Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Пошто не глеам дека има некоја посебна тема а оваа е и најактивна тема па тука ќе прашам :D Во кои пет шопови има добри поводници? Ми треба поводник што ќе го издржи "магарево" мое (околу 35кг тежи :D ) стариот беше добар ама го подгриза како мало па сеа ми е страв да не направи беља кога ќе потегне при шетање. :D
 
Види во Фауна, знам таму има прилично добар избор на поводници ... барем имаше ... на времето кога купував храна од Пет Шоповите ... се додека не почнав да си набавувам Брит од кај увозникот :D

Не се сеќавам последен пат кога сум стапнала во Пет Шоп, и не ни планирам да стапнам со тие нивни цени качени до небо.

Уствари се сеќавам :D последен пат кога стапнав во Пет Шоп беше денот кога дадов отказ од Пет Шопот во кој што работев :pos:
 
Хахах па и јас :D пет шопов во Драчево што ни е имал до сега се што ми затребало (освен убави поводници :D) па затоа не шетам низ Центар по шоповите...
 
Хахах па и јас :D пет шопов во Драчево што ни е имал до сега се што ми затребало (освен убави поводници :D) па затоа не шетам низ Центар по шоповите...
Во населбата во Драчево во дуќанот за алати има силни поводници. До вратата се. Не знам дали има уште од оние дебелите во плетенка што се (јас купив таков од пред 6-7 месеци и уште е жив, ма и повеќе од жив), но можеш да провериш. Купив и ланец со кожна алка, но алката веднаш се скина. Исто од флекси поводникот ми издржа многу, истрескан од земја 100 пати и супер е, не се десило да се укочи копчето за заклучување.

Али тој од дуќанот за алати, бога ми за слонови водење е. Колку што памтам 300 денари го платив.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Аууу луѓе што сум нашла на нет случајно ... ова МОРА секој сопстеник на куче да го прочита и да го знае ... прекрасно објаснето, со одлични илустрации, одлично доловени сите емотивни состојби на кучињата изразени преку говорот на телото (y)

ЛИНК

Сега ќе отворам и тема за ова, бидејќи тука ќе се изгуби низ страниве, а е премногу корисно и предобро објаснето.
 
Во населбата во Драчево во дуќанот за алати има силни поводници. До вратата се. Не знам дали има уште од оние дебелите во плетенка што се (јас купив таков од пред 6-7 месеци и уште е жив, ма и повеќе од жив), но можеш да провериш. Купив и ланец со кожна алка, но алката веднаш се скина. Исто од флекси поводникот ми издржа многу, истрескан од земја 100 пати и супер е, не се десило да се укочи копчето за заклучување.

Али тој од дуќанот за алати, бога ми за слонови водење е. Колку што памтам 300 денари го платив.
Јас ваков моментално ваков имам, супер е чим малку подизгризан успева да го издржи Оли со таа килажа и снага :D и се мислам дали пак да купам...601951_103748723147065_896220465_n.jpg
 
Јас ваков моментално ваков имам, супер е чим малку подизгризан успева да го издржи Оли со таа килажа и снага :D и се мислам дали пак да купам...Прегледај го приврзокот 124898
Јас буквално секој месец менував поводници. Прв ни беше од џамбо, 3 метарски на издолжување. Се скрши, па земавме комплет најлонски поводник, градник и ланче што од внатрешната страна имаат сунѓер. Само градникот сега е за употреба, поводникот партал го направи и го фрливме... Потоа земавме уште еден на издолжување, но овој 7 метри беше. Се скрши... После од најкратките со федер земавме, наводно најквалитетен бил, дали 3 недели потраа. Го земавме овој за слонови и држи супер, ама тежок е, па не ни беше многу често во употреба. На крај нарачавме Флекси од најблискиот пет шоп и најмногу го користиме за прошетки.

Овој сега што го имаш од каде го зема и колку? Барам и јас некој лесен, а издржлив поводник.
 
