Веќе еднаш ти пишав педигре во мкд е минлива работа на секого може да му извадиш и за секакво куче. Педигрето ништо не ти значи. Имаше дискусија за кучиња од одгледувачници мислам дека тоа беше во друга тема. Еве јас имам куче од одгледувачница која се наоѓа во Скопје а кучињата им се речиси совршени. Малечките од нивното легло имаа цена од 1000+ евра (не рипај одма не се фалам или нешто слично јас го добив поклон зашто несакаат да им биде конкуренција на изложби, а со тоа што јас го имам сум обврзан да излегувам на изложби под име на одгледувачницата).Само направив компарација помеѓу квалитет и неквалитет, а не помеѓу Мајка Природа и машина. Не си ме разбрал. А знам само од читање, бидејки не сум чувал куче. А од кај заклучи дека не сакам помош? Да не сакав, немаше да пишувам тука и да читам. Само дебатираме и извлекуваме поука. И не брзај со заклучоците, не треба цинизам. Зборував за процентот на лошите гени кај тие со педигре и без педигре. А ако не сакаш да сослушаш друг, не пишувај. Поздрав.
Плус друга работа има луѓе кои имаат миленици со педигре но ете несакале да ги изнесат на изложба и немаат позитивна оценка за истите, тоа автоматски повлекува дека нивните малечки понатаму неможат да имаат педигре. Значи ако ти земеш куче со педигре па и од најдобрата линија на светот да е ако не го однесеш на изложба ( а велиш дека немаш аспирации да го носиш на таков настан, утре кога твојот миленик би имал малечки за нив нема да смееш да извадиш педигре (ПАК КЕ ТИ ПИСАМ МАКЕДОНИЈА Е ЌЕ МОЖЕШ)).
Се надевам разбираш каде води дискусијава, педигрето не ти гарантира ништо ако го зимаш за да ти биде миленик и несакаш да се грижиш и да го спремаш за натпреварувачки карактер.
А за тоа какво ќе биде кога ќе порасне дека зависи многу од тоа како ти ќе го воспиташ најдобар пример ти е ДОБЕРМАНОТ на @Lu кој би ти го препорачал пред аквариумска рипка зашто рипката може поголема штета со децата дома да ти направи (ама тоа е така зашто се потрудила и го воспитала незначи дека сите добермани се такви, иначе таа раса не е за почетник како тебе и јас што имам искуство не се осмелувам да земам таква раса)