Ах тој Владимир, западов никако бел ден да не види поради него.
А овој па уште и првото презиме (кај латиноамериканците заедно одат прво презимето на таткото, па потоа презимето на мајката) му е Падрино - во превод: кум - Владимир Кумовски Лопезовски.
Инаку, Диосдадо - во превод: од Бога даден

- Кабељо беше еден од најблиските соработници, ако не и најблискиот соработник, на покојниот Хуго Чавез, и повторно еден од најблиските соработници, ако не и најблискиот соработник на Николас Мадуро.
Ако тој навистина има контрола врз вооружените сили на Венецуела и ако не договорил некоја скриена зделка со американците, тогаш во пракса ова што се случи во Венецуела е исто што беше симнувањето од власт на Никита Хрушчов во Советскиот Сојуз, и неговото заменување со Леонид Брежњев - ништо ново и ништо подобро.
https://sdk.mk/index.php/svet/venet...na-privremenata-pretsedatelka-delsi-rodriges/
ВЕНЕЦУЕЛСКАТА ВОЈСКА Ѝ ДАДЕ ПОДДРШКА НА ПРИВРЕМЕНАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ДЕЛСИ РОДРИГЕС
4 јануари 2026 - 18:47
Родригес беше поставена на функцијата од Врховниот суд (Фото: АФП)
Министерот за одбрана Владимир Падрино Лопес изјави дека војската ѝ даде поддршка на потпретседателката Делси Родригес да биде привремена претседателка на Венецуела. Таа беше поставена на функцијата од Врховниот суд по американската воена акција во која беа заробени претседателот Николас Мадуро и првата дама Силија Флорес.
„Војската го отфрла кукавичкото киднапирање на Мадуро и неговата сопруга по ладнокрвното убиство на голем дел од неговиот безбедносен тим, војници и невини цивили“, кажа Падрино во ТВ-обраќањето.
Тој го повика народот на Венецуела да им се врати на своите нормални активности.
Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо изјави дека владата останува обединета зад Мадуро, кој е во притвор во Њујорк и утре првпат треба да се појави во суд.
„Единството на револуционерните сили е повеќе од загарантирано, а тука има само еден претседател, чие име е Николас Мадуро Морос. Никој не треба да падне на провокациите на непријателот“, изјави Кабељо.
Венецуела сѐ уште официјално не го објавила бројот на жртви во вчерашниот американски напад. Повикувајќи се на неименуван венецуелски функционер, „Њујорк тајмс“ објави дека загинале најмалку 40 луѓе, вклучувајќи цивили и припадници на вооружените сили.