Кога се научи Оли на поводник да оди и откако го внесов во ред за шетање, пред да стигнеме дома секоја вечер го фаќаше поводникот во уста и тегне накај дома... некое време така и го прегриза... иначе уште ќе си го користев без проблем. :D
Хмм, па од пет шопот во Три Бисери околу 550 денари колку што се сеќавам, ама сега ако купувам ќе нарачам од тука https://www.facebook.com/oprema.kucinja?fref=ts има интересни работи провери. :)
 
Хмм... нели работата беше во тоа кучето да се научи воопшто да не го влече поводникот?

;)
 
Воглавном да, + лабрадор е и ретко кој лабрадор не влече (освен тие што биле на тренинг) али мојов не бил и на почеток додека не изврши потреби влече како коњ, после тоа како маче да шетам... е сега работата е што е и многу дружељубив па сака со секое можно куче да игра и влече накај нив секогаш :)
 
Луѓе ве молам за помош и совет, т.е каде да се обратам. Имено живеам во околина со тешки простаци. Мојот комшија што живее на приземје земал да чува германски овчар, ама не го чува внатре во станот, туку пред балкон, т.е врзано за балкон. Да буквално таму кучето живее врзано за балкон на јавна површина која не е негова сопственост, него на сите станари, ама човекот очигледно си ја има присвоено како своја приватна сопственост и мисли дека може да прави што сака. Понекогаш го мрзи да го шета па го само го одврзува и кучето си шета само околу зграда. Кучето не е агресивно, ама не знам вие како би се чуствувале германски овчар сам да ви се шета пред влез. Има ли некоја институција каде што може да пријавам дека човекот наместо дома, чува миленик на јавна површина која им припаѓа на сите станари на зградата. Нешто ко она ако правиш ајвар пред зграда следува казна, само туку не е ајвар туку куче. Оние инспекциите што казнуваат за неставање маска и поводник на кучиња имаат ли надлежност за вакви случаи? Има ли некој закон што го регулира чувањето на миленици?Каде да се обратам? Немам јас ништо против него и кучето, сакам животни ама веќе ако толку сака да чува, него го земе и нека го чува ВНАТРЕ. Така подобро и за луѓето и за кучето.
 
Дајте некој совет околу жештиниве и отечени тестиси кај куче како резултат на истите. Еве го приметив кучево втор ден малку ко подзголемени му се. Весело е се, трчка игра, јачина има, но овие малку се подотечени. Се слушнав со братучед ми кој не е во градов, ми вика се дешава нештово, ако било убод од оса/пчела вика поинаку ќе ти реагира, нема да му се игра, па ме посоветува со ладна вода одвреме навреме да ги попрскувам. Утре ќе го прегледа подетално.

Некој да не има слично искуство да сподели :) Ви благодарам.
 
Здраво на сите,

Сакам да купам женски,бел германски боксер со педигре од добра одгледувачница, ме интересира колку пари ќе ме кошта(доколку имате предлог од каде можам да купам,ве молам предложете). Дали е препорачливо и возможно боксерот да се чува во стан ? Каков вид на дресура е потребна за боксерот ? Колкаво внимание му е потребно ? Секоја дополнителна информација е добредојдена.

Поздрав.
 
Белиот боксер според стандард не е посакувана боја, така да ретко кој одгледува за да добие бели, но кај одгледувачите се случува во легло да се роди мало доколку еден од родителите има белини(ова од одгледувач сум го чула). Во Македонија мислам дека Митко Илкановски(boxers von Mitke) од Битола има моментално легло и мислам дека дека имаше едно бело кутре така да него контактирај го. Колку ќе те кошта зависи од крвната линија. Боксерот може да се чува во стан но е многу, многу, премногу активна раса. Како во струја да е уклучен и бара долги и редовни прошетки, во спротивно како и секое неизморено куче ќе направи поблеми. Раса која е доста проблематична во поглед на здравјето, поим за предиспонираност за сите тумори што можат да се јават во подоцнежните години. Кај нас немам видено кучиња кои доживеале доста длабока старост, но настрана видов и доста стари кучиња кои воопшто не наликуваат на годините што ги имаа. Среќно
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom