Крстарења

  • Креатор на темата Креатор на темата Brainwasher
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Крстарења, или патувања со патнички брод - крузер. Најчесто траат од 7-14 дена и се популарни насекаде освен кај нас. Најголеми компании кои имат бродови и организираат тури се MSC, Costa, Royal Caribbean, Silversea, Celebrity Cruises, Carnival Cruises, Louis Lines и др. Прилично се скапи.

Најголем патнички брод во светот моментално е MS Allure of the Seas. Може да прими 6300 гости и е долг 360 метри:
Allure_of_the_seas_sideview.JPG


Има ли некој некакво искуство со крстарење , а голем дел нашинци одат на работа на брод (келнери,шанкери и др.), па ако знае некој да каже како се движат цените на бродот за пијалоци, колку се пристанишните такси, што имаш на располагање во основната цена и колку вкупно чини едно скромно и економично крстарење, да речиме на медитеранот.
 
Јужна Америка
Крстарењето низ Јужна Америка е запознавање на континент кој има повеќе планини од Алпите, повеќе од глечерите на Алјаска, повеќе фјордови од Данска, Норвешка и Шведска во комбинација. Крстарењето низ Јужна Америка нуди прекрасен контраст на луѓето и културите. ...
Јужна Африка
Крстарењето низ Јужна Африка крие многу тајни на древните племенски и домородни култури. Тука ќе сретнете топли и пријателски луѓе, богата историја, уметност, и ќе уживате во плажите, космополитските градови кои се привлечни на искусните туристи во потрага за авантура....
Азија
Патувањата низ Азија ќе ве однесат низ традицијата, обичаите и суеверијата на Азија и на Далечниот Исток. Крстарењето низ Азија е спој на модерна архитектура, прекрасни облакодери и остатокот од оризовите полиња, кои претставуваат колаж од спротивставени култури. ...
Антарктик
Патувањата низ Антарктик ќе ве однесат на најјужниот континент на Земјата, каде 98 проценти од земјишната маса е покриена со мраз, каде што не постојат пристаништа на повик, каде бродовите обично сидрат во безбедни подрачја погодни за морски истражувања. ...
Арктик
Патувањата низ Арктикот е авантура коај оди рака под рака. Далеку од густо населените подрачја тука може да сеужива во активностите и атракциите кои нудат ги нудат на ова патувања низ Арктикот. Крстарењето низ Арктикот е омилено поради својата изолираност,но има локации каде што е можно безбедно у...
Аустралија
Патувањата низ Австралија се популарни меѓу патниците кои имаат претходно искуство или се одлучиле за прв пат за крстарење. Патувањата низ Австралија нудат извонредна можност да се ужива во природните убавини и модерната архитектура. ...
Аљаска
Патувањата низ Алјаска ви нудиат да доживеете и да истражувате неверојатна разновидност на животинскиот свет, од гризли мечки, риболов во чист планински потоци, китови кои мигрираат на југ во зима како и нескротливата пустина на Аљаска. Крстарење Алјаска е уникатно искуство на располагање во ра...
Дубаи
Патувањето во Дубаи ви нуди исклучителна можност за разгледување на светскиот центар на бизнисот и целата војска на многу големи спортски настани. Дубаи е дестинација која од година во година иам зголемување на порастот на патници и патувања....
Кариби
Крстарењето на Карибите е популарно за искусни патници и патници во потрага со побавно темпо и опуштање во удобна околина. Патувањето низ Карибите нуди изобилство можности за одмор, уживање на плажите, нуркање, едрење, и голф....
Медитеран
Медитеранските патувања ја отелотворуваат историјата и културата на целиот западен свет. Крстарењето низ Медитеранот открива изненадувачки слики, енергична убавина, идиличен живот, најголем град во Шпанија, Франција, Италија, Тунис, Мароко, Португалија, убавината на Турција, Грција и нејзините остро...
Северна Америка
Крстарењата низ Северна Америка ќе ви откријат еден нов свет. Тоа е релаксирачко патување по карпестиот брег на Канада и Северна Америка, каде што убавината ви го одзема здивот а може да ви го обезбеди само крстарењето низ Северна Америка....
Северна Европа
Крстарењето по Балтикот и Фјордовите ќе ве однесе до еден од најпознатите фасцинантни области во светот, тоа е комбинација на спектакуларни природни убавини и богата историја на градот....
Трансатлантик
Прекуокеанските патувања ќе ве вратат во ерата на големите патнички бродови кои патувале помеѓу Европа и Америка. Патниците тогаш со денови биле на палубата, а потоа уживале во кулинарските деликатеси и наздравувале со шампањ. ...
Хаваи
Патувањата по Хаваи ќе ве однесат на една од најегзотичните пејсажи во светот. Хаваи се наоѓа во средината на Пацификот, во крајно релаксирана атмосфера која го смирува умот и прави се да биде полесно и порелаксирано. ...
 
Јас работев на овај брод

Искуството е неописливо , работев со филипинци,нигери,индијци и балканци и посетив прекрасни места во америка,мексико и прекрасни острови кај gulf of mexico ..... со еден збор закон е работиш а уш појако да уживаш на ваков круз
 
КРСТАРЕЊЕ ВРЕДНО 30.000 АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ... КОЕ НАВИСТИНА ВРЕДИ !!!

Со оглед дека патувате со луксузен брод и дека го заобиколувате целиот свет, цената претставува вистинска ситница…
Бродот кој ќе биде Ваш дом 107 дена, колку што трае крстарењето, се вика „ Pacific Princess “. Изобилува со луксузни вечерни журки, врвни светски ресторани, бутици на престижните светски брендови…
1-17.jpg

Денот во пловидба, ќе го поминете на преубавиот базен, во барот, на дневните покер турнири и многу други активности. На располагање е врвен спа центар, теретана, библиотека, галерија од светска класа, театар, казино…
На бродот сé е прилагодено кон Вас. Сметајте на многу внимание и особен третман од страна на домаќините. Феноменалната тура која само за време на читањето ги буди сите сетила, предизвикува неверојатно возбудување, ги исполнува сите Ваши очекувања и остава силен белег.
1-23.jpg

Поаѓањето е планирано од Ft. Lauderdale, на Флорида. После следува посетата на градот Лимон, на Костарика, поминот низ Панамскиот канал и краткиот престој во Панама. Од Панама, моќниот брод доаѓа до јужноамериканскиот континент, каде ја обиколува Гуајагла, во Еквадор, Лима во Перу, Чиле… На ред е австралијанскиот континент, каде што се поминуваат Окленд, Брни, Сиднеј, Гуам и конечно, доаѓа Азија. Поинаква култура, архитектура, храна, луѓе. На најголемиот континент се поминуваат Осака, Хирошима, Инчон, Шангај, Хонг Конг, Хо Ши Мин, Бангкок, Куала Лумпур, Фукет, Мангалоре, Мумбаи, Дубаи, Доха, Луксор… Од азискиот континент се продолжува кон Африка. Овде се поминуваат Шарм Ел Шеик, Акаба, Каиро. Прекрасниот брод со неодолив шарм, продолжува кон Израел, каде се посетува Ерусалим, па се продолжува кон Лимасол, Истанбул, Атина, Котор и последна дестинација – Венеција…
Ова крстарење вреди живот !!! Вреди да се искуси…
1-34.jpg

1-42.jpg

1-53.jpg

1-74.jpg

1-84.jpg

1-95.jpg

1-113.jpg

1-132.jpg

1-143.jpg

1-152.jpg

1-161.jpg

1-171.jpg

1-182.jpg
 
Има ли некои понуди за крстарења за летово/есенва од македонските агенции? Или поевтино ќе ми биде сама да си средам аранжман?
 
Сакам да одам на крстарење ова лето во август месец, па ме интересира дали знаете агенции кои посредуваат тргнувања (организиран превоз) од Скопје. Исто битно ми е тргнувањето да биде од Италија-Џенова, Чивитавекија или Неапол бидејќи сакам да ја посетам Шпанија и некој нејзин остров. Не сакам сама да организирам превоз бидејќи има многу мислачки и главоболки а дали ќе испадне точно по планот никогаш не се знае.

И ве молам некој што имал било какво искуство со овој тип на патувања нека пише.
 
Ајде да ја активирам темава. Бил некој да сподели искуство. Слушнав мн скриени трошоци имало.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom