шо течит ми истеквит за 10 дена ?
Одамна немам пазарено на Али, најверојатно те дрибла. Ако го затвориш спорот ондак продавачот е чист, а ако не ти стигне производот најверојатно ќе останеш и без пари.

Ако веќе си чекал 50 дена кажи му дека ќе почекаш уште една недела, и ако не стигне да ти ги врати парите. Никако не го прекинувај спорот. Ако те зезне ќе треба да средуваш со техничката поддршка а тоа е многу замарање. Не дека вака не е али...
 
Mу кажав дека би почекал уште максимум 7 дена, спорот во тоа време да го затворам или да го држам отворен, пошо прв пат ми се дешават ова а и несакам да се замарам за 4 евра ?
 
Види вака, просто е, чим си отворил спор не го затворај во никој случај (освен ако не ти стигне пратката во меѓувреме), тој што ти рекол да почекаш уште една недела мислам дека автоматски се додава времето на спорот за уште една недела, кога ќе заврши тоа ако не си го затворил спорот ти тогаш ќе ти ги вратат парите. Сега пред 1 недела имав иста случка.
 
Mу кажав дека би почекал уште максимум 7 дена, спорот во тоа време да го затворам или да го држам отворен, пошо прв пат ми се дешават ова а и несакам да се замарам за 4 евра ?
Не го затварај во никој случај. Прво парите па после се затвора, никако обратно.

Ибеј многу поефикасно ги решава овие ситуации. Кај али е сеуште натегање.
 
Одамна немам пазарено на Али, најверојатно те дрибла. Ако го затвориш спорот ондак продавачот е чист, а ако не ти стигне производот најверојатно ќе останеш и без пари.

Ако веќе си чекал 50 дена кажи му дека ќе почекаш уште една недела, и ако не стигне да ти ги врати парите. Никако не го прекинувај спорот. Ако те зезне ќе треба да средуваш со техничката поддршка а тоа е многу замарање. Не дека вака не е али...
Да само на али експрес рокот е 60 дена од купувањето.
 
45 дена е на eBay
+на eBay му ги блокираат paypal акаунтите затоа и брзо се решаваат случаите.
На ибеј ако правиш малверзации те банираат 6 месеци
Не.
Два или три месеци пред нова година има измени во Ибеј и ПејПал полисата. Преку contact seller можеш да отвориш спор како I dont recive item ако не се поминати повеќе од 6 месеци. Тестирано е од мене не зборам на памет.
 
ЗДРАВО, релативно сум нов на форумов незнам дали прашувам на право место но доколку можете да ми помогнете. Купував од алиекспрес но ја откажав нарачката, од таму ми го прифатија откажувањето, но ми рекоа ако за 7 дена не ми се вратат парите да ја контактирам банката, дали некој друг имал ваков проблем, односно да не му стигнат парите назат па да морал да се расправа со банката ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom