Мешаш населби и локаџии, Кисела Вода која што е на 10 мин пешки од ПЛОШТАД не е исто со Јурија и Ново Лисиче, како што Ново Лисиче не е исто со Аеродром или Автокоманда.
Што се однесува до градбата тоа си во право тсарите градби се подобри од секој апсект.
На Кисела Вода мислев на оние многуте згради кај Мечкаров. Од таму до плоштад другар е 35 мин пешки. 10 е од Билна аптека. Еве и линк од гугла мапс, да не биде дека зборам на памет.
https://maps.google.com/maps?saddr=...h&dirflg=w&mra=ltm&z=14&lci=com.panoramio.all
Теши се, не знам од што само би живеел доколку изгубиш работа кога ќе зафати таа инфлација да ти можеш да си дремеш во станот гладен и јаден и тоа што ќе имаш стан без вода струја затоплување не ти е некој плус.
Апсурдно е да оправдуваш инвестиција во недвижност кога имаш 1000 примери дека се чист промашај.А и докажано е низ примери дека во инфлација поистплатливо е да живееш под кирија од колку да го поседуваш станот.Ако ништо повеќе можеш два месеци да си отседиш без пари и плаќање на било какви сметки па нек те тужи после дека не си му платил сметки и кирија
Ако сакаш со глава у ѕид, повели. Економската логика вика поинаку, прашај го Трамп зашто е еден од најбогатите луѓе во светот.
Ако инвестиција во недвижност за тебе е апсурд тогаш немаме повеќе за што да правиме муабет. Што не е апсурд? Кола? Технологија? Депозит у банка? Отварање бутик?
Тоа за седењето без да платиш сметки ќе те прашам кога ќе ти седнат на трансакциска извршители, па додека не ти земат се што должиш + нивната провизија шипак ќе видиш од пари.
Очигледен е кај тебе гневот кон луѓе кои поседуваат недвижнини и тоа се гледа низ твоите постови. Незнам зашто, како, но темава е не е вентил за испуштање на фрустрации туку за дискусија.
Тие згради што ги спомнуваш 30-40-50 години се на најдобри локации и се најбарани, ако си влегов во некоја таква наспроти некоја нова и барем малце се разбираш во тие работи - квалитет на градба, распоред и сл. ќе сфатиш зашто. Бубашвабите и глуфците секаде ги има и тоа е најмал проблем.
"Провинцијалците" кои ги спомнуваш се исто луѓе како и скопјаните, по ништо различни и иако сум роден скопјанец трета генерација навредливо е за некој да пишуваш провинцијалец, и тоа ми смета. Бидејќи и ти да отидеш во Солун, Белград си провинцијалец, па никој на глава не ти го качува истото. Луѓето од внатрешноста купуваат итекако станови во Скопје, така да твоите теории дека нејќат да ни дадат пари ти паѓаат во вода. Кој има пари, добредојден е да си купи. И на никого "не му даваат пари" туку купуваат трајно добро. Има разлика.
А за градењето на "15 минути од центар" сакам да те прашам зашто не градиш и зашто се замараш со темава, кога ете си ја нашол најдобрата варијанта? Само незнам каде е тоа 15мин од центар со кола каде може да се гради?
Стајковци/Трубарево/Колонија/Петровец/Катланово/Драчево/Сопиште/Ракотинци? Ако си растен во град што живот ќе тераш таму - бесилка. Ништо не се дешава по цел ден, само со комшиите ракии ќе маваш.
Детето кога ќе дојде време да оди со автобус секој ден во средно ќе те пцуе од јутра до сутра што по 1 саат на ден минимум тепа по автобуси за да стигне до школо, што значи дека сабајле ќе треба да станува најмалку 30 мин порано од неговите соученици (06:00) под услов да живеете на самата автобуска и да има баш тогаш автобус за накај центар, ако не, и порано од 06:00 ќе треба да станува, а тоа во зима не верувам дека е баш најпријатно. Истото и за факултет. Да не зборам кога ќе треба да се враќа касно навечер дома, или со последниот автобус ( во зависност од тоа каде ќе живееш последниот автобус може да биде и 22:00) или недајБоже со такси, или ти/жена ти ќе треба да палите кола и да го зимате, или најглупа варијанта да преспие кај другарче бидејќи ќе заглави.
Или да те прашам како ќе идеш до центар/Градски парк да "протегнеш нозе"? Со кола? 15 мин х 2 = 30 мин во кола + бензин + паркирање?
Парите што ќе ги заштедиш на куќата на долг рок ќе ги дадеш на превоз, било јавен било која. Пошто со бицикл нема шанси да идеш секој ден до центар, пешки уште помалце бидејќи 15 минути со кола се 45-60 минути со бицикл или 90-180 пешки. Тогаш ќе сфатиш дека си направил огромна грешка, и ќе имаш притисок од дома да ја шитнеш куќата за ефтини пари и да купиш стан во Скопје (немора да е центар, еве Кисела Вода). Ама тогаш цените ќе бидат повисоки од сегашните и со тие пари што можеби ќе ги извадиш од продажбата на куќата ќе купиш помал стан него што си можел да купиш кога си ја градел куќата.
Епа попросто од ова неможев.