Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
фала ви и на двајцата за одговорите,ме интересира попат и со каква храна да го ранам.дали е добро да јаде варен ориз да речеме,пилешки коски или некои други,морковот зошто е добар бидејќи прееска ми препорачаа морков да сум му давал и по некое јаболко или круша??
дајте ми повеќе информации ако не ви е мака :)

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk

Морков е добар зашто е одличен извор на витамини исто како и јаболко, круша, банана, портокал, лимон нормално ако сака да ги јаде овие работи. Варен ориз е убаво да јаде ама неможе само ориз, ќе треба оброците да му ги надополнуваш и со месо + зеленчук и овошје. Нормално тука имаш и дехидрат кои треба да ги има сите овие состојки во себе веќе вклучени, кога бираш дехидрат нормално дека има некои кои се издвојуваат ама цената не е мерило за тоа колку е добар. Плус и да му го даваш најдорбиот може едноставно да не одговара за твојот миленик и тој да не го сака, затоа ќе си најдеш некој што ќе ти дава задоволителни резултати судејки по миленикот не по тоа што го навел производителот.
Коски пилешки никако, истото важи и за свински коски како и за свинско месо. Од коски можеш само телешки, малку подварени немој да ги вариш со саати.

Ај и јас да поставам пак прашање...каде да најдам добро легло на Бигл,а да не треба да се јавувам у београду или у загреб ? некако многу замарање ми е тоа,башка ако те заебе нема назад...исконтактирав со купимиленик и ми кажаа дека по 450 евра ги продавале што мислам дека е многу,ги набавувале од Србија/Хрватска/Словенија,ќе ми покажеле слики да одберам,ги давале со фулл документација и вакцини и ревакцини.

Како можам да проценам од слика дали е ОК кутрето ? пошто ми е прво куче што ќе го чуваме дома,сакам да биде здраво и весело и убав примерок,нема да ми биде за изложби ама ипак сакам да е лепотан :D

Веќе ти кажаа дека е најдобро да контактираш директно со одгледувачот а не преку посредник ама ако немаш намера да го правиш тоа тогаш ќе мораш да се задоволиш со сликите само. Иако од нив нема ништо да оцениш. Инаку цената е таа можеби едно 50 евра поефтино да ти искочи ако го избегнеш посредникот. Ретка раса се во мкд и тешко е да најдеш легло.
 
Ај и јас да поставам пак прашање...каде да најдам добро легло на Бигл,а да не треба да се јавувам у београду или у загреб ? некако многу замарање ми е тоа,башка ако те заебе нема назад...исконтактирав со купимиленик и ми кажаа дека по 450 евра ги продавале што мислам дека е многу,ги набавувале од Србија/Хрватска/Словенија,ќе ми покажеле слики да одберам,ги давале со фулл документација и вакцини и ревакцини.

Како можам да проценам од слика дали е ОК кутрето ? пошто ми е прво куче што ќе го чуваме дома,сакам да биде здраво и весело и убав примерок,нема да ми биде за изложби ама ипак сакам да е лепотан :D
Од слика никако неможеш да видиш дали е ОК кечето. Јас би те советувала да контактираш со одгледувач директно , а не преку препродавачи.Јас од лично искуство ти кашувам, одгледувачот на моето куче е многу фер човек и многу ми помогна во врска со информации за расата и начин на дресирање.Како и доколку сам си побараш можеш да го најдеш за поевтини пари одколку што ти го нудат, мораш малку да се позамараш бидејќи ако оставиш на друг никогаш нема да го добиеш најдоброто.
Пред да го земам јас кучето мислам дека пратив 100 меилови, се јавив кај намалце 5 одгледувачи за на крај да најдам куче кое има феноменално педигре и беше пристојна цена за расата.
 
Е сега,пошто релативно нова идеа ни е да земеме ваква раса на куче,претходно ептен читав за питче,и имав земено,го чував некоја недела но поради х причини го дадов.Фатив да читам по опширно,и ме фати страв за лаењето и завивањето...не знам дали е стварно со секое куче така,односно знам дека секое куче е различно но сепак си има основни карактеристики,ако е стварно така,тогаш тоа ќе биде голем проблем пошто сум во зграда...за активност не ми е проблем,и јас сум активен тип,поради тоа барам и такво куче...и читав нешто дека многу мирисале бидејќи биле не ми текнува сеа точно на изразот,но дека не биле за луѓе кои се алергични на кучиња...некој да ми објасни по детално ? кутрето ми се свиѓа ептен на изглед,па и карактеристиките ми се свиѓаат,но овие две работи ми бодат очи...иако јас највеќе би земал стафордче ама дома се противат,едвај го земав и тој пит пред 3 години...
 
Еве ти видео , доколку разбираш англиски се ке ти се разјасни мнофу убаво е објаснето :)
 
Првото што го направив беше тоа :) ама ме интересираат и други мислења и дали е стварно така...немам некој другар/ка која има вакво кутре,ама знам у маало 2-3 луѓе кои имаат и ги чуваат во стан...
 
Првото што го направив беше тоа :) ама ме интересираат и други мислења и дали е стварно така...немам некој другар/ка која има вакво кутре,ама знам у маало 2-3 луѓе кои имаат и ги чуваат во стан...
Секое куче е онакво какво што ќе го издресираш. МОЖЕ да се издресира да лае само на команда, а ако сакаш повеќе инфо прашај ги тие што чуваат во мало да ти кажат или некој на форумов што чува бигл, зашто јас чувам куче кое не пушта глас(Shiba Inu) :angel:
 
ее да имам двор...сигурно друго куче би одбрал.Сега се решивме за ова пошто пред се е мило на изглед,пошто моиве се анти кучиња,односно едноставно не се љубители како мене,дека е со кратко влакно,ама ете проблем...знам дека секое си е свое,ама некако ова со лаењето односно завивањето ми е природно и нешто што си го носи расата со себе,стварно не знам како би се издресирало да не завива додека,пример,ние сме излезени,пошто читав дека кога се осамени го прават најчесто тоа.Додека е мало нормално нема да седи долго само,ама некад ќе се деси да остане нели...

дај препорачајте друга раса колку да имам на ум,да е лесна за одржување,за влакното мислам,идеална за стан,и да е активна раса..се мислев и за бул догче,ама прочитав дека не трпат баш напор,а јас сакам да трчам со него,да се качувам на водно,да е нон стоп со мене и слично...според мене најдобро би било стафордче, АМА...:D
 
биглoт кај мене вo зграда НЕ ПРЕСТАНА да лае 2 гoдини 24/7, сеа нештo гo нема , или некакo за чудo престана да лае или веќе не у станoт :D и oд србија пoклoн бил...
 
ее да имам двор...сигурно друго куче би одбрал.Сега се решивме за ова пошто пред се е мило на изглед,пошто моиве се анти кучиња,односно едноставно не се љубители како мене,дека е со кратко влакно,ама ете проблем...знам дека секое си е свое,ама некако ова со лаењето односно завивањето ми е природно и нешто што си го носи расата со себе,стварно не знам како би се издресирало да не завива додека,пример,ние сме излезени,пошто читав дека кога се осамени го прават најчесто тоа.Додека е мало нормално нема да седи долго само,ама некад ќе се деси да остане нели...

дај препорачајте друга раса колку да имам на ум,да е лесна за одржување,за влакното мислам,идеална за стан,и да е активна раса..се мислев и за бул догче,ама прочитав дека не трпат баш напор,а јас сакам да трчам со него,да се качувам на водно,да е нон стоп со мене и слично...според мене најдобро би било стафордче, АМА...:D
Па зашто и јас сум во стан сакав мало куче ама не многу мало, и мојата листа беше
1.Шиба ину(ретка раса)
2.Басенџи(многу ретка раса)
3.Шетландски овчар
Сите се мали, но ретки раси, сите се активни раси, и лесни за одржување, освен шетландскиот овчар, најважно се мали кучиња идеални за стан(единствена мана е тоа што малце ги има)
А пак сега ако сакаш многу активно(хиперактивно):brlav: куче би ти препорачала Jack Russel Terrier има кај нас легла :)
 
дај препорачајте друга раса колку да имам на ум,да е лесна за одржување,за влакното мислам,идеална за стан,и да е активна раса..се мислев и за бул догче,ама прочитав дека не трпат баш напор,а јас сакам да трчам со него,да се качувам на водно,да е нон стоп со мене и слично...според мене најдобро би било стафордче, АМА...:D
Види и шнауцер, активни се да ама не се хиперактивни како Џек раселот. Плус нема да најдеш 1 влакно дома ама па затоа ќе си одиш редовно за шишање. Имаш и мали и големи, а и се премногу тивки искрено незнам ни дали знаат да пуштат глас.

Еве ти и предлог од мене самојед не предизвикува алергија, не мириса на куче, активен е и тоа доста, ама пријател има убаво да се испотиш чешлајки го :)
Иначе за влакна по дома не се плаши да ќе имаш често ама па имаат мн меко влакно и премногу лесно се чисти од било што.
 
sakam da si kupam kuce od rasata mops i davam najmnogu do 250 evra ako prodava nekoj da me iskontaktira
 
Подарувам Куче Питбул.

Не е мое кучето, на една будала е... Пред некое време отиде во притвор и со сигурност ќе отиде во Затвор и сега кучето нема кој да му дава јадење и нема кој да го чува, му имам дадене неколку пати јадење и вчера отидов кај него на вилата и му дадов јадење и доста сакаше да си игра(не беше агресивно и многу е мирно, ИЧ НЕ ЛАЕ)

Типот(сопственикот на кучето) го има неколку месеци(ми кажа дека го купил, можно е да лаже) и не го третира добро, го држи врзано и тоа на минус температура да смрзнува и многу малку му дава јадење. Досега ниту име не му дал ниту му обрнал доволно внимание.

Кучето мислам дека е старо 1-2 години(незнам точно)

Доколку има некој што е во состојба да го чува(јас немам време) тогаш би му бил благодарен затоа што кучето доста внимание заслужува и многу е паметен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom