Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.625
- Поени од реакции
- 9.156
- Возраст
- 39
Ниту една прослава, роденден, свечена пригода не е комплетна доколку на трпезата нема барем еден вид крем салата. Одат со сите видови бели пецива, а ако се добро издекорирани едноставно не можете да им одолеете 
Начинот и рецептите за подготовка се различни. Секој ги подготвува според свој вкус.
Кои ви се омилени крем салати? Се придржувате ли стриктно кон рецепта за одредена салата или знаете да додадете/извадите некоја состојка?
Ги приготвувате сами или купувате готови крем салати?
Некој рецепт да споделите?
Еве од мене нешто
Руска салата (без неа неможеме да ја испратиме старата и да ја дочекаме новата година)
Потребни состојки:
- 500 гр шунка,
- 500гр компир,
- 300 гр морков,
- 300 гр кисели краставички,
- 500 гр грашок,
- 3 јајца,
- 700 мл. мајонез
- 1 лажица сенф
- сол
-бибер
Подготовка:
Сварете ги компирот и морковот и потоа исцедете ги убаво на кујнска крпа. Сите останати намирници исецкајте ги на мали коцки, колку што можете по тенки. Краставичките ставете ги во цедалка убаво да се исцедат. Потоа додадете го мајонезот и сенфот за да се спои смесата со мешање. Оставете во фрижидер да се стегне и потоа уживајте.
Француска салата
Потребни состојки:
- 1 кгр солена урда
- 1 краставица ситно сецкана и убаво исцедена
- 150 гр ситно сецкана шунка
- 150 гр сецкани ореви
- 250 мл мајонез
- 250 мл павлака
- 2 лажици сенф
- црн бибер, сол
по желба може малку лукче
Подготовка:
Во длабок сад се мешаат сите состојки, само внимавајте да не претерате со сол
Салата од пилешко и макарони
Потребни состојки:
- 300 гр. пилешки стек
- 150 гр. морков
- 150 гр. грашок
- 150 гр. пченка
- 100 гр. кашкавал
- 300 гр. макарони
- 1 лажица сенф
- 400 мл. павлака
- малку сол
Подготовка:
Во посебни тенџериња сварете ги пилешкиот стек, морковот, макароните. Сварениот стек исецкајте го на коцки. Морковот исецкајте го и исцедете го.
Додајте го пилешкиот стек во оладените макарони па измешајте заедно со зеленчуците и изренданиот кашкавал. Сенфот измешајте го со павлаката и малку сол па промешајте со макароните, пилешкото и зеленчукот.
Урнебес салата
Потребни состојки:
- 500гр. урда
- 2 кисели павлаки
- 100 гр. ореви
- 3-4 чешниња лук
- 1 лажица лут буковец
- 1 лажичка црвен пипер
Подготовка:
Истолчете ги оревите и лукчето. Додајте ја урдата со останатите состојки. Убаво измешајте и сервирајте.
Пченка салата
Потребни состојки:
- 300 гр. пченка (конзерва или замрзната)
- 300 гр. компир
- 5 кисели краставички
- 200 гр. шунка
- 1 лажица печен сусам
- 200 мл. мајонез
- 1 кисела павлака
- сол и бибер
Подготовка:
Компирот сварете го со лушпа, излупете го и крупно изрендајте. Краставичките и шунката ситно исецкајте ги. Промешајте ги сите состојки заедно и посолете.
Mимоза
Потребни состојки:
- 6 средно големи компири
- 6 јајца
- 350 гр. салама по избор
- 350 гр. сирење мешано
- 400 мл. павлака
- 300 мл. мајонез
- сол и бибер
Подгoтовка:
Сварете ги компирот (без лушпа) и јајцата. Оставете да се оладат за да можете лесно да ги изрендате. Додека тие се ладат, со миксер изматете ги павлаката и мајонезот со сол и бибер по желба.
Во стаклен длабок сад за салата почнете да ја сложувате по следниот редослед. На дното ставете половина од ренданиот компир. Благо со прстите распоредете го по дното за да биде целосно покриено. Премачкајте со 1/4 од изматениот фил. Преку филот изрендајте половина салама, па 3 сварени јајца и и 1/2 количина сирење. Благо израмнете и премачкајте со 1/4 фил. Изрендајте ги и преостанатите компири и премачкајте со 1/4 фил. Повторно рендате од остатокот салама, па јајца, сирење и завршувате со последната четвртина фил. Декорирајте по желба.
п.с.Препорачливо е салатава да ја правите во стаклен, проѕирен сад за да се видат убаво слоевите од намирниците.
Цвекло салата
Потребни состојки:
- 1тегла со цвекло(1кг)
- 1кг варена телешка кртина
- 4варени компири
- 4лажици мајонез
- 500гр павлака
- сол по вкус
Подготовка:
Цвеклото ситно се сецка и се става во цедалка да се исцеди. Вареното телешко го сецкате ситно, исто и компирите. Мешате се заедно и ја додавате павлаката и посолувате, па го додавате и мајонезот на крај.
п.с.Наместо телешко може да ставите варен пилешки стек