Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Предлог за куче за чување за у стан? Не сакам само од оние чивавите или пекинезер или нешто така од тие малите...Имав пред 2 години лабрадор,ама него го чував на отворено,у двор и ми го отруа. Сеа би сакал пак да си купам,ама не сум баш сигурен како би се снашол во затворен простор.
Супер би се снашол! Одгледувачот на мојата во стан чува две возрасни кучки. Со редовна и доволна физичка активност ќе биде среќен пес.
 
За да не одиме оф-топик во темата Продавам - Купувам - Подарувам , во оваа тема би подискутирала.

За да бидат во тек со муабетот и другите членови, ќе ги цитирам вашите пораки од другата тема.
На продажба кученца од расата американски стафордски териер х пит бул
https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd...._=1399890750_3eba9f1ae2d9d545f4135426ae88a096
https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd...._=1399894513_a18d6f726a294ad559184a037f6702d5
Контакт во пп, екстра цена 5 машки 1 женско.
Од која раса се сега кутрињата?
Па процени сам, логично е да се едни на мајката други на таткото :)
И колку за информација, прво настанал пит булот, па потоа со мешање на уште некоја раса се добива американскиот стафорд, што значи нема некоја многу голема разлика доколку се спарат овие 2 раси освен што ке бидат без педигре.
По моја проценка тоа се мешанци, ниту се стафорди, ниту се пит були. Има многу голема разлика, едниот пес е педигриран и признаен по ФЦИ, а другиот не е. :) Е тоа е логичното, па сега ти види. :)
По моја логика се Питбули ... еве зошто ... :)
Колку што сум информирана за расата Американски Стафордски Териер (кратенка: АСТ, Стафорд), тоа е само една крвна линија на Американскиот Питбул Териер (кратенка: АПБТ, Питбул).
Стафордот е уствари призната крвна линија на Питбулот, со признат и стандардизиран изглед од страна на FCI.
Се што не е Стафорд, и што нема педигре ... автоматски е Питбул.

А Питбулот не е признат бидејќи има многу нестандардни крвни линии, значи нема дефиниран изглед и големина на крвните линии, и има големи отстапки во самата големина и изглед, па затоа и не е признат од страна на FCI.
 
Не можат да бидат питбули, тоа се мешанци. Ако е така што е кутре од лабрадор и од златен и тоа нека бидат и двата жолти? И двете кучиња имаат скоро па исти предци. Колку и да се слични, тоа се две различни раси. Скоро секоја раса настанала со мешање на некоја друга, дали ако спариме две чистокрвни раси тогаш кутрињата ќе бидат потомци на едната раса или па на другата? :confused: И Лу питбулот не е признаен по ФЦИ, да беше во Америка тогаш кажи ми што кутриња ќе беа? :)
 
Да, ама Златниот Ретривер и Лабрадор Ретриверот се 2 раси со точно утврден стандард, и екстериерно се различни, така да лесно може да се препознае куче што е мешано од тие 2 раси :)

А кога кутрињава од членот @bLaCkbOy што се мешани од Стафорд и Питбул, кога ќе пораснат, ќе личат потполно на Питбул, нема да можеш никако да воочиш дека се мешани со Стафорд, и да точно е дека се мешанци ... али пак од друга страна што е Питбулот ? Исто како мешанец е Питбулот, нема конкретен стандард, нема конкретна големина, висина, тежина.
Значи ова погоре беше кажано за во Европа како стојат работите, гледано од страна на FCI.

А во Америка знам дека од некои федерации како што се AKC, UKC и др. е признат Питбулот и си имаат некои си нивни стандарди, односно признаени им се некои од крвните линии на Питбулот.
 
Не можеш да знаеш на што потполно ќе личат :D Велејќи го тоа ти велиш дека стафордот не е доминантен во тој поглед. Признаен или не, питбулот е раса нели(мислам пробај кажи на питбулџија дека питбулот не е раса :D)? Оти како би ги нарекле кучињата од два стафорда кои не се педигрирани? Дали би биле питбули? Зборот ми беше дека членот не може да продава ни стафорди, ни питбули, затоа што кутрињата според мене не се ни тоа ,ни тоа. Тоа се посебни кучиња, ма колку заеднички предци имале, посебни раси, кои со текот на времето се одвоиле. Факт е дека колку и да личат, сепак не се исти. Инаку, ја споменав Америка, меѓутоа има и во Европа асоцијација за Питот кој мислам дека вади одредени родовници. Ова знам дека го има за американскиот булдог, мислам, не сум сигрна, дека го има и за питот.
 
Сакам да знам дали германски овчар и вучјак е една иста раса??
 
Сакам да знам дали германски овчар и вучјак е една иста раса??
Да.
Само што, Германски Овчар е вистинското име на расата, и во педигре пишува Германски Овчар.
Додека пак името Вучјак, е народски термин, кој што јас лично не го употребувам.
 
Ок значи борчам пица... се кладев дека не е иако 10 год чувавме Вучјак :tapp:
 
Си купив куче. Старо е 30 дена. Сеуште е многу мало. Па кога го земав ми рекоа дека треба да го хранам со варен ориз и млеко само. Исчистено било од глисти. За вакцина кога треба да го носам? Микрочип мора ли да му ставам? Прееска некои грчеви имаше на моменти. Лошо ли е тоа? Дај кажете ми све што треба да знам за малечко куче. Пишете ми тука или по ПП. Ми треба совет од поискусни што како треба да правам со него.
 
Ова е многу битно 30 дена е мн рано за да го одвоиш од мајката. Чистено од глисти можеби ама ти сега ке треба да го чистиш секој месец додека да направи 6 месеци, а ако видиш глисти во изметот тогаш ќе одиш на вет да прашаш има посебна терапија. За храна ти пишав во другата тема. Вакцина колку што знам иде после 40 дена па ќе ти кажат на колку време да одиш на ревакцина и слично. Ќе мораш микрочип ама не веднаш имаше таму до која година мора да има мислам беше 2016, ветеринариве сабајле сигурно ќе ме поправат ако грешам. За грчевите ќе ти објаснат они мн подобро. Ајде сега и јас да прашам нешто, какво кученце си вдомил(си му подарил дом, безразлика што си го купил), од каде (какво му е потеклото може некој што ја чува таа раса да ти помогне повеќе). Каде живееш ако е скопје пиши и населба да ти препорачаме некој вет во близина ако не си одлучил каде ќе го носиш.
Да споделите мн убави мигови заедно, и биди трпелив додека да научи се што бараш од него(поготово за нужда ако го чуваш дома)

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
Можеби прашањево не е за во оваа тема,ама неможев да ја надам групата ветеринарно катче.Сакам да знам за што се става витаминската инекција ,дали има некаква корист од неа или не.Ми кажаа дека е добро да се става еднаш месечно и е добра како додаток .
 
Зашто би ставала витаминска инекција кога имаш додатоци од витамини? Витаминската најчесто ја ставаат за кучиња кои се болнички, за да ги исвежат малку пред да им дадат инфузија. Не ти треба беспотребно да го боцкаш кучето, купи си витаминки и давај си редовно.
 
Досега не сум давала никакви витамински,дали можи да ми препорачате некои.Кучето е 1,5 год.,не е болно,но би сакала да му дадам ( се надевам не е штетно ). Благодарам
 
Досега не сум давала никакви витамински,дали можи да ми препорачате некои.Кучето е 1,5 год.,не е болно,но би сакала да му дадам ( се надевам не е штетно ). Благодарам
Нема потреба,поарно секој ден давај му овошје наместо да го боцкаш. Витамините како и сите лекови, не се на природна база, така да не гледам зошто мислиш дека има да внесуваш. Јас студирам ветерина, имам куче, па не би се одлучила да боцкам кога немам зошто. Ако веќе толку сакаш, ќе идеш кај ветеринар и ќе му кажеш витамински инекции и тоа е тоа. И да боцкаш нема да приметиш никакви посебни промени кај кучето, барем не од такви дози.
 
Веќе подолго време сакам да си земам Доберман,уште од мал да го чувам ама моментално немам услови. Инаку иако имам слушано многу работи за овие кучиња дали има некој што чува да ми каже каков тип на кучиња се што е специфично за нив дали многу лаат дали се многу агресивни,дали лесно може да се дресираат и тн. ? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom