Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам да ви кажам право еве мојот германец 2 месеци е веќе на синџирче се научи да оди и уште неколку важни команди за контрола ги научи но со тек на времето планирам да го научам на овие работи да не се фрла на кучиња или пак на луѓе така да сега за сега мислам дека го имам под контрола па којзнае понатака како ќе е :D
 
Ве молам да ми кажете дали кученцата од линков се лабрадори или се мешанчиња.

https://www.facebook.com/video.php?v=764361793630789

Лабрадори се :) А бидејќи сакаш милениче, ова ти е супер шанса да си земеш едно од овие! И нема да згрешиш во изборот:);) Јас сега земав мало лабрадорче од @SaltNPepa и баш ни е интересно по дома, бебе е од 2.5 месеци :D[DOUBLEPOST=1415301783][/DOUBLEPOST]Еве ти линк од таткото на кутрињата (мада малку го има, детето што збори го чува лабрадорот :) ) https://www.youtube.com/watch?v=NI37uRgWZ74 @Riki111
 
AleksandarC а тоа што имаат на градите бело? Нели треба да бидат еднобојни без никакви шари. Јас како да гледам скоро на сите бели линии на градите.
 
Дечки молам за итна помош на кучето му има застанато мала коска на грлото и диши тешко не јади и не пие цел ден...како да се реши проблемот итно благодарам !
 
AleksandarC а тоа што имаат на градите бело? Нели треба да бидат еднобојни без никакви шари. Јас како да гледам скоро на сите бели линии на градите.

Тоа што имаат бело на градите не ги прави лингури! Дозволено е да има бело на градите (кај изложбените не е препорачливо да имаат). Јас во комшии имав еден црн лабрадор со бело на градите, преубав беше, прав карактерен лабрадор... желен за игра :) Намерно ја фрлаше топката низ ограда за да му ја вратат и да трча да им ја донесе пак. :pos:

Ама како што би се рекло, колку пари - толку музика:D Ако си спремен да платиш, имаш голем избор од 50 Евра па нагоре:)[DOUBLEPOST=1415308359][/DOUBLEPOST]
Дечки молам за итна помош на кучето му има застанато мала коска на грлото и диши тешко не јади и не пие цел ден...како да се реши проблемот итно благодарам !

Брзо на ветеринар! Ако чекаш одговор на форум за што да правиш може да биде кобно за кутрето... :(

@SaltNPepa дај брз совет
 
Тоа што имаат бело на градите не ги прави лингури! Дозволено е да има бело на градите (кај изложбените не е препорачливо да имаат). Јас во комшии имав еден црн лабрадор со бело на градите, преубав беше, прав карактерен лабрадор... желен за игра :) Намерно ја фрлаше топката низ ограда за да му ја вратат и да трча да им ја донесе пак. :pos:

Ама како што би се рекло, колку пари - толку музика:D Ако си спремен да платиш, имаш голем избор од 50 Евра па нагоре:)[DOUBLEPOST=1415308359][/DOUBLEPOST]

Брзо на ветеринар! Ако чекаш одговор на форум за што да правиш може да биде кобно за кутрето... :(

@SaltNPepa дај брз совет
Се слушнав со човекот, немаат педигре што значи дека не знаеме дали е 100% лабрадор;). А што ако повлече на другата страна (по претпоставка дека не е лабрадор). А за таква игра секој ден гледам еден доберман во паркот карши мене (кај авиончето во Ново Лисиче) како ја враќа топката:cuc:. Играта не е гаранција дека е лабрадор. Сепак сакам да биде чистокрвен примерок.
 
Точно играта не е гаранција дека е чистокрвен примерок, ама и педигрето не е да си го имаш тоа на ум (зборам за македонија каде буквално се е можно)
 
Епа чим сакаш чистокрвен лабрадор и со педигре, можеш да си го контактираш чичко Јован (Јован Петровски Мак Спотс Лабрадори-Битола) и да збориш со него за кутре. :) Он ќе има 2 легла во скоро време, има прекрасни лабрадори можеш да ги видиш кај него на Facebook (y)[DOUBLEPOST=1415312506][/DOUBLEPOST]
Точно играта не е гаранција дека е чистокрвен примерок, ама и педигрето не е да си го имаш тоа на ум (зборам за македонија каде буквално се е можно)

Потполно се сложувам со тебе! Се повеќе се злоупотребуваат педигреата, се продаваат по огласи.. не само кај нас, истата ситуација е и во Србија, а сигурно и по другите земји. Многу купувачи или добиле лажно педигре од т.н. одгледувачи... или воопшто и не го добиле :cautious::mad:
 
Во право се и двајцата за педигрето бидејки и јас видов на реклама5 дека еден продава педигре(y). Меѓутоа, мислам дека процентот на измама е многу помал ако имаат педигре. А за чичко Јован дајте контакт (тел. број или веб сајт).
 
еее а мене еден пријател во група за одгледувачи на самојед ме убедуваше дека нема ништо лошо во тоа што он сакал да купи педигре од друго куче. Дури и потенцирам „Сакам бе моето куче да има педигре и можеш да направиш нешто околу тоа“. За жал во право е неможам да направам ништо јас ама можел да направи татко му наместо да штеди на материјал па така без мозок да му е детето.

Него забегав од темава ајде назад @SaltNPepa има одлични примероци ама дали има уште слободни кученца нека си каже сама. Друго треба да расчистиш дали го зимаш кучето да ти биде миленик или го зимаш за да одиш по изложби. Ако ти е за по изложби тогаш да барај од оние што се врвни одгледувачници со име во мкд ама не очекувај ништо пониско од 300 евра (за ретривери имаше одгледувачница во волково доста добри легла имаат ама не ми текнува на името сега). А ако ти е за твоја душа и миленик тогаш можеп да земеш и од некој што случајно ете има легло (добро не е случајно, ама не ги одгледува кучињата само за тоа) така ќе заштедиш доста па ќе купиш други работи за дечињата првенствено, а и за кученцето сепак првите неколку месеци се најскапи. Ако не ти е за на изложби можеш и слободно да го земеш без педигре ништо не ти менува. Поготово ми се допаднаа оние кафените лабрадорчиња на сликата :)
 
За кутрето со коска, зависи кај е што е како е, ако можеш да ја извадиш без да те повреди кучето и без ти него да го повредиш брцкај вади ја. Ако не на ветеринар, ќе го седираат и ќе ја извадат.

Условно кажано, педигрето е едиствен доказ за чистокрвноста на кучето, но за жал со продажбата и не е. Ма да, кој сака да испитува родители, има тестови за тоа, ќе си плати во Германија :D Белината на лабрадорите е дозволена до неколку цм, но не е препорачана. Се пренесува на поколение. Доколку сакаш и прав лабрадор биди спремен и да платиш, на новата тема за одгледувачниците накратко објаснив зошто е тоа така.
 
Ок дечки, ако сакате да ме упатите кај да прочитам како одприлика да препознаам кученце со умерен карактер во леглото и да ми кажете колкава разликата во темпераментот помеѓу машко и женско кутре.
 
Ок дечки, ако сакате да ме упатите кај да прочитам како одприлика да препознаам кученце со умерен карактер во леглото и да ми кажете колкава разликата во темпераментот помеѓу машко и женско кутре.

За прочитување нека те упатат по-стручните:) А иначе во леглото скоро секое кутре си е посебна приказна. Најчесто женките знаат да бидат џамбази па ќе се смират, и секогаш едно е најгласно, најтемпераментно итн. :D Најубаво одгледувачот може да ти каже кое кутре какво е по темперамент ) ама дали ќе биде искрен, или само ќе те излаже за да се оттараси побрзо од кутрињата... Најубаво неколку пати посети го леглото и види кое кутре ќе ти фати око (ако се сите слободни) тоа земи го:D
А разлика измеѓу мажјаци и женки. Хм, па тоа е индивидуално, но најчесто мажјаците се потемпераментни, побучни, покрупни:) знаат да бидат бучни и многу напалени ако има женка во близина што е во циклус:pos:, а женките се посмирени, поприврзани за семејството(што немора да значи дека мажјаците не се :D)... единствен проблем кај нив е што имаат циклус на секои 6 месеци која им трае 21 ден и тогаш знаат малку да збеснат(мада мојата хаска ни бегаше, ниту мењаше понашање...) ама ќе и посветиш повеќе внимание тие 3 недели (т.е. ќе ја чуваш од непожелни зетовци како што имав јас):ROFLMAO:
Ако уште од мало го научиш на ред, и му докажеш дека ќе биде како ти што сакаш нема да имаш проблеми. Ама сепак прочитај си ги разликите пред да земеш кутре и одлучи што ти одговара повеќе!:D
 
^ Абе батали ти машко џамбаз и повеќе по глупости :D
Некои од вас знаат за приказната за моја Леа, (хаска) општо познати темпераментни:D
Јас разбирам да сака да си игра и да не се плаши на оваа возраст (6 месеца), ама буквално како вук брка се, од питбули до шарпланинци :D Е сеа има некои што се спротистават и следе игра :)

Најбитно е да се има време за кутрето, сите сакаат до дека се мали, јасно е спие по 12 часа и немаш обврска, ама после не е исто. Ако немаш време не го зимај :)
Друго околу Алфа кој е :) е најбитно, како кај мене. Е сеа кога сме сите на куп 10 души фамилија со него нема алфа бета гама :D

Како растат така се смируваат, јас не веруваше дека ќе се смире оваа хаска, ама како одминува времето се си доаѓа на свое место.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom