Криптозоологија (листи, објаснувања, медија)

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Локација
Haunted Hayride
Веб-сајт
misterijamk.blogspot.com
Овој пат, ќе дознаете за некои чудни суштества кои веруваме дека се шетаат низ копново, пливаат во вода, а богами и летаат по небото.

Музика за читање :)

Долнава дефиниција е малце школска, ама одлично ќе ви долови што ќе читате.

Криптозоологијата(Криптоботаника) е некој вид на наука која ги проучува криптидите. А криптидите се суштества(може и билки) кои неможат да се препознаат или научно да се докажат.

Типичен пример за криптиди се Сасквач(Бигфут), Лох Нес, Јети и остала багра. Но, во темава сакам да обрнеме внимание и да им дадеме шанса на непознатите криптиди, а ги има премногу.

Од толкав голем број на криптиди, има:
1. Непотврдени - Криптиди кои негде се спомнуваат, но не се знае ништо.
2. Надградени - Криптиди кои имаат алтернативно објаснување за нивно постоење.
3. Истребени - Криптиди кои исчезнале со тек на периодот. (Има случаеви каде што се верува дека живеат во мали заедници)

А има и такви кои веќе не се криптиди:
1. Потврдени - Нивното постоење е потврдено.
2. Измами - Криптиди кои се верувало дека постојат, но подоцна се дознало дека се лага.

_____________________________________________________________________________

Сега следи една листа:

Апалачински црн пантер
Статус - Непотврден
Опис - Црна, голема мачка
Локација - Кентаки, Пенсилванија и скоро низ цел САД.

Black_puma.jpg

Аја Напа
Статус - Непотврден
Опис - Слично на диносаурус, слично на крокодил.
Локација - Кипар

Scyllaeastmedmonster.jpg
?!

Блуп
Статус - Непотврден
Опис - Ова всушност било некој звук од најверојатно некое огромно суштество.
Локација - Брегот на Јужна Америка

Bloop.jpg

Бондегезоу
Статус - Потврден
Опис - Кенгур што се качува по дрва.
Локација - Нова Гвинеја, Индонезија

Buergers%27_Tree-kangaroo%2C_Dendrolagus_goodfellowi.JPG

Бунјип
Статус - Непотврден
Опис - Езерско и пештерско суштество
Локација - Австралија

419px-Bunyip_1890.jpg

Елазмотериум
Статус - Истребен
Опис - Огромен носорог, тревопасен цицач
Локација - Азија

800px-Elasm062.jpg

Волпертингер
Статус - Измама
Опис - Цицач
Локација - Германија

531px-Wolpertinger.jpg

Тилацин (Тисмански тигар, тисмански волк)
Статус - Истребен, но се верува дека уште постои низ шумите на Тасманија.
Опис - Карниворен тигар/волк
Локација - Тасманија, Австралија

Thylacinus.jpg

Алигатор низ подземјето
Статус - Непотврдено, урбан мит
Опис - Алигатор
Локација - Низ урбаните населби

Sewer_gator.jpg

Има уште многу, но прво сакам да видам нешто ваше :)
 
Свињомечкочовек

Статус--потврден
Опис-- пола свиња, пола мечка, пола човек.
Локација-- Колорадо, УСА

Човекомечкосвиња
 
Исто и за мамутот, истребен вид но сега во Јапонија си играат со ДНК-ки и остали ствари и голема е веројатноста да направат клон на мамут, е сеа колку е пожелно тоа и за каква цел е ќе видиме.
Исто интересно ми е митското суштество пола човек пола коњ. :)
 
Кентаур
Статус - Непотврдено, мит
Опис - човек - бик
Локација - античка Грција
--- надополнето: 23 септември 2013 во 21:58 ---
Свињомечкочовек

Статус--потврден
Опис-- пола свиња, пола мечка, пола човек.
Локација-- Колорадо, УСА

manbearpig.jpg

Сериозно дека ова е потврден?
 
Имаше една измама за линкот помеѓу човекот и мајмунот...тако звани човеколики мајмун. Ама кој знае, може ќе го најдат во догледно време. :D
 
Ова Блуп, за некое си чудовиште кои испуштило крици, пред некоја година читав една статија дека тоа се случило во 1994та година, како што наведе и @КвикСилвер во Америка. Се претпоставува демек било чудовиштето Cthulhu, некоја ваква форма (бидејќи не е видено) само си нагаѓаат демек.

Мене искрено кога и да го пуштев звукот, повторно и повторно се намовнував и имав страв.. :confused:
 
Кентаур
Статус - Непотврдено, мит
Опис - човек - бик
Локација - античка Грција
--- надополнето: 23 септември 2013 во 21:58 ---

Сериозно дека ова е потврден?
Кентаур не е човек-коњ?
 
Тилацин (Тисмански тигар, тисмански волк)
Статус - Истребен, но се верува дека уште постои низ шумите на Тасманија.
Опис - Карниворен тигар/волк
Локација - Тасманија, Австралија

Thylacinus.jpg

Истребени се буквално сите...
Последниот умира во зоолошка во 1936 во Хобарт, Тасманија

puno

Кентаурот е пола човек- главата, рацете и градниот кош, а пола коњ- долниот дел и нозете.

220px-Brooklyn_Museum_-_Centauress_-_John_La_Farge_-_overall.jpg
 
Време е да се активирам во мојот омилен подфорум (Мистерии), благодарение на Квик... Еве и од мене некој криптид..

Chupacabra

Местоположба: Пуерто Рико и Мексико

Првиот репорт, за напад од ова суштество било во далечната 1995та година, Март месец. Колку што имам читано за ова суштество, најчесто напаѓало животни, што значи било месојадец.

Сеуште не сум начекал некое доверливо видео или слика со која би се дознала вистинската форма на ова суштество, но би споделил некои слики онака колку да се разгледа.. :)

Chupacabra2.jpg

dewitt_chupacabra.jpg
 
Добар пост,дефинитивно,само оваа слика ти е обично куче болно од шуга најверојатно :D
 
Исто и за мамутот, истребен вид но сега во Јапонија си играат со ДНК-ки и остали ствари и голема е веројатноста да направат клон на мамут, е сеа колку е пожелно тоа и за каква цел е ќе видиме.
Исто интересно ми е митското суштество пола човек пола коњ. :)
најнов апдејт е дека веќе е започнат проектот за враќање на Мамутот ... главниот што го води проектот е Русинот што го најде и откопа ,му го заборавив името .... еве линк

http://www.theguardian.com/science/2013/jul/31/woolly-mammoth-dna-cloning

baby-mammoth-carcass-008.jpg
 
Добар пост,дефинитивно,само оваа слика ти е обично куче болно од шуга најверојатно :D

:) Што знам баш повеќето слики ми асоцираа на нешто, па затоа и ја поставив... еве уште неколку, но доколку мислиш дека е така тогаш се извинувам за дезинформацијата. :)

6048076623_9196e2ddcc_z.jpg

chupacabra11.jpg

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom