’Крвта на Американците ќе се измеша со нивните солзи!’

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
06.05ladens1.jpg

Терористичката организација Ал Каеда ја потврди смртта на својот водач Осама бин Ладен со соопштение што го пушти на џихадистичките интернет форуми. Се заколнаа дека ќе го одмаздат неговото убиство.

„Неговата крв нема залудно да биде пролиена“, се наведува во пораката на Ал Каеда која најави нови напади.

„Ние од организацијата Ал Каеда му ветуваме на семоќниот Алах и ја бараме неговата помош, поддршка и истрајност да продолжиме по патот на џихадот, патот по кој одеа нашите лидери, а пред сите шеикот Осама“, се наведува во соопштението за кое информира американската служба за следење на вебсајтови СИТЕ, јавија светските агенции.

„Нагласуваме дека крвта на борецот шеик Осама бин Ладен, за нас и за сите муслимани е многу драгоцена за да биде напразно пролеана. Тоа ќе биде проклетство кое ќе ги прогонува Американците и нивните агенти. Нивната среќа ќе се претвори во тага, а крвта ќе им се помеша со солзи“.

Организацијата ги повика сите муслимани во Пакистан да се кренат против своите лидери „и земјата да ја исчистат од срамот што им го нанесе група предавници и крадци кои се му проддадоа на неприајтелот“ и од „валканите Американци кои во неа ја шират корупцијата“.

Соопштението на Ал Каеда, со датум од 3 мај, е првото на оваа организација објавено по смртта на Бин Ладен, а неговата автентичност за сега не е независно потврдена, наведуваат агенциите.

Ал Каеда, исто така, наведе дека наскоро ќе биде објавена аудио снимка на убиениот лидер, направена еден недела пред неговата смрт.

Треба да бидат исплашени, зар не? :nesum:
 
Нагласуваме дека крвта на борецот шеик Осама бин Ладен, за нас и за сите муслимани е многу драгоцена за да биде напразно пролеана. Тоа ќе биде проклетство кое ќе ги прогонува Американците и нивните агенти. Нивната среќа ќе се претвори во тага, а крвта ќе им се помеша со солзи.

Ако поракава не е автентична, тогаш само плачат за загубата некои си фанови на Осама. Ама ако навистина е од следбениците и учениците на Осама... е тогаш... Да. Би требало да се плашат Американците. Многу.
 
Нека почнуваат да копаат тунели низ дворовите Америве,а пак јас мислам дека тие напади ќе се случат на европско тло...
 
...А не разбирате дека сме во иста каша како со Американците?...
 
Колку и да се опасни на зборови овие најави, мислам дека долго време нема да има напади. :toe: Или и да ги има ќе бидат со доста намален интензитет.
Бтв, да ги прашам поупатените: Се знае кој ја финансира Ал Каеда?
 
Колку и да се опасни на зборови овие најави, мислам дека долго време нема да има напади. :toe: Или и да ги има ќе бидат со доста намален интензитет.
Бтв, да ги прашам поупатените: Се знае кој ја финансира Ал Каеда?
Се финансираат најмногу со рекетарење, ама рекетарење влади, не индивидуалци. Имам прочитано дека принцот од Саудиска Арабија годишно им плаќа 700 милиони долари за да не го убијат. Што најверојатно и не е точно бидејќи тој е голем сојузник на САД.
 
Во влада ти е Али Ахмети, а ти се замараш за вакви глупости. Само напред Македонијо!
 
лази араб лази


Мразам арапите.
 
поголемото парче од тортат ќе го добијат американците...после Пакистан........ама пошо ние им го тинтраме на американците....
 

Треба да бидат исплашени, зар не? :nesum:[/QUOTE]

Па додуше да бидеме искрени и Пакистанците и Арапите треба да се плашат од после Америте кога ке тргнат да враќаат за тие напади (ако се остварат заканите)
 
Ова и се очекуваше да го речат “Талибанците“ , за да се поткрепи “Смртта на осама“.
Сега некаде си кулира во некој хотел во флорида, а овде светот ќе се нервира аман го отепаја. Па ова ако не го речеа, ќе испаднеше оти не е мртов. Америка е дволична кучка, кај оди секаде прави срања и само за нејзина корист. Одсекогаш саудијците биле заедно со америка:)

П.С. И намерно таму е најстрого со цел да испадне муслиманска држава, и народот помалце да се буни за шеиците шо сакаат да си праат со нафтата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom