Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не би за у стан.Се митарат,активни се, некој знаат да бидат и гласни. :)
Не е точно дека се гласни (ако цепидлачиме нормално дека исклучоци, ама тоа е за секоја раса), одгледувачката на Пепа во стан чува 4, од кои една стара кучка и три јуниори. Лаат само кога некој доаѓа, митарењето е индивидуално.
Лабрадор ретривер препорачувате за во стан или ? :D
Да, со редовно и доволно истречување јас ти гарантирам дека ќе немаш проблем.
 
Лабрадор ретривер препорачувате за во стан или ? :D

Штом јас чувам Доберман во стан, за Лабрадор ретривер не е никаков проблем :D

Доберманите се поенергични и поактивни од Лабрадорите, па еве јас немам никаков проблем со мојата Доберманка.
Серазбира редовно ја шетам, и секој ден си се собираме кучкарско друштво и по минимум 2 часа во денот си игра со кучињата и трча, што е многу ефикасен начин за трошење на енергијата ... и после таква енергична прошетка кога ќе дојде дома е мирна и си лежи цело време.

Значи најбитно е секојдневно да му ја трошиш енергијата со прошетки и игри, и ќе немаш апсолутно никаков проблем во станот ... бидејќи во спротивно доколку не му ја истрошиш енергијата, кучето ќе стане нервозно, ќе лае, и сл.
 
Не ми е мене за тоа, туку за влакна и слично повеќе ми беше од хигиенски аспект прашањето. Во секој случај фала ви многу. :)
 
Ајде и јас првпат да прашам нешто :D

Дали има некој информација каде можам да најдам тенок кожен поводник долг 1m од Friskies ?
Во повеќето Пет Шопови барав, но нигде неможам да најдам токму таков кожен поводник, па доколку некој случајно налета на таков поводник од Friskies ако може да ме известите.

Јас го имав купено од Рамстор, оддамна, пред околу 4 - 5 години, и баш повторно побарав во Рамстор и за жал немаше, а неверојатно квалитетен беше и многу добро лежеше во рака.
 
Има да си порачаш од Колумбија ако сакаш, малце поскапички се ама квалитетни, јас имам 2 show поводника, презадоволна сум.
http://alvalley.com/
Плус мислам дека можат да ти направат и по порачка затоа што сите поводници се прават рачно.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Каков шампон препорачувате за питбул ?
И воопшто што се треба да имам од опрема дома, бидејќи сум нов у целава улога на „татко“ на 2 месечен питбул :)
Фала однапред.
 
На вратот на кучето му се појави нешто ситно викнав ветеринар и ми рече дека е мал тумор ( има големина колку леблебија ) и ако продолжи да расти ќе сме го остранувале, а ако не расти тогаш ништо не му прајме, малку е пораснато од кога беше ветеринарот, да му се јавам да го отстраниме за посигурно или ? И од што можи ова да се појави да пазам за следниот пат.
 
Каков шампон препорачувате за питбул ?
И воопшто што се треба да имам од опрема дома, бидејќи сум нов у целава улога на „татко“ на 2 месечен питбул :)
Фала однапред.

Шампон за кучиња, јас сум презадоволна од шампоните на Trixie ... јас имам Доберман и бидејќи они се црни, користам Black Color шампон од Trixie.
Така да ако ти е Пит Булот црн, ти го препорачувам овој шампон за црни кучиња, одличен е.

Colour-shampoo-black-500x500.jpg

Друго ... играчки, нака има многу играчки и самото кученце ќе си избере една или неколку омилени играчки со кои што ќе си игра постојано и ќе си има занимација.
 
Земав апчиња за глисти за превентивно да му дадам да кучето, му немам дадено од кога беше мал (сега е скоро 2 години) , земав од аптека АЛБЕНДАЗОЛ, 6 апчиња по 200мг, па да прашам по колку да му давам и колку често ? 2 на ден, 3 дена по ред? Фала.
 
Незнам како се дозираат овие таблети за прочистување од внатрешни паразити, а незнам ни колку се ефикасни ... никогаш не сум ги користела.

Јас би ти препорачала да си купиш од ветеринарна станица таблети Дехинел, одлични се, три компонентни се, поквалитетни се од Бихелдон бидејќи Бихелдон се двокомпонентни.

И прочистување од внатрешни паразити се врши 4 пати годишно, тоест на секои 3 месеци, и Дехинел (исто и Бихелдон) се дозира 1 таблета на 10 килограми телесна тежина на кучето.

Незнам зошто толку долг период не си го прочистил од внатрешни паразити, тоа е опасно и за луѓето толкав долг период да не е прочистено ... подетално можат да ти објаснат SaltNPepa и Лигеја.

Колку е тешко,пошто обично се дозираат 1 апче на 10 кила куче.Не ти кажаа колку се дозираат?
RadE_Strongest има Американски Пит Бул Териер, мажјак ... што значи дека отприлика има 25 килограми.
Ако и овие таблети се дозираат 1 таблета на 10 килограми телесна тежина = треба да прими 2,5 таблети.
 
Незнам како се дозираат овие таблети за прочистување од внатрешни паразити, а незнам ни колку се ефикасни ... никогаш не сум ги користела.

Јас би ти препорачала да си купиш од ветеринарна станица таблети Дехинел, одлични се, три компонентни се, поквалитетни се од Бихелдон бидејќи Бихелдон се двокомпонентни.
Бев до ветеринар и ги купив, овие албендазол се за луѓе, и фалело некоја компонента, така да си земав тоа што треба.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Албендазолот припаѓа на бензимидазолите, и е еден од антихелминтиците со најширок спектар на дејство, на пример тој сам ги опфаќа сите паразити кои ги опфаќаат трите компоненти на Дехинелот, но и многу повеќе други паразити, а делува не само на возрасните и на ларвите, туку и на јајцата, како и повеќето бензимидазоли.
Кај нас и во светот широко се употребува кај домашните животни за прочистување, може да се употребува и кај кучиња, но кај нив не е во многу широка употреба (во овие форми кои кај нас ги има, кои се за преживари) бидејки поради разликите во гастроинтестиналниот тракт помеѓу преживарите и месојадите, кај месојадите мора да се дадат повисоки дози за да се постигне саканиот ефект, така што е лесно да се предозира, а што може да доведе до супресија на коскената срж и тешка анемија.
Инаку многу е ефикасен и за нехируршки третман на ехинококоза - тенија кај луѓето, и кај нас се користи и за тоа. Во последните години е докажана и неговата ефикасност и против џијардијата кај кучиња.
НЗС - поради неприлагоденоста на дозата за кучиња на овие препарати кои ги има кај нас, подобро е тој да не се користи за прочистување на кучиња.
Инаку еден многу многу побезбеден бензимидазол за кучиња, кој сега многу поретко се наоѓа кај нас е мебендазолот - Верпанил. :)
 
Бањање маченце 6 месечно во овој период ? Добра или лоша идеа? Гледам дека оваа недела е последна за оваа година така умерено ладна, од другата ќе биде зима ладно па се мислам последна бања за до пролет... значи имам намера веднаш во крпи во соба на топло неколку саата да се исуши добро, и плус што си е домашно мачето ќе си седи по дома нема да излегува на ладното надвор...
 
Дали е опасно што кученцето си ги јаде гомцата? Пробувам да го одвикнам од тоа и го удирам ама после ми е жал - има многу жални очиња :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom