пушта ли влакна белгискиот овчар ?
извини што дури сега го гледам твојот пост.
Моментално не пушта влакна,но секој ден го чешлам и него и мајката,па има по некое влакно паѓа и од него.
Германскиот овчар се митари повеќе од белгискиот и си бара секојдневно чешлање.Ако не се чешла секојдневно,влакната што не и испаднати и се останати во неа (во крзното) почнуваат да скапуваат и мириса лошо.
Го осетиле ова моите на своја рака додека јас бев на одмор бидејќи никој не сака да ја чешла освен јас.
Ми кажува татко ми кога сакал да ја чешла,викал по неа ја бркал и никако да ја фати,застанала на едно место и гледала во една точка (влезната врата во двор) очекувајќи да се појавам и да ја исчешлам .
Кај белгискиот овчар влакното е пократко,па и полесен е за чешлање[DOUBLEPOST=1442259161][/DOUBLEPOST]
Утре планирам да ги извадам теписите и цел паркет да го поминам со средство за паркет. Се надевам дека ќе и ја уништи миризбата од нејзините бељи и ќе ја опраиме некако. Ако нема напредок и така, 50% од времето има да си седи на балкон, додека не и помине карантинот.
Другар читам имаш проблеми со кученцето и читам дека ти е ептен тазе донесено дома,па не сакаш да му ствараш страв.
Еден од начините да престане да моча и сере насекаде по станот е со весник во рака и кога ќе ја видиш дека душка одредено место и се врти во круг околу тоа место,знај дека ќе врши нужда.Во истиот момент со весникот по муцка и,фати ја за ланчето и кажи и (фуј тоа).
Исто и ако веќе направи беља претходно а не си ја фатил на време,со весникот по муцка,фати ја за ланчето и малку муцката подбутни и ја во нуждата.
Ова кај мене си успеа со малото уште одма кога видов дека нема абер да се смири.За мочањето си немавме проблем одма,инстиктивно си бара места со земја во двор и таму вршеше мала нужда,а голема вршеше кај му текне.
Неколку дена со ред го следев и со весник по муцка го прекорував да не врши голема нужда каде ќе му текне и си сфати и виде не виде,сега го држи и кога му е време за шетање,си врши нужда надвор.