Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Како му беше името? За што питачеше? Како му се викаа скромните бродови? Како го нарече островот до којшто стаса токму тогаш кога веќе „беше оставен“ без никакви, ниту екипажни ресурси?
Додека истокот се бавеше со наука, уметност и култура, Европа со векови смрдеше во темница, терор и очај предизвикани од владеењето на црквите.

Ренесансата го означи почетокот на крајот на римската и останатите цркви во Европа.

...а ти мислиш дека црквата треба да се пофали за ренесансата... go figure.
 
Па на одреден начин и треба да се пофали. Без таква црква немаше да има потреба од ренесанса.
 
Па на одреден начин и треба да се пофали. Без таква црква немаше да има потреба од ренесанса.
Секако. Немаше да има потреба повторно да ги учиме работите кои црквата не' тераше да ги порекнеме и заборавиме.

Зошто некој воопшто би се препородувал ако не бил континуирано теран у пичку лепу матер едно илјада години... За жал, европјаните мораа повторно да се раѓаат преку ренесансата, за да можат повторно да научат каков е светот навистина.
 
Додека истокот се бавеше со наука, уметност и култура, Европа со векови смрдеше во темница, терор и очај предизвикани од владеењето на црквите.

Кои цркви? Само една самонаречена „црква“ владееше на западот, а тоа е Римокатоличката „црква“.

Ренесансата го означи почетокот на крајот на римската и останатите цркви во Европа.

Малку попрецизно, протестантската реформација го означи почетокот на крајот на Римокатоличката црква и ја извади Европа од темното доба. Протестантската реформација е таа која ги скрши прангите со кои Римокатоличката „црква“ го држеше во ропство народот. Некои од реформаторите со живот платија заради нивното храбро конфронтирање на авторитетот на папата. Јан Хус беше жив запален на клада. Кога огнот си ја завршил работата, правта од изгореното тело тело на Јан Хус била фрлена во реката Рајна.
Каква пародија, некогашниот чешки еретик денес има споменик во главниот град на Чешка (Прага) и Чешка го празнува денот на Реформацијата како државен празник, давајќи признание на универзалните придобивки од протестантската реформација.

Извинете на оф-топикот, само сакав да појаснам.
 
Па на одреден начин и треба да се пофали. Без таква црква немаше да има потреба од ренесанса.
Точно.....
без таква црква 15 век ќе беше ко 21 век што е сега!
 
Како му беше името? За што питачеше? Како му се викаа скромните бродови? Како го нарече островот до којшто стаса токму тогаш кога веќе „беше оставен“ без никакви, ниту екипажни ресурси?

Пардон, остров?

И самата ренесанса, ја донесоа муслимани. Воведот на целата ренесанса, предвесието на истата, се случува во Шпанија, а ја носат Маврите кои таму живееле. Било наука или уметност/естетика.

Ама за овој факт не те учат на школо, уште помалку у црква. Премногу боли, нели? Вистината мислам.
--- надополнето: 2 јули 2012 во 09:59 ---
И да не бидам сфатен погрешно, муслиманите за кои зборам во тој период биле светлосни години понапред во размислувањата (дури споредено со европјаните од тој период), со муслиманите денес, кои се сенка на нивните предци кои живееле во Европа како малцинства низ европскиот запад. Не може да се споредува.

Единственото нешто што ги поврзува било исламот.
 
article-0-13e3d812000005dc-269634x519.jpg
 
Па на одреден начин и треба да се пофали. Без таква црква немаше да има потреба од ренесанса.

Ренесансата како таква не произлезе од Христијанството. Автентичното Христијанство, коешто во некои земји контунуирано траело т.е. трае, како такво е ренесанса (Водата на Животот).
--- надополнето: 5 јули 2012 во 08:50 ---
Пардон, остров?

И самата ренесанса, ја донесоа муслимани. Воведот на целата ренесанса, предвесието на истата, се случува во Шпанија, а ја носат Маврите кои таму живееле. Било наука или уметност/естетика.

Ама за овој факт не те учат на школо, уште помалку у црква. Премногу боли, нели? Вистината мислам.
--- надополнето: 2 јули 2012 во 09:59 ---
И да не бидам сфатен погрешно, муслиманите за кои зборам во тој период биле светлосни години понапред во размислувањата (дури споредено со европјаните од тој период), со муслиманите денес, кои се сенка на нивните предци кои живееле во Европа како малцинства низ европскиот запад. Не може да се споредува.

Единственото нешто што ги поврзува било исламот.

Во твојов пост, се што имаш совесно напишано е точно, и како такво треба да се прифати.
--- надополнето: 5 јули 2012 во 08:54 ---

Некој некако нека му објасни дека пушењето е прештетно за здравјето:)
--- надополнето: 5 јули 2012 во 08:56 ---

Море! :icon_lol:
--- надополнето: 5 јули 2012 во 09:28 ---
Ренесансата како таква произлезе од комбинацијата на Христијанството какво што му беше прифатливо на благородништвото, и материјалната заработувачката на истото тоа благородништво. Затоа, да се понизиме пред Господа, и Неговиот Наум.
--- надополнето: 5 јули 2012 во 09:30 ---
Да и се молиме на Љубовта.
 
Дефинирај ја сентенцијава, те молам.
Кермит ја љубел мис Пиги ли, или не?:icon_lol:
И мис Пиги знае што е љубов, ама некои чекаат од горе да им ја даде, нели? :P
 
И мис Пиги знае што е љубов, ама некои чекаат од горе да им ја даде, нели? :P

Ајде море Атеист:love:, прости:)
Господовата Љубов веќе е дадена веќе(y), треба само совесно, искрено, автентично да се прими.
 
Ајде море Атеист:love:, прости:)
Господовата Љубов веќе е дадена веќе(y), треба само совесно, искрено, автентично да се прими.
A кој нема да ја прими љубовта автентично - нек гори вечно во ужасни маки
 
Ајде море Атеист:love:, прости:)
Господовата Љубов веќе е дадена веќе(y), треба само совесно, искрено, автентично да се прими.
:pos: Абе ај што збориш?
Си примил божја љубов, а зло им посакуваш на луѓето. Џабе ти љубов кон бога и од бога ако кон луѓето си ѕвер.
 
Во твојов пост, се што имаш совесно напишано е точно, и како такво треба да се прифати.

Фала, но мислам дека делум се правиш саркастичен со постот, а тоа не ми се допаѓа :). Има нешто што несовесно е напишано во мојот пост? Се што пишав се историски факти (некои неприфатени, ама не се па побиени).

Ренесансата како таква произлезе од комбинацијата на Христијанството какво што му беше прифатливо на благородништвото, и материјалната заработувачката на истото тоа благородништво. Затоа, да се понизиме пред Господа, и Неговиот Наум.

Ти кажав, ренесансата беше стартувана од муслимански научници, дизајнери и естетичари, кои на европското копно нашле доволно мир, слобода и инспирација да ги истражуваат работите околу нив, а притоа да не го стават под знак прашање постоењето на Алах.

Христијанството, за кое збориш овде, се обидело да ги задуши не само нивните подеми (а воедно и тоа што го направиле дотогаш, да го престават како проиозвод само на европјани) туку и масовно ги протерувале од Шпанија, најголемиот дел кои одбиле да си одат биле убиени. И ден денес имаш во Шпанија недовршени црквенизирани исламски храмови, кои во еден дел содржат естетски елементи типични за муслиманите, а во друг дел правени се реконструкции тоа да личи на христијанска црква.

И самиот врв што го достига Ренесансата, го постигнува со ствање не религијата и Бог, на второ место, и да се стави човекот на прво (ала затоа и Ренесансата има терминолошка попратиља 'Хуманизам'). Ако Бог го сакал/дозволил/организирал тоа, тогаш можеби и не е worship-crazy како што христијаните го прават, и не мрчи што постојат атеисти, оти немало да се случи Ренесансата, па и подемот на атеизмот кој е денес.

Христијанството единствено имало улога да го задуши сето ова или да ја минимизира штетата која Ренесансата и Хуманизмот ќе ја направат во дотогашната владеачка структура. Среќа што тоа не успеало.

Подобро ако веќе благодариш за ова што се случило, и сакаш да се молиш, упати една молба кон Алах, што им светнал на муслиманите за оваа идеја. Сигурен сум дека твојот Бог нема да се лути ;), сепак се работи за една молитва.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom