Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе треба ли да плаќам царина и слични давачки за слушалки? Сакам да нарачам слушалки од АлиЕкспрес ама не знам дали ќе ми излезат ѓавол ипол.
За овие мислам.
Нарачај си слободно, гледам 16 евра плус 2 кома нешто ти пишува за достава, максиумум 20 евра. До 45 евра имаш фора :)
 
Во петокот ми стигна писмо од пошта скопје и ми бараат фактура за плаќање на производ оф Алиекспрес, се јавив денеска ,ме прашаа колку сум го платил производот , им кажав 27 долари и ми рекоа дека над 22 евра мора да се плати ДДВ......

Мајка, шајка, мадрфакр:drk:
 
Нема да треба царина да плаќаш за ова, само причекај и нарачај после нова година да не ти заглави некаде нарачката.[DOUBLEPOST=1450718157][/DOUBLEPOST]

Што точно нарача ако не е тајна? Јас и габаритни работи сум нарачувал како на пример ув лампа и не ми барале никакви додатни плаќања.
 
Нема да треба царина да плаќаш за ова, само причекај и нарачај после нова година да не ти заглави некаде нарачката
Зошто? Има шанси да се заебе сега за НГ? Баш сакав сега да нарачам, да ми стигне за роденден :([DOUBLEPOST=1450718458][/DOUBLEPOST]
Нарачај си слободно, гледам 16 евра плус 2 кома нешто ти пишува за достава, максиумум 20 евра. До 45 евра имаш фора :)
Не би требало ова повеќе од 20 евра да излезе, сакам да го нарачам сега таман за роденден(15 јануари) да ми стигне отприлика :D
 
Зошто? Има шанси да се заебе сега за НГ? Баш сакав сега да нарачам, да ми стигне за роденден :(
Обично ова време заглавуваат нарачки и никогаш не пристигаат.
За разлика од Јануари како луди пристигнуваат изгледа тогаш поштите се порастеретени.
 
Во петокот ми стигна писмо од пошта скопје и ми бараат фактура за плаќање на производ оф Алиекспрес, се јавив денеска ,ме прашаа колку сум го платил производот , им кажав 27 долари и ми рекоа дека над 22 евра мора да се плати ДДВ......

Мајка, шајка, мадрфакр:drk:
edna moja drugarka cesto naracuva od aliexpres ama nikogas ni carina ne platila ni takvi ddv.me cudi mene toa sto ti go rekle.
 
Обично ова време заглавуваат нарачки и никогаш не пристигаат.
За разлика од Јануари како луди пристигнуваат изгледа тогаш поштите се порастеретени.
Нарачав веќе, дека е на попуст сега, не знам кога пак ќе бидат. Ваљда не сум толку баксуз, плус имам ова бројче за следење и гаранција ако не стигне :D
 
Ќе стигне само може да подзакасни. Ја нарачав у сред кинеска нова година и поспоро дојде ама сепак дојде пред врата :D Нема ништо да ти пресметаат, уживај.
 
Нарачав веќе, дека е на попуст сега, не знам кога пак ќе бидат. Ваљда не сум толку баксуз, плус имам ова бројче за следење и гаранција ако не стигне :D
Обично поспоро доаѓаат нарачки во декември отколку во јануари. Како и да е се е среќа некогаш може да се изгубат па затоа постои тракинг број.
 
Нема да треба царина да плаќаш за ова, само причекај и нарачај после нова година да не ти заглави некаде нарачката.[DOUBLEPOST=1450718157][/DOUBLEPOST]
Што точно нарача ако не е тајна? Јас и габаритни работи сум нарачувал како на пример ув лампа и не ми барале никакви додатни плаќања.

Кожен појас за на грб, сличен како што користат кревачите на тегови. Му правев услуга на колега, а мислам дека има проблем со ишијас или со кревање на потешки работи, но сигурно не е билдер.

Од луѓе кои почесто порачуваат, од интернет, разбрав дека царината од цел хангар со пакети одбира ``одоко`` и неколку од нив или ги царини или ги заебава како мене. 27 долари се 23,7 евра или 1.7 евра изнад сумата на која кумот става давачки
 
Јас никогаш не сум платил данок од кинези дури процесор од 200$ сум нарачал и немало данок.

Единствено ако нарачувам од ЕУ земји ми зимале многу. Од Германија ракета за жмигавец за БМВ кое кошта 40 евра, данок 1500 денари ми земаа.
 
Ќе треба ли да плаќам царина и слични давачки за слушалки? Сакам да нарачам слушалки од АлиЕкспрес ама не знам дали ќе ми излезат ѓавол ипол. За овие мислам.

Утринава ги добив овие без никакви проблеми (за некое чудо) :D само после нова година како што ти рекоа.
 
Таман си е бе, не се брзам никаде :D
Добри се тие што ги зеде? Ја овие што ги нарачав што читав по интернет и гледав на YouTube ептен ги испофалија, за таа цена биле врв. Додуша и едно другарче има исти и ептен ги испофали исто.
 
Супер се барем сеа за сеа ги имам пола ден а ги купив по сугестија на youtube :D Е сеа нормално и таму имаше негативни коментари ама од професионалци не му се слушало она, ова подруго звукот му го извртувало... ја искрено ги земав за секојдневна употреба, ретко за гејминг, ме привлече дизајнот и оние ,,обичните" коментари дека се супер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom