Се правиш наудрен или стварно си удрен?
Дали Венецуела е безбедносен ризик за САД? Не, Венецуела не е никаков безбедносен ризик, дури и се наоѓа на друг континент и е лоцирана на 3000 километри од границата на САД.
Дали е Украина безбедносен ризик за Русија?
Да и се граничи со Русија и е основана на историски руска земја.
Дали некој сакаше дa става интерконтинентални балистички проектили во Украина пред да почне војната? САД преку НАТО. Дали некој сакаше да ги истреби Русите од источна Украина. Да, сакаа наци структурите на Украина.
Дали киднапирањето на Мадуро е договорено со структури во Венецуела? Очигчедно дека е.
Е сега замисли истово Русија да го правеше и во Канада да сакаше да стави ракети или Канада да ја примеше во воен сојуз со уште 4 -5 азиски земји. Како Американците ќе реагираа?
Две сосема различни ситуации. Русија се брани, Америка напаѓа/ограбува послаби земји за ресурси што и требаат.
Најмоќната војска на свет ако е стварно најмоќна ко што тврди, нека си ги собере мудата и нека удри директно во Русија или Кина, без прокси војни и без прокси играчи. Сега за сега упаднаа во корумпирана и економски истоштена држава која сама се продава ко курва на аутопут. Тоа им е достигнувањето.
Да бидеме искрени, денес латиноамериканските држави се соочуваат со нов империјалистички колонизатор откако расчистија со Шпанија во првата половина на 19-от век.
Во овој период, поконкретно во 1823 година, тогашниот претседател на САД, Џејмс Монро, ја објави таканаречената Монрова доктрина, која гласи дека САД нема да дозволат било која европска држава да се меша во внатрешните работи на било која латиноамериканска држава, но исто така за возврат САД нема да се мешаат во внатрешните работи на било која европска држава - овој вториов дел американците од поодамна не го почитуваат.
На латиноамериканските држави - со исклучок на Мексико, кое изгуби повеќе територии во војни против САД веднаш откако Шпанците си заминаа - не им сметаше Монровата доктрина се` до крајот на 19-от век кога САД почнаа да си играат империјалистички игри против Шпанија, притоа припојувајќи ги или ставајќи ги под американска окупација Порторико, Филипини, Куба, Гуам, подоцна го организираа државниот удар во Кралството Хаваи во Тихиот Океан, кој резултираше со формирањето на Република Хаваи која потоа САД ја анектираа, и секако други империјалистички војни и спонзорирање и организирање на државни и воени удари низ Латинска Америка.
Денес Монровата доктрина е друг израз за американски империјализам и колонизација на Латинска Америка, единствена причина зошто американците не тргнуваат во масовен воен поход за директна окупација на латиноамериканските држави е бидејќи без разлика колку тие држави се корумпирани и воено дезорганизирани, сепак локалното население нема да биде пријателски расположено и гостопримливо кон јенките.
Можат да ги освојат, но нема да можат да ги држат под окупација, териториите се огромни, а жителите ги има над 650 (ШЕСТОТИНИ И ПЕДЕСЕТ) милиони, од кои само во Мексико - веднаш до јужната граница на САД, живеат над 126 (СТО ДВАЕСЕТ И ШЕСТ) милиони жители.
А финансиски таквата окупација ќе ги осакати САД, кои и онака веќе се најзадолжената држава во светот, а кога окупираш туѓи територии не ги превземаш само ресурсите и населението на тие територии под твоја контрола, туку исто така ги превземаш и нивните финансиски обврски и нивните долгови.
Затоа се водат според проверена и докажана формула: не им е важно кој кучкин син ќе го постават на власт во туѓа држава, се` додека е нивен кучкин син.