Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Еве јас ке пробам да ти одговорам, мораш да работиш со него, дресура и строга рака...млад е, сака да наметне доминанција што за мене е нормално, мегутоа пробај да го научиш дека ти си над него и дека ти одлучуваш дали тој смее да си дозволи да нападне. Нема веза што е пит, тоа ти го гарантирам бидејки јас имам шетано пит кој е помил и поразгален од било кое куче. Проблемот е што ми работи тестостеронот. Значи, силна рака, реагирање кога ке го приметиш дека се спрема, поарно удри го пред да направи нешто отколку да се најдеш во ситуација да раздвојуваш кучиња, а верувај, кај овие раси, ако еднаш настане грч на мускулатурата на вилицата, за да го одвоиш би морал да му ја скршиш коската.
Сакш да кажеш дека на питот вилицата им се кочи?Не колешке грешка сте.Вилицата на питот му е скроз нормална како кај друго куче,само он има таква воља,да не сака да пушти,а може :)
 
Сакш да кажеш дека на питот вилицата им се кочи?Не колешке грешка сте.Вилицата на питот му е скроз нормална како кај друго куче,само он има таква воља,да не сака да пушти,а може :)
Не колега, не му се кочи вилицата, туку тој добива грч на мускулатурата. :) тоа е расова одлика.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Сакш да кажеш дека на питот вилицата им се кочи?Не колешке грешка сте.Вилицата на питот му е скроз нормална како кај друго куче,само он има таква воља,да не сака да пушти,а може :)
Токму така. :D Тоа го кажаа и на Dogs 101.
 
Здраво, се приклучувам на дискусијава по втор пат, се надевам ќе добијам некој одговор :)
Јас имам Белгиски Овчар - Малиноа, и сакам да прашам што да правам во врска со изметот во боксот. Изградив бокс негде околу 6м2 убава куќарка и сега проблем е каде да оди да кака.
Има 3 месеци и сега дали некој леѓен да ставам со песок или како да го решам проблемов, оти не бива секој ден 1-2 пати да се пере боксот, ај сега е ок ама во зимо?
И нешто плус што имате и ако имате да ми кажете нема да ми биде на одмет... поззз

Еве ја лепотицата моја, Амика ...
 
Attachments

  • 644014_10151143515992978_1792023212_n.jpg
    644014_10151143515992978_1792023212_n.jpg
    89,8 KB · Прегледи: 29
Леген со песок не ти врши работа, не е ова мачка ;)
Боксот засега и се додека времето тоа го дозволува секако ќе го чистиш колку што е потребно, затоа што на тој начин таа побрзо ќе свати дека тоа е место кое треба да биде чисто.
Чиниите за храна и вода стави ги пред куќичката, обично кучињата вршат нужда на местото кое што е најдалеку од местото каде што јадат и спијат, па така ќе можеш да постигнеш да врши нужда само на едно одредено место, а не низ целиот бокс.
Исто така, ако сте ги поминале вакцините, ревакцините и карантинот, почнувај со редовно изнесување при што кутрето ќе си изврши нужда додека се шетате.
Не очекувај премногу од неа, сепак е сеуште бебе, па ќе и треба одредено време додека да стекне некои навики.
Ако досега не е изнесувана, многу е веројатно дека ќе ти се случува да ја вратиш после подолга прошетка, (за време на која не извршила нужда) и штом влезе во боксот да се измочка и искака.
Тоа е нормално, кучето нема да ги врши физиолошките потреби во средина во која не се чувствува сигурно и опуштено (а дома е најсигурно) но се е работа на трпение и стварање навики.
Немој да очекуваш од мало кученце цел ден да се стиска затворено во бокс, ако знае дека во одреден период ќе оди надвор, ќе се научи и да почека дотогаш за физиолошките потреби, ако не очекува дека треба да оди надвор, нема ни да се стиска за какање.
Додека е помала, изнесувај ја барем 2-3 пати дневно (немора тоа да се долги прошетки, доста се и десетина минути колку да се измочка) а понатаму можеш и само еднаш.

Еве ја и мојата ѕверка :)

DSC02715.jpg
 
Тасманискиов ѓавол? :) Само што наполни 4 години.
 
Барајте четка за кучиња со долга длака и морате секој ден да го четкате, ова влакно бара многу нега...оти еднаш ако ви се заплетка...:facepalm:
 
Здраво! Имам ротвајлер. До пред 2-3 седмици почна чудно да се однесува! Значи не е дресиран кај професионалец, сам го дресирав на команди кои ни се најважни (седи, лежи, чекај, дај, дома - за да влезе в бокс). На командите е послушен. Пред 2-3 седмици кога си игравме со едно топче (јас му го фрлам тој ми го носи назад) ме касна. Вака беше : топчето му го дадов во устата, му реков да легне, ме послуша и почнав да го галам (секогаш си правиме така) набрзина ми се сврте со грчење и ме касна, потоа веднаш ја наведна главата, а јас го искарав и му наредив да оди в бокс. Ме послуша без да се двоуми. После неколку дена истата случка се повтори, само што сега предметот не беше топче туку некое гранче.
Инаку последно, мн ретко имам време за да го прошетам, а дома во дворот го пуштаме минимум 2 пати по 1 саат. Има година и скоро еден месец. Ако може некој да ми помогне.

Поздрав
 
Алфа статус.
 
Овака да прашам. Имам самојад, и сега премногу се прави со боцки со трња, не можам да му ги извадам, дури му се залепуваат за влакното, а и не ми дозволува, не седи мирен, како да се справам со тоа ? ако не можам да му извадам затестено може да му пресечам од влакното за да излезе или ? и кажете ми од кај и каква четка да купам за да го чешлам, само во трња и боцки оди целиот лом се прави :D
Еве го
229356_4161034756641_2126620653_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom