Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Ветеринари работат и вон работно време. Јас би барал таков веднаш
 
Дечки помагајте,
Не сум сигурна, али мислам дека малиот голтна чорапче. :place:

Што да правам? Се плашам да не дојде до цревна опструкција.
Ќе го иссере, дај му маслинов или кокосово масло 2 лажици.
Како е ?
 
Добар е од сабајле, ништо невообичаено. Се надевам дека не го голтнал чорапчето, иако го нема нигде, сè пребарав.
 
Сепак давај мрсни работи, кокос и маслиново масло и давај лесни течни храни. Можеш и 3 јаглен активен апчиња да дадеш. Така кај мене исра кучето кеса и парче текстил мало.
 
Ми треба итно некој да ми каже од каде може да најдам Vetmedin?
 
Здраво на сите,
Подарувам куче, џукелче вдомено пред 10тина месеци. Ве молам и за препораки страни за вдомување, ФБ или Инста сеедно.
Еве и тука огласот:

Се подарува Фродо !
Ова преубаво џукелче, со тешко срце морам да го подарам. Јас и моето семејство не сме во можност веќе да го чуваме.
Темпераментен е и игрив, полн со енергија. Сака да трча, така да предност ќе имаат заинтересирани со двор.
Стар е 10 месеци.
Го добивате целосно вакциниран, со стекнати хигиенски навики.
 
Слики заборави.
 
Здраво, прашањр до вас сите. Колку често препорачувате бањање на куче/ колку често го бањате вашето куче?
Станува збор за куче чувано во двор во бокс, шетано скоро секок ден а пуштано во дворот еднаш до два пати во денот.
 
Кога е валкано и кога ќе почне на мириса.
Ја чувам дома, просек еднаш на три месеци.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom