Кафортани не и' давам и преживува еве ја.

Калциум и' давам 2 апчиња на ден, но зависи од кои даваш. Неделава пет шопот во близина што ми е ќе добијат некои појаки и подобри од Германија (минативе од Португалија ми се чини), но затоа новиве поскапи ќе бидат (200 денари 100 парчиња). Во пет шопот ќе ти кажат по колку да и' даваш.
Моркови и давам еднаш по еден, но дека твојава е мал раст, по пола морков на ден давај и'. Ако е црна со тен, ќе забележиш тен-портокалови влакненца на црното заради морковот. Мојата има такви влакна кај коренот на опашката и грбот, но мене не ми сметаат. А, во комшии има една бела пудла на која што и' даваа моркови и се стресоа сопственицива зошто имала неколку портокалови влакна, па прекинаа со моркови. Мене лично не ми сметаат неколку портокалови влакна, важно кучето обожава моркови.
Давај и' јаболки, многу се корисни за кучињата. Беки обожава јаболки и круши. Ама брокулата најомилена и' е, но штетна е во големи количини.
Јас гледам моето куче да го хранам со домашни производи, дури си имаме дома бавча и цело семејство (кога кажувам семејство мислам и на мачката и кучето) имаме оброци набрани од бавча. Скоро се' што јадеме е домашно.
Освен апчиња калциум, и' давам и телешки коски (варени) секое сабајле (зошто кога одам во школо квичи по мене, а ако и' дадам телешка коска, вниманието накај коската и' оди и заборава дека сум отишла).