Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Целата приказна се коси со нивната научна стручност. Што е сомнително во приказната на Дарвин? Јас би го преформулирал прашањето вака: Што е научно аргументирано во приказната на Дарвин? Значи не ни прашувам за доказ, прашувам за обичен научен аргумент во таа приказна.
Фосилите (ПАлеонтологијата) ја побиваат, генетиката ја побива, теоријата на веројатноста ја побива, информатиката ја побива. Нема ниту еден научен аргумент кој посредно или непосредно ја потврдува Дарвиновата вера.
Аргументите на научниците се дека живо не може да настане од неживо, дека е теоретски невозможно животот случајно да настане - значи мора да е создаден и дека самите фосили сведочат дека живите организми биле симултано создадени и дека не преминувале од еден во друг вид. Тоа е наука, испитлива, разумска и докажана. Се друго е фанатична и неаргументирана вера.
Фосилите ја побивале еволуцијата?!?:uvo: Алооо! Чорбаџија да не те држи пијанството од вчерашната прослава? Фосилите ја докажуваат еволуцијата а не ја побиваат! Исто така генетиката ја докажува еволуцијата а не ја побива! На пример човекот и шимпанзата имаат 96% идентични гени! А во кој контекст ја стави тука информатиката стварно незнам....ти си човече легенда најискрено!
Гледам пак вртиш на старите аргументи за кој и самиот призна дека немаат поврзаност со еволуцијата! Настанувањето на жива од нежива материја е нешто кое го третира абиогенезата а не еволуцијата......стварно немам видено олкава тврдоглавост!
 
Фосилите (ПАлеонтологијата) ја побиваат, генетиката ја побива, теоријата на веројатноста ја побива, информатиката ја побива. Нема ниту еден научен аргумент кој посредно или непосредно ја потврдува Дарвиновата вера.
... значи мора да е создаден и дека самите фосили сведочат дека живите организми биле симултано создадени и дека не преминувале од еден во друг вид. Тоа е наука, испитлива, разумска и докажана. Се друго е фанатична и неаргументирана вера.

Колку многу свесно изговорени лаги во една ипол реченица. Како не ти е срам! Какво манипулантско извитоперување на терминологија!... и без ниту еден аргумент!

Еве малку непотребна одбрана:

Еве како палеонтологијата ја потврдува ТЕ - Ориентација 101 - за влез во студиите по палеонтологија на Беркли: http://evolution.berkeley.edu/evolibrary/article/evo_01
Еве како генетиката ја потврдува ТЕ: http://www.brighthub.com/science/genetics/articles/42290.aspx
За теорија на веројатност, глеам дека си ја лупнал на тепка, не оти разбираш што си пишал, па не ја ни разматрам за сериозно.

...и како тоа било докажано дека симултано биле создадени фосилите? Баш би го прочитал тој извор.

А ова со информатиката, ти ветувам дека ќе те прогања и по другиве теми на Религија:

Жити све, кажи како информатиката ја побива теоријата на еволуција?
 
Целата приказна се коси со нивната научна стручност. Што е сомнително во приказната на Дарвин? Јас би го преформулирал прашањето вака: Што е научно аргументирано во приказната на Дарвин? Значи не ни прашувам за доказ, прашувам за обичен научен аргумент во таа приказна.
Фосилите (ПАлеонтологијата) ја побиваат, генетиката ја побива, теоријата на веројатноста ја побива, информатиката ја побива. Нема ниту еден научен аргумент кој посредно или непосредно ја потврдува Дарвиновата вера.
Аргументите на научниците се дека живо не може да настане од неживо, дека е теоретски невозможно животот случајно да настане - значи мора да е создаден и дека самите фосили сведочат дека живите организми биле симултано создадени и дека не преминувале од еден во друг вид. Тоа е наука, испитлива, разумска и докажана. Се друго е фанатична и неаргументирана вера.

Ова аргументиве се `на жими мајка`, `се колнам така е` и `ако лажам да пукнам`?... Ако не побивате со ова тогаш страв ме фаќа што е следно од вас. На кој начин фосилите се косат со еволуцијта (ич не пробувајте Дарвин да го ставите тука), на кој начин генетиката ја побива еволуцијата? Ако немате сопствени аргументи барем копирајте ги оние од 700-те доктори на науки... Многумина ги интересира да прочитаат ново четиво!

Од друга страна во САД, посебно централниот дел народот е простичок, конзервативен па црквата може многу лесно да манипулира со него. Се собираат огромни средства од спектакли на претстави за враќањето на Месијата, Рајот и Пеколот и бла бла... Голем дел од парите одат за пишана пропаганда која денес е достапна и во Македонија, како и на лобирање кај научната елита. Слично како во политикта. За долар плус ќе си го продадат газот... Само ме чуди како до сега успеале да поткупат само 700 души... или овие многу барат или овие многу малку нудат...
Според мене креационизмот најмалку што работи е во име на Бога. Борбата против еволуционитите, научните еретици и атеисти е само маска зад која се крие збогатувањето на некои индивидуи од глупоста на народот...
 
Целата приказна се коси со нивната научна стручност. Што е сомнително во приказната на Дарвин? Јас би го преформулирал прашањето вака: Што е научно аргументирано во приказната на Дарвин? Значи не ни прашувам за доказ, прашувам за обичен научен аргумент во таа приказна.
Фосилите (ПАлеонтологијата) ја побиваат, генетиката ја побива, теоријата на веројатноста ја побива, информатиката ја побива. Нема ниту еден научен аргумент кој посредно или непосредно ја потврдува Дарвиновата вера.
Аргументите на научниците се дека живо не може да настане од неживо, дека е теоретски невозможно животот случајно да настане - значи мора да е создаден и дека самите фосили сведочат дека живите организми биле симултано создадени и дека не преминувале од еден во друг вид. Тоа е наука, испитлива, разумска и докажана. Се друго е фанатична и неаргументирана вера.

Што е научно документирано во прикаската за креационизмот?

Чорбаџи ефенди, ова веќе што го пишуваш е тешка глупост. Не знам дали си во паника, дали те фатила параноја или вербата ти е при крај, па прибегнуваш кон вакви бесмислени (во најмала рака) постови. Или па можеби ти се заканиле дека ќе престанат да те плаќаат. Којзнае...

Не одговори на прашањата на Дбек, не одговори на моите, а и сигурно нема да одговориш на тоа како фосилите, генетиката и (пази) информатиката ја побиваат еволуцијата.
 
Human и DBack, вие не сте новинари, ниту пак јас сум гостин во вашето „фраер зад монитор“ шоу. Јас ви одговорив на 10тина прашања, а едвај од уста, пардон, прсти ви измолкнав еден одговор на моето прашање. Не ви ја сфаќам поентата зошто кукате по секоја тема дека не сум ви одговорил некои прашања. Зар сум јас должен да ви одговарам прашања? Патем некои од прашањата што ги поставувате веќе се одговорени на оваа тема.
Јас сосема смирено пишувам и мојот речник го задржува нивото на културна дисксуија. Ако некој е во паника и параноја заради недостиг на аргументи/одговори, тоа се оние кои почнаа да паничат на темава, да користат нервозен речник и псовки, со што, сакале нејќеле, си ја издаваат својата параноја.
Некои од прашањата што ги поставувате бараат обемни одговори. Затоа и не се нафаќам да одговарам. Едноставно најголема мрза ме фаќа кога пишувам семинарски.
Но затоа пак сум волен да дискутирам на тие прашања во живо, каде за 10мин можам да изговорам 4 страни (А4 формат) пишување на форумов.
И покрај тоа што не најдов храбри и спремни луѓе за дебата во живо на форумов, сепак се најдоа на друго место и на почетокот на февруари ќе организираме кружен форум (слично на ова) на оваа тема. Па ете, имате фора цел месец да се спремите, да ги изгледате сите јутјуб клипчиња за еволуцијата, па да повелете на форумот во живо. Можете уште од сега да си резервирате столче кај мене. Па да видиме после кој прибегнува ваму или таму ;)
 
Human и DBack, вие не сте новинари, ниту пак јас сум гостин во вашето „фраер зад монитор“ шоу. Јас ви одговорив на 10тина прашања.....
Добредојде назад драг господине.
добивме внимание на критичната тема :)
Честитки насекаде!

Можеби кенгурите и левијатанот бараат преобемни објаснувања. Сепак, клучни одредници, внимателно нафрлени мислам дека ќе ни дадат некаква насока за тоа каде треба да ги бараме одговорите.
Можеби ќе можеш поедноставно да ни го објасниш последниот „премет“: Информатичките аргументи против теоријата на еволуција...

Слушај, господине, ова е форум на кој се поставени теми за дебатирање. Кога ќе влеташ во дебата и ќе се соочиш со прашање (до кое, впрочем, и самиот си се донесол) има да гризнеш јазик и да одговориш, или ќе го подвиткаш опашот и ќе ѕиркаш секои два-три дена што можеш да украдеш од муабет.

Ја не го постирав турчинот. Не се фалев јас дека имам објаснување за тоа како кенгурите стигнале до Австралија после потопот, ниту се фалев дека библијата е 100% вистина, па сеа не можам да најдам фосили од левијатан. Ниту, пак, тврдев дека фосилните наоди потврдуваат дека сите животни се создадени во исто време или дека можам разумно („научно“ да објаснам како растенијата преживеале 150 дена под вода.

Ја за креационизмот не мрчам ништо (освен за очигледната глупост за приказната околу создавањето на светот) од проста причина што никој овде, вклучитечно и ти самиот, нема кажано (ниту линкувано) ништо за основните тврдења на таа „наука“. Само се набацуваш со некои дебилни тврдења кои немаат ни грам резон: „нема докази, нема наоди, нема наука“ - вера било?!?! Јас разбирам дека си умен дечко, ама тапа ти е муабетот. Ништо не аргументираш. Само напразно напаѓаш.

Сите работи кои ги имаш постирано на темава ти се одговорени, изаргументирани и затворени. Нема веќе што да поставиш како проблем. Можеш само да се чудиш.

Да, и уште еднаш: Теоријата на еволуција не се занимава со прашањето на потеклото на животот, туку со неовиот развој.

...аха, да, и уште ова: Христијанскиот бог е измислен. Не е ни посебно оригинален, да ти кажам. И Земјата е мнооогу постара од 6000 години.
 
Дали за тебе е одговор тврдењето дека фосилите и генетиката ја побиваат еволуцијата, кога целиот свет го тврди спротивното? Дали за тебе е одговор дека информатиката ја побивала еволуцијата?:nesvest: Дали ги поткрепи своите тврдења барем и со еден единствен аргумент? :toe:
Што се однесува до твојата епска дебата во живо, гледам дека на фејсбук е насловена како: "Дали Бог постои?" А колку што паметам се согласивме дека еволуцијата не негира постоење на бог, само го негира постоењето на онаков бог кој ги создал живите суштества такви какви што ги гледаме денес! Во врска со дебатата која не ја вадиш од уста, убаво те прашав што е тоа кое те спречува да дискутираш на овој начин? Не ми одговори! И не само на тоа, туку на речиси сите прашања кој ти беа поставени а за кој немаше аргументи!
 
Што се однесува до твојата епска дебата во живо, гледам дека на фејсбук е насловена како: "Дали Бог постои?"

Тоа е друга дебата, дебата што веќе се случила. Постирав линк од неа за да ви дадам пример како ќе изгледа дебатата „Еволуција VS Создавање“. Јасно пишав дека нашата дебата ќе биде на почетокот на февруари. Читајте повнимателно. И ајде спремајте се, одете на јутјуб :)
 
Пошто очигледно имаш селективен слух/глед, да си направам ја, за секој случај еден рипит:

Добредојде назад драг господине.
добивме внимание на критичната тема :)
Честитки насекаде!

Можеби кенгурите и левијатанот бараат преобемни објаснувања. Сепак, клучни одредници, внимателно нафрлени мислам дека ќе ни дадат некаква насока за тоа каде треба да ги бараме одговорите.
Можеби ќе можеш поедноставно да ни го објасниш последниот „премет“: Информатичките аргументи против теоријата на еволуција...

Слушај, господине, ова е форум на кој се поставени теми за дебатирање. Кога ќе влеташ во дебата и ќе се соочиш со прашање (до кое, впрочем, и самиот си се донесол) има да гризнеш јазик и да одговориш, или ќе го подвиткаш опашот и ќе ѕиркаш секои два-три дена што можеш да украдеш од муабет.

Ја не го постирав турчинот. Не се фалев јас дека имам објаснување за тоа како кенгурите стигнале до Австралија после потопот, ниту се фалев дека библијата е 100% вистина, па сеа не можам да најдам фосили од левијатан. Ниту, пак, тврдев дека фосилните наоди потврдуваат дека сите животни се создадени во исто време или дека можам разумно („научно“ да објаснам како растенијата преживеале 150 дена под вода.

Ја за креационизмот не мрчам ништо (освен за очигледната глупост за приказната околу создавањето на светот) од проста причина што никој овде, вклучитечно и ти самиот, нема кажано (ниту линкувано) ништо за основните тврдења на таа „наука“. Само се набацуваш со некои дебилни тврдења кои немаат ни грам резон: „нема докази, нема наоди, нема наука“ - вера било?!?! Јас разбирам дека си умен дечко, ама тапа ти е муабетот. Ништо не аргументираш. Само напразно напаѓаш.

Сите работи кои ги имаш постирано на темава ти се одговорени, изаргументирани и затворени. Нема веќе што да поставиш како проблем. Можеш само да се чудиш.

Да, и уште еднаш: Теоријата на еволуција не се занимава со прашањето на потеклото на животот, туку со неовиот развој.

...аха, да, и уште ова: Христијанскиот бог е измислен. Не е ни посебно