Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
se prodavaat 2 zenki AST americki stafordi so pedigre vnuci na svetski sampion DON KING Of RING tatko ATOS KING OF RING 300 eur :) Poz 075 530 211 !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Абе луѓе дај помогнете имам куче пинч две години стар. Стално му солзат очите. Исто како да плачело :)
Кој има вакво куче нека каже дали ги има истите проблеми, шо му е на кучето?

Мислам дека е нормално да му солзат очите, можеби има некоја алергија, на моето кога му солзеа му ги промивавме со млак чај од камилица и му поминуваше. :)
 
фала :)
 
Опаа ,колку е стар ?

И да те прашам ова чудово што го гризе колку го зема отприлика ? Во ветринарна кај мене за такво најголемо ми бара 1200 денари ,нездрава работа со кучињава ,ЗМАЈ да чувам поефтино ќе поминам.
 
Осум месеци на 22 Август девет.

Играчката е 150 денари, огрлицата 400 денари плуз за алки за продолжување околу 500, и синџирот долг е 120, фризби има негово 50 денари, се што има помалку чини отколку тебе што ти бараат за играчката :icon_lol:.
 
Опаа ,колку е стар ?

И да те прашам ова чудово што го гризе колку го зема отприлика ? Во ветринарна кај мене за такво најголемо ми бара 1200 денари ,нездрава работа со кучињава ,ЗМАЈ да чувам поефтино ќе поминам.

Кажи им дека се ретардирани.Јас мојата комплетно ја опремив за околу 3 000.Градник 1600,маска 600,поводник 400,и околувратник 400,играчката си ја изгуби а ја земав за 300 денари.

Бугарија е мајка за вакви работи,цените се 70 посто поефтини од нашиве.
 
Епа ајде кажете некој добар пет-шоп ,нормално со не пренабилдани цени . Барам огрлица со боцки кожна ,некоја играчка за були-раси ,значи за тегнење ,како оваа на bucio.
 
Во сите пет шопови се горе доле слични цените.
Само не стапнувај кај Мелита во Бруно дог шоп бидејќи цените се изгор.
 
момци да не знае некој Чау Чау кученца некој да продава , да чека легло , или да има и да сака да го пари у главном некој што би можел да продава ај ќе ве молам ако знаете да ми кажете , јас видов во купимиленик.мк ама кај е изгор па и не ми се свиѓа бојата сакам портокалово такво ова беше сиво а другото некако кафено ама не е тоа тоа мислам
 
Кои се најдобри територијалци? (само да не се териери)
п.с. Германски овчар колку чини со педигре?

Чичко ми ме прашуваше а јас врска си неам :(
 
Кучето што е на мојот аватар - Доберман (y)
Брз, интелегентен и секогаш спремен за акција.

Ротвајлерот е исто така одличен територијалец, Ротвајлерите се малку потромави и пофлегматични но сепак се одлични чувари на домот.

Белгиски овчар - Малиноа е како бомба ... атомска бомба, но имаат многу остар карактер и треба уште од малечко правилно да се воспитува и социјализира.

Исто и Германскиот овчар е одличен чувар.
Инаку Германски овчар со педигре просечно кошта од 200 до 400 во зависност од леглото.
 
A за овие другиве цени нешто :)
Btw чичко ми има мали деца и како стојат горниве со тоа...Да не напаѓаат или што ти знам таму...Сепак ако јас му го набавам јас треба да си сносам одговорност :cautious:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom