Купив желка....што да правам сега?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Уште од детството обожавам разни животинки , а и старите цртани филмови ми беа омилени – Но, пред неколку месеци изгледав еден документарец за желките и ми се створи желба да купам една. Купив. Забавно животинче Полза од неа никаква, но и штета исто така -нема :pos: Ноооооооо.подобро да си купев риби-аквариумски . Ова животно пола година убаво ме раздрма – не само што желкава е тромава, таа е и коматозна бре , дури и под нозе ти се плетка постојано.
И по ноќите не спие. Се шмуга, се пика по ќошињата , шушка постојано, или пак јааааде без престанок.Под спалната изгледа и е најудобно , но кога сум преморен и сакам убаво да се одморам- таа ми пречи , ми иде да станам и да го барам тој булдожер од под лежајот .

02.gif


Ако случајно пак од било која причина си станал дали до тоалет, дали чисто онака – таа животинка може доколку си забораил на неа –убаво да те извади од памет , да се сопнеш од неа или недај бог па и да паднеш незгодно, од страв да не ја згмечиш .
Мојава млада дама сеуште се плаши, не се навикна на неа и за да го означам животинчево навечер и залепив на грбот од „оклопот„ една батериска лампа со диоди и сега навечер под лежајот кај мене е ко да шета Луноход по месечината во сина боја .
мало објаснување за оние кои незнаат што е тоа луноход https://encrypted-tbn0.gstatic.com/...sbTtv5cKYDg6pmekX6EajBWqsKiJTJNgvA-4M8Z6GXHeg

Сега стана малку поспокојно- се’ и е видно , се навикна и таа и ко да се поднаучи да оди откако и ги прицврстив малите тркалца на сите четири( своевиден желкин скирол) – а навечер посебно се забавува скотче едно , дури и гостите понекојпат може да ги исплаши кога ќе им се појави неочекувано на тркалцата со запалениот фар на грбот (оклопот)
1380694742_1955937905.gif

Пред недела две беше одличен ден- топол и решивме да излеземе малку на природа – па ја зедовме и неа. Додека јадевме и пијуцкавме таа некаде фатила џаде по тревата и зеленилото .Ја баравме, ја нема, на звуци не се одѕива , ама се врати некако самата назад и за да не ја изгубиме пак на грбот и залепив знаме од Мекдоналдс , па колку и да се расшетува со знамето на грбот оддалеку ја гледам каде е :ROFLMAO:
 
леле нема полза ама нема ни штета :pos: :pos::pos: :pos: :pos::pos:

да пукниш, ме пресмеа
 
Брат не заебавај, ко че се помоча е да фатиш да си пукаш во глава!
Е вака...
images
 
Да не се секираш за наследство,има што да оставиш.Но по 2 века ќе има трзавици.
Е сега како ќе одлучи судот тогаш на кој му припадне станот во Кисекла вода,коријата,
викендицата во Катланово,сметките во банка, а и ова желчево за кое ќе има макотрпно натегање од наследниците застапени од најдобрите светски адвокати.Тогаш ќе биде тоа и топ тема во сите медиуми, а на крај поради несоглласувања и неодлучност,ќе се замеша и Салзбург,па желчето ќе оди на лецитација и парите ќе се поделат подеднакво.
 
:pos::pos::pos:

Oзбилно си и стаил тркалца?? :D
не само тоа, знаеш сега еден стар мобилен има на грб да и залепам со оној рингтон од нинџа - желките, па да видиме дали ќе успее да се сокрие некаде или па да се изгуби
Или уште подобро -дајте предлог рингтон асален - препознатлив( ко за оваа тромавава)
 
не само тоа, знаеш сега еден стар мобилен има на грб да и залепам со оној рингтон од нинџа - желките, па да видиме дали ќе успее да се сокрие некаде или па да се изгуби
Или уште подобро -дајте предлог рингтон асален - препознатлив( ко за оваа тромавава)



И замислија искача од позади врата со американско знаме на грб, таква успорена. :D
 
чекаааај бе ти, каааааааде ...........:pos::pos::pos:
--- надополнето: 14 февруари 2014 во 21:12 ---
Да не се секираш за наследство,има што да оставиш.Но по 2 века ќе има трзавици.
.
:pos:
не бе Анчо, прашав што понатака- дали да ја пуштам на слобода, дали ќе преживее или што - супа не ми се јаде од неа
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom