Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Првичната улога на кумот не е како што се мисли вообичаено да се искористи за именување на младенчето,туку на прво место има духовна димензија.
Колку што ми е мене познато(од православната традиција)кумовите биле оние кои ги насочувале уште од мали,единките во основите на Христијанската вера и се грижеле за нивниот духовен раст(покрај улогата на родителите).Се водело сметка кумот да биде духовно зрела личност.Затоа останала и толкавата почит према кумството до ден денес,но за жал сега од некои други причини.
Сега ова што се прави нема врска со првичната намена,можеш да викнеш човек онака ради реда,од Гренланд нпр.,привремено колку да се истера адетот и да има кој да му даде име на детето,после тоа дали ќе го види во живот некогаш прашање е..
Основната намена на кумството е благородна,и ја почитувам,а одлуката на црквата донекаде е логична(не велам разумна или правилна или Библиска)ама не може според црковни правила да се даде таква чест на "некрстeн"(тоа значи атеист или нерешителен или потенцијален верник) и притоа да ја оправда основната улога на кумот во животот на детето & семејството.
Инаку директно да одговорам на прашањето на авторот:нема никакви податоци од Библијата за кумство,таа е најверојатно превземена и модифицирана од улогата на духовниот ментор кој се спомнува низ страниците на Новиот Завет.
Да прашам нешто. Што ако одбиеш некој кој те кани за кум? Повеќе е ради ред канењето отколку поради почит, другарство итн итн. Мислење?
Не сум близок со човекот. Ме кани колку да заврши работа. Од немајкаде. Не сакам да се врзувам за цел живот бидејќи не сме блиски. И сеа?Кумството може да се пренесува и генерациски, исто како што може да се прифати за прв пат.
Одбивањето да се биде кум, треба да има издржано оправдување.
Не сум близок со човекот. Ме кани колку да заврши работа. Од немајкаде. Не сакам да се врзувам за цел живот бидејќи не сме блиски. И сеа?
sent from my Nokia 8210
А зар мислиш дека и овие таканаречени кумови и младенци,некој од нив верува.Тоа е само чисто лицемерие,и глумење пред народот.Па не може муслиман да оди да венчава во црква кога ке треба да се прекрстува неколку пати,да се поклонува и прекрсти на икона ,да веруваш во симболиката на виното на погачата на молитвите...значи треба да веруваш во тие работи како инаку