Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Предупредувам на ужасната содржина! Ми се згади животов луѓе, со какви не одвратнотии го делиме истиов воздух... просто сум згадена...:oops:
https://www.facebook.com/notes/anima-mundi-здружение-за-заштита-на-животни/злоставувач-на-кучиња-слободно-шета-низ-кочани-фотографии-во-прилог/781646041891636
Smrtna kazna
 
Предупредувам на ужасната содржина! Ми се згади животов луѓе, со какви не одвратнотии го делиме истиов воздух... просто сум згадена...

Злоставувач на кучиња слободно шета низ Кочани! (фотографии во прилог)

Благодарение на пријави од граѓани, а пред се упорната и секојдневна истрагата на здружението @ВТОРА ШАНСА од Кочани, стигнавме до сознанија за монструозно изживување врз кучиња во Кочани.

Врзувани,изгладнувани и траумирани кучиња, кучиња оставени без вода, кучиња кои преку ноќ исчезнуваат и на кои им се губи секоја трага, се слика на еден напуштен објект во изградба, во Кочани (реон улица Скопска). При влезот во објектот ве полазуваат морници– секогаш наоѓате некое ново куче, преплашено, кое моли за помош, дехидрирано и прегладнето; воедно ви доаѓа нагон за повраќање од неподнослива реа на мртвило .
Се вртите и гледате остатоци од тела на мртви кучиња –распаднати лешови, расфрлани екстремитети. Доколку убаво се разгледува се воочуваат празни шишиња пиво, но и бројни, искористени кондоми. Постојат и оправдливи индиции дека кучињата се сексуално злоставувани, а потоа и убивани од лице кое за овој случај е пријавено и е познато на полицијата, но никој никогаш не превзел ништо.
За сторителот добивме повеќе пријави, во прилог една:

„Ви пишувам со надеж дека можеби ќе можете да ми излезите во пресрет во помошта на десетици кучиња кои секојдневно се малтретирани, злоупотребувани, врзувани и оставани во просторија по неколку денови па можеби и недели без леб и вода. Многу често од просторијата се чувствува смрдеа и по повикувањето на комуналните служби гледам како од таму изнесуваат мртви кучина. Ситуацијата е многу сложена и деликатна. Злосторникот повеќе пати е пријавуван во полиција од таму никаков позитивен одговор или реакција, најчесто добиваме одговори како злосторникот имал ментална болест па неможеле да превземат ништо. Се прашувам дали цената за неговото лекување треба да се плаќа со смртта на неколку десетици невини кучина, или во државава имаме и други методи за лекување и згрижување на таквите лица.“

Со цел да овој терор над животните запре јавно бараме темелна истрага и најстрога казна за сторителот ( Никола Т. ; лицето кое се гледа на фотографијата) согласно Кривичниот закон на РМ , како и трајна забрана да се приближува на животни и/или ги зема за какви било цели. Бараме да се стори тоа и веднаш да се пристапи кон затворска казна на посочениот за мачење на животни. Укажуваме дека доколку се изигнорира ова социопатско однесување, насилство и самоволие; садизмот, мачењето и убивањето нема да запре тука. Бараме институциите веднаш да реагираат и најстрого постапат по однос на пријавите добиени за лицето Никола Т. зошто го крши законот и прашање е на време кога ќе има наредна жртва. Имаме информации дека за лицето, во блиско минато имало обвинување за обид за силување. Дека доколку не се превземат итни мерки против овој насилник, жртви ќе има и во иднина, немаме никакво сомнение – единствено останува прашањето на негов избор, дали тоа ќе биде животно или човек!
Слики тука

Исто и медиуми
 
Кај можам да набавам евтини кафортани? во пет шоповиве во битола се по 4 ден парче..
 
Кај можам да набавам евтини кафортани? во пет шоповиве во битола се по 4 ден парче..
Па ефтини тешко, најефтино излегува ако земеш пакување од 1кг кај увозникот, ама он е во скопје. Кај него тоа пакување од 1кг (2000 таблети) е 4000 денари.

Испратено преку македонски пошти
 
Дали некој знае што може да му се даде на куче за смирување? И ако да, каде може да се најде?
Маламутот во Македонија ме нема видено 2 ипол години, а има проблем кога ќе има јаки емоции :D Незнам зашто, ама ако се израдува или натажи многу, има шанси да падне во кома. Не е нешто страшно, ама ѝ се пореметува нешто со органите, или бар така ѝ го имаат објаснето на мајка ми на ветеринар. Таа ѝ кажала дека треба да се третира со кортикостероиди ако дојде до тоа, ама се прашувам дали има шанси да ѝ дадат нешто пред да дојдам :)
 
Па ефтини тешко, најефтино излегува ако земеш пакување од 1кг кај увозникот, ама он е во скопје. Кај него тоа пакување од 1кг (2000 таблети) е 4000 денари.

Испратено преку македонски пошти
Да бе, како јас тогаш кога зедов 2.000 таблети за Астра ... ти кога ме тролаше дека сум зела и за идните генерации :pos:
 
Вака сега имама две прашања:
1.Со што средство да се чисти дома(стан) кога кученцето ќе направи беља(многу вашно прашање )
2.Дали можам да го оставам кученцето дома само 2-4 саати, зашто сепак треба да се иде на факултет и останатите исто нема да бидат дома?
 
1. не сум компетентен да ти го одговорам ова ние не корисиме јаки средства и хемикалии да останува миризба ама сеа тоа е, пробај со алкохолен оцет на местото кај сто ке направи беља
2. можеш, ама немој нагло да го оставиш да биде 2-4 саати само. Имаш 2 недели додека да почнеш на факултет па почни постепено, 10-15 минути и секој ден зголемувај. Многу битно оставај му доволно вода и многу играчки за да не ти направи лом по дома. Исто така прошетај го пред да искочиш за да си ги заврши потребите и да имаш помалку за чистење кога ќе се вратиш. Имаше во некоја од темите (или на друго место сум прочитал) пишано дека староста на кучето+1 ти даваат колку време би можело максимум да издржи без прошетка. пример кучето има 4 месеци +1 како што рековме
4+1=5 саати максимум без прошетка (толку одприлика можел да држи)
 
Фала за тоа со оцетот, кучето уште го немам земено ќе го земам на 20 септември па ќе видиме како ќе иде работата :)
 
Кај можам да набавам евтини кафортани? во пет шоповиве во битола се по 4 ден парче..
По 3 денари ти се во ветеринарната аптека(карши дрвениот мост)....;)
Иначе,во Пријатели,ако земиш на пример поголема количина сигурно ќе имаш некој попуст...
 
По 3 денари ти се во ветеринарната аптека(карши дрвениот мост)....;)
Иначе,во Пријатели,ако земиш на пример поголема количина сигурно ќе имаш некој попуст...
најдов по 2.5 ден. парче од пријател таа е мислам најевтина цена што може да се најде
 
Имам куче дома денес нешто не му е како што треба. Не јаде, поврати жолто. Што да му се даде за превентива, кои апчиња или некои други лекарства. И дали некој знае ветеринар од прилика во градов каде има и колку е преглед ако го однесам!? Фала ви однапред.
 
Градов е веројатно скопје. Имаш ветеринари за извоз, повеќе ветеринари од кучиња се накотија. Преглед е 200-300 денари, некој и не ни наплаќаат. Ако му даваат некоја терапија исто обично само терапијата ја наплаќаат не и прегледот. Е сеа зависи каде си па да ти дадеме совет за ветеринар во близина.
Е сеа ако добро се секавам повраќа жолто ако е гладно и нема ништо во стомак, а и сам кажа не јаде. Не верувам дека е затруено, да било немало да биде цел ден. Можеш да му дадеш некое апче за смирување на стомак (линекс, стрепсоксезол[мислам дека беше]) и давај му полесна храна. Палента со јогурт/кисело млеко, вода од варен ориз и слично. Ама ова ти се совети од информатичар, значи утре ќе си го однесеш на ветеринар и ќе го прегледаат. Види во темата за ветеринари ќе најдеш каде се препорачува да го однесеш.

Испратено преку македонски пошти
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom