Да, ама Златниот Ретривер и Лабрадор Ретриверот се 2 раси со точно утврден стандард, и екстериерно се различни, така да лесно може да се препознае куче што е мешано од тие 2 раси
А кога кутрињава од членот
@bLaCkbOy што се мешани од Стафорд и Питбул, кога ќе пораснат, ќе личат потполно на Питбул, нема да можеш никако да воочиш дека се мешани со Стафорд, и да точно е дека се мешанци ... али пак од друга страна што е Питбулот ? Исто како мешанец е Питбулот, нема конкретен стандард, нема конкретна големина, висина, тежина.
Значи ова погоре беше кажано за во Европа како стојат работите, гледано од страна на FCI.
А во Америка знам дека од некои федерации како што се AKC, UKC и др. е признат Питбулот и си имаат некои си нивни стандарди, односно признаени им се некои од крвните линии на Питбулот.