Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Хомоеректусот и хомосапиенсот се ист вид. На ота се работи според последните откритија за целосен геном.
.
Си смешал не е Хомо Сапиенс и Хомо Еректус туку Хомо Сапиенс и Хомо Неандертелесис. Дури и предлагаат да го сметнат името на денешните луѓе во Хомо Сапиенс Сапиенс за да се разликуваат од другиот подвид на Хомо Сапиенс- Хомо Сапиенс Неандертеленсис.
 
Јас не отфрлам постоење на Бог. Јас велам дека не постои Бог со антропоморфни особини, онакви какви што сакате да ги прикажете со буквално цитирање на библијата.

Јас сум приврзаник на друга теза за настанокот на хомоспаиенсто, како плод на друга цивилизација. Ама тоа е друга тема. Не тука.

Ок, фала ти....непотребно теравме напната дискусија....имам поприлично контра-аргументи и во ова верување (прашање де), ама ај во друга прилика....малку сум у “темелков“ фазон сега...
 
Еве линкови на кој е објаснето како се дошло до сознание дека има толкав број на животински видови:
http://www.nytimes.com/2011/08/30/science/30species.html?_r=1&
http://en.wikipedia.org/wiki/Species
Останува да понудиш аргумент и да го побиеш овој, или да останеш на својата негација која нели е линија на помал отпор.

Аргументот барај го кај протестаните, оти тие љубат аргументи со кои „као„ ја докажуваат својата исправна вера, а од мене можеш да добиеш само вер(б)а во Бога и во Неговата промисла за спасение на праведниците и животинките преку Ноевата арка.

Ако Бог смеал дека е многу битна цифрата од животинки во арката, Он би ни‘ ја открил одамна. Вака, ми/ни‘ останува само да веруваме дека Бог го открива само она и само онолку, колку што е за нас битно.
 
Си смешал не е Хомо Сапиенс и Хомо Еректус туку Хомо Сапиенс и Хомо Неандертелесис. Дури и предлагаат да го сметнат името на денешните луѓе во Хомо Сапиенс Сапиенс за да се разликуваат од другиот подвид на Хомо Сапиенс- Хомо Сапиенс Неандертеленсис.

Не сум смешал. Ќе дојдеме и до Хомо неандерталесис. Не е предлогот само за да се разликуваат.

Најинтересното е што најверојатно имало мешање меѓу двата вида. Ќе видиме што ќе излезе.
--- надополнето: 10 април 2013 во 00:06 ---
Ок, фала ти....непотребно теравме напната дискусија....имам поприлично контра-аргументи и во ова верување (прашање де), ама ај во друга прилика....малку сум у “темелков“ фазон сега...

Па фала богу дек аимаш контра аргументи. :P Таман работа д анемаш.
--- надополнето: 10 април 2013 во 00:14 ---
Еве линкови на кој е објаснето како се дошло до сознание дека има толкав број на животински видови:
http://www.nytimes.com/2011/08/30/science/30species.html?_r=1&
http://en.wikipedia.org/wiki/Species
Останува да понудиш аргумент и да го побиеш овој, или да останеш на својата негација која нели е линија на помал отпор.

Што е разлика од вид до подвид?

Можат ли да се спарат вид и подвид и да дадат плодно потомство?
 
Ипси,
ај не ми прај финти „а ла Чорбаџија„...

Од една страна, го критикуваш креационизмот, а од друга страна, користиш креационистички рационализам. Колку ми е познато, ниту еден црковен апологет, нема наведено никаков есап за точиот број од животинки кои биле спасени во арката и сега Ти се нафаќаш да го откриеш она кое никој не го отркил, а се повикуваш на нешта кои се познати денес, а не кои биле познати пред цца 4 500 г.
Мики! Ако креационизмот ја исклучува можноста од помалку видови да настанат повеќе (еволуција), тогаш бројката од 8,7 милиони видови во минатото неможе да била помала! Можела да биде само поголема! Ова според твојата - Креационистичка логика!
За тоа од каде таа бројка, ти наведов извор! Повели демантирај ги тие податоци, или повели одбери ја линијата на помал отпор!
 
Што е клонирање - еволуција, интилигентен дизајн, креационизам, нешто друго...?

Што е создавање нов лабораториски вид од веќе постоечки - еволуција, интилигентен дизајн, креационизам, нешто друго...?
 
Аргументот барај го кај протестаните, оти тие љубат аргументи со кои „као„ ја докажуваат својата исправна вера, а од мене можеш да добиеш само вер(б)а во Бога и во Неговата промисла за спасение на праведниците и животинките преку Ноевата арка.

Ако Бог смеал дека е многу битна цифрата од животинки во арката, Он би ни‘ ја открил одамна. Вака, ми/ни‘ останува само да веруваме дека Бог го открива само она и само онолку, колку што е за нас битно.
Тогаш ако тебе аргументите не ти се битни, туку ти е битна вербата, ШТО БАРАШ НА ТЕМАВА ДА СЕ ПЕНАВИШ И ДОКАЖУВАШ?!

Тоа што е откриено во библијата за димензиите на арката и тоа што се знае како проверена, класифицирана и документирана бројка на животински видови е факт! Аргумент, Доказ! И ти одговарал или не, тој е!
--- надополнето: 10 април 2013 во 00:29 ---
Што е разлика од вид до подвид?

Можат ли да се спарат вид и подвид и да дадат плодно потомство?
Доналд, за ова на истава оваа тема имаме дискутирано. Разликата според која настанува нов вид е различниот состав на хромозоми - неможноста да се произведе плодно потомство.
 
Не те прашав тоа. Друго прашав.
 
Мики! Ако креационизмот ја исклучува можноста од помалку видови да настанат повеќе (еволуција), тогаш бројката од 8,7 милиони видови во минатото неможе да била помала! Можела да биде само поголема! Ова според твојата - Креационистичка логика!
За тоа од каде таа бројка, ти наведов извор! Повели демантирај ги тие податоци, или повели одбери ја линијата на помал отпор!

Ипси,

стануваш лесно предвидлив: очекував дека ќе напишеш ваков есапџиски пост, од кој ќе извечеш јак „заклучок„ за можното наголемување на бројот од живите видови, доколку преку арката Ноева биле спасени помалку животински видови од оние кои денес се познати...

Тука има(ш) повеќе фалинки во претпоставката: што ако денес познатиот број живи битија не е конечен? Што ако во догледно време се наголеми бројот од новооткриени живи битија: ќе речеш дека тоа е еволутивен производ?
--- надополнето: 10 април 2013 во 00:43 ---
Тогаш ако тебе аргументите не ти се битни, туку ти е битна вербата, ШТО БАРАШ НА ТЕМАВА ДА СЕ ПЕНАВИШ И ДОКАЖУВАШ?!
.

За да ми биде позабавно...т.е. за да видам како неверните се занимаваат со секакви небитни теми, а никако да ја допрат темата за спасението на душите, која е централна тема во верата, а не егзактниот број од животинки, спасени од Ное, или научното „докажување„ на вистините, откриени во Светото Писмо.
 
За да ми биде позабавно...т.е. за да видам како неверните се занимваат со секакви небитни теми, а никако да ја допрат темата за спасението на душите, која е централна тема во верата, а не егзактниот број од животинки, спасени од Ное, или научното „докажување„ на вистините, откриени во Светото Писмо.

Е за ова е потребно еволуција, ама друг вид:)
 
Тоа што е откриено во библијата за димензиите на арката и тоа што се знае како проверена, класифицирана и документирана бројка на животински видови е факт! Аргумент, Доказ! И ти одговарал или не, тој е!
.

Димензиите од арката се начелно точни, повеќе како пропорција од габаритот од арката отколку нејзината милиметарска точност, но не се црковна догма. Кој вели дека лактот кај претпотопните луѓе има(л) иста должина колку лактот од денешните луѓе, имајќи на ум дека прептотопните луѓе биле покрупни по раст и по вкупните свои способности?
--- надополнето: 10 април 2013 во 00:48 ---
Е за ова е потребно еволуција, ама друг вид:)

Да, еволуцијата на духот, односно: покајанието...
 
Ипси,

стануваш лесно предвидлив: очекував дека ќе напишеш ваков есапџиски пост, од кој ќе извечеш јак „заклучок„ за можното наголемување на бројот од живите видови, доколку преку арката Ноева биле спасени помалку животински видови од оние кои денес се познати...

Тука има(ш) повеќе фалинки во претпоставката: што ако денес познатиот број живи битија не е конечен? Што ако во догледно време се наголеми бројот од новооткриени живи битија: ќе речеш дека тоа е еволутивен производ?
:facepalm:
Ти или не сваќаш...или со сила се правиш дека не сваќаш.
Значи Мики, поаѓам од твое креационистичко гледиште - ДЕКА НЕПОСТОИ ЕВОЛУЦИЈА! Дека сите животни се создадени такви какви што се и колку што се денес!
Е сега, ако имало само едно создавање, а неможе да постои еволуција, бројката од 8,7 милиони видови во минатото може само да била поголема, не помала!
 
Еве Ти еден мој есапџиски одговор, кој е конра-еволуционистички: статистички, дневно на Земјата умираат (неповратно!) по околу 130 видови живи битија!

И, кај ја гледаш еволуцијата, т.е. наголемувањето на бројот од битија, кога е јасно дека тој број се намалува?!

Велам, видови! Не единки!
 
А кој рече дека еволуцијата запрела и дека нови видови не се создаваат повеќе?
Со темпо од 130 видови на ден кој изумираат, живиот свет на планетава би исчезнал за неколку векови, доколку непостои еволуција! И ти ова го сметаш за контра - еволуционистички?! o_O
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom