Криминалци и криминални групи во МК

Лабаво со цз 99 :tapp:
 

Attachments

  • 733F7CEC-6D43-4FBA-835F-0D1A96266106.jpeg
    733F7CEC-6D43-4FBA-835F-0D1A96266106.jpeg
    456,1 KB · Прегледи: 305
Што се случувало во ресторанот Биг Фиш пред убиството на велешаните
Зошто саботниот број на Дневник, во Велес беше разграбен уште изутрина? За тие што не можеле да го прочитаат текстот, еве го во продолжение

Петар Печков

Објавено: сабота, 11 септември 2010

Убиецот застана до нас и рече: „‘Ркул, дигни ја главата!“. Јордан се' уште јадеше и беше наведнат, па додека ја крена главата, Тони почна да пука кон него. Уште кога го испука првиот куршум знаев дека ‘Ркул е мртов. Тони пукаше сакајќи да не' убие сите што седевме на масата, рекла преживеаната девојка пред истражниот судија


Го гледав Тони во очите. Беше мртов ладен и имаше празен поглед. Не чувствуваше ни тага ни среќа, едноставно не трепна. Пукаше за да не' ликвидира сите на масата.

Ова е дел од кусата изјава што ни ја даде девојката што го преживеа трикратното убиство во ресторанот „Биг фиш“ во Трговскиот центар „Три бисери“ во Скопје, каде што Тони Денковски со автоматска пушка ги изрешета велешаните Јордан Јорданов - ‘Ркулот (37) и Влатко Андреевски - Пичот (26), и полицаецот Владо Милошев (36) од Скопје. Девојката, чиј идентитет нема да го откриеме во интерес на истрагата, не сакаше во детали да зборува за случајот и рече дека се' што имала рекла во истрагата. Таа е револтирана од, како што вели, „шпекулациите што секојдневно се објавуваат во медиумите“ и токму затоа одбива секаков контакт со новинарите.

Само кратко ни рече дека ги познавала ‘Ркулот и Владо, а дента кога се случи трикратното убиство Пичот го видела вторпат во животот.

„Дневник“ дојде до делови од изјавата што девојката ги дала во истрагата и дел од нив ќе ги објавиме, а дел во интерес на истрагата не ги објавуваме.

Во минатиот четврток ‘Ркулот дошол во Скопје и и' се јавил за да се видат. Заедно со Пичот отишле во ресторанот „Биг фиш“ и седнале на една од масите. По кратко време ‘Ркулот му се јавил на познајникот Владо, кој живеел во близина. Го замолил да дојде, но тој рекол дека е зафатен со работа околу станот и оти ако можел, ќе дојдел подоцна.

- Владо, сепак, дојде и ни рече да се преместиме на друга маса, на која тој редовно седел. По 5 до 10 минути влезе Тони, кого првпат во животот го видов тогаш. Беше со уште еден човек, но не го ни видов убаво. Дојде до нашата маса и се поздрави со ‘Ркулот и со Влатко. Немаше никаква тензија, но немаше ниту некоја посебна срдечност. Не си кажаа ниту еден лош збор. Тој потоа седна дијагонално од нас и ручаше. Никој на нашата маса не го спомна подоцна - рекла девојката пред истражните судии. Во истрага таа рекла дека не забележала кога и дали Тони излегол од ресторанот, но следниот пат кога го видела тој стоел до нив држејќи во рацете нешто што отпрвин и' личело на крпа.

- Тони застана до нас и рече: „‘Ркул, дигни ја главата!“ Јордан се' уште јадеше и беше наведнат, па додека ја крена главата, Тони почна да пука кон него. Уште кога го испука првиот куршум знаев дека ‘Ркул е мртов. Тони пукаше сакајќи да не' убие сите што седевме на масата - рекла таа.

Во следните неколку мига целиот ресторан се испразнил.

- Влатко беше застрелан и имаше празен поглед. Му ја држев раката велејќи му дека никој не умира сам. Го забележав и Владо, кој седеше некако згрчен и неподвижен, но не можев да видам дали е ранет. Го замолив да стане. Бев убедена дека ќе остане жив - рекла девојката пред истражниот судија.

За тоа време Тони излегол од ресторанот одејќи пополека. Очевидци велат дека тој никаде не брзал. Се ослободил од пушката и продолжил да оди. Наводно им се јавил на своите дома барајќи да не спијат во куќата.

Наредниот ден Тони сам се пријавил во полициска станица. Тврдел дека поради долг го убил ‘Ркулот. Тој сега е во истражен затвор каде што ќе го чека судењето.


‘Ркулот бил под притисок да се врати во наркобизнисот

„Дневник“ дознава дека ‘Ркулот подолг период се обидувал да се тргне од криминалот и поради семејството не' потклекнувал под притисокот да се врати во наркобизнисот. Наводно одредени структури повеќе од една година го притискале да се врати во Германија, каде што неофицијално имал развиено наркобизнис како дел од таканаречената Франкфурт-мафија.

Причината поради која тој одлучил да води чесен живот било семејството. Едно од децата имало траума од неговото апсење во Велес и оттогаш рекол дека е доста. Имал доволно пари да почне легален бизнис и во последно време се занимавал со недвижности. На блиските им велел дека сака сите да дознаат дека сега е чист, но знаел дека од минатото не може да побегне. Никогаш не им се доверил на блиските кој го притиска да се врати во бизнисот. Пријателите велат дека ‘Ркулот никогаш немал дебело криминално досие, како што се шпекулира по медиумите, и осомничен е само за нелегално поседување оружје, за што немал ниту правосилна пресуда. Затоа и бил на слобода. Оние што го познавале велат дека тој никогаш не носел оружје со себе и никогаш не му била потребна лична заштита.

преземено од Дневник

http://tirekovmirece.com/Novost/Што-се-случувало-во-ресторанот-Биг-Фиш-пред-убиството-на-велешаните

Веќе многу пати добро коментиран случај, но баш овој текст не сме го објавиле никогаш а е најдобар текст за случајот.
 
Последно уредено:
Угостител од Македонија жртва на крвна одмазда во Швајцарија
December 25, 2018

https://expres.mk/ugostitel-od-makedonija-zhrtva-na-krvna-odmazda-vo-shvajcarija/

(Одмазда за Дилавер Бојку, не можам да го копирам текстот ќе си го прочитате од линкот)

за Бојку имаше реконструкција сеа скоро на код кога син му сведочеше дека убијците избегале со мерцедес со швајцарски таблички?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
за Бојку имаше реконструкција сеа скоро на код кога син му сведочеше дека убијците избегале со мерцедес со швајцарски таблички?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Да
 
за Бојку имаше реконструкција сеа скоро на код кога син му сведочеше дека убијците избегале со мерцедес со швајцарски таблички?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Многу веројатно син му, да си ја платил емисијата да ја направат како што сака, не велам дека не е точно тоа со табличките, туку на големо се зборува дека емисијата знае да функционира и така.[DOUBLEPOST=1545851570][/DOUBLEPOST]ВИДЕО Затвореници се изживуваат врз поранешниот началник на Кочани осуден во „Детонатор“
26/12/2018

https://fokus.mk/video-zatvorenitsi...iot-nachalnik-na-kochani-osuden-vo-detonator/[DOUBLEPOST=1545852147][/DOUBLEPOST]"Уште една снимка од БИФШИОТ Кочанскиот Командир НА П.С Кочани како мете.... ВАНО ЈАС и Angelco Kralov кога те шамаревме во опатија и ти кажавме дека шамари јадеш поради правда за дечките што ги намести во ДЕТОНАТОР случајот не ме веруваше!!!
П.С Началниче Јас сега ке направам некоја глупост што фаќа затвор до 6Месеци и ќе влезам кај што си ти.... А НАТАМУ ТИ МИСЛИ МУ ЈА ИМА БААЃИ КОФИ СО ВОДА ВО ЗАТВОРОТ ВО СТРУМИЦА, ЈАС КЕ ГИ НОСАМ КОВИТЕ СО МОЈАТА ИНВАЛИДНА КОЛИЧКА, ТВОЕ Е ДА ВНИМАВАШ И ДА НЕ СЕ СОПНЕШ- БИДЕЈКИ КЕ СЕ УДАВИШ!!!!
П.С по дома твоите психички се растроени да појдам да им ја средам ПСИХАТА А!!???!!!
П.П.С ЏУКА а ЈАС сега ке се потрудам да влезам, и пошто сега сакаш да се искупиш СО ВАНОТО што те штитеше-ЈАС КЕ МЕТАМ СО ВАС ЗАЕДНО НА ИНВАЛИДНАТА КОЛИЧКА КЕ ВЕ ВЛЕЧАМ!!!"
 
Последно уредено:
Сакам да се надоврзам на муабетот, во врска со претседателката на Унија на Жени. Не знам дали во Скопје е истата претседателка. Се вика Вера (Верче), со плава коса.
Летово што помина, жените во Унијата требаше да идат на патување. Им ги зема парите набрзина на жените, во кои беше и моја роднина, патувањето не се оствари, а парите не беа вратени. Документ дека уплатиле не им дала. Пријавиле во полиција, полицијата ништо не направила. Кога и се јавиле на неа, рекла дека не било тоа нејзина одговорност (иако таа ги земала парите директно) и да се обрателе кај возачот на автобусот. Возачот немал пари да им врати, нормално. И ете и ден денес парите не се вратени. Одговорноста од главниот виновник отиде кај сосем друг човек.

Дали е можно да има некој јак грб па да ја штити полиција?
За некој може се многу 70 евра, но за некој тие пари значат.
[DOUBLEPOST=1545897579][/DOUBLEPOST]
Сакам да се надоврзам на муабетот, во врска со претседателката на Унија на Жени. Не знам дали во Скопје е истата претседателка. Се вика Вера (Верче), со плава коса.
Летово што помина, жените во Унијата требаше да идат на патување. Им ги зема парите набрзина на жените, во кои беше и моја роднина, патувањето не се оствари, а парите не беа вратени. Документ дека уплатиле не им дала. Пријавиле во полиција, полицијата ништо не направила. Кога и се јавиле на неа, рекла дека не било тоа нејзина одговорност (иако таа ги земала парите директно) и да се обрателе кај возачот на автобусот. Возачот немал пари да им врати, нормално. И ете и ден денес парите не се вратени. Одговорноста од главниот виновник отиде кај сосем друг човек.

Дали е можно да има некој јак грб па да ја штити полиција?
За некој може се многу 70 евра, но за некој тие пари значат.
Ова е тааСнежана Стефаноска.jpg
 

Attachments

  • Снежана Стефаноска.jpg
    Снежана Стефаноска.jpg
    5,1 KB · Прегледи: 50
Да те има на доказм, исто ко имагинарното другарче да ти дај комплимент.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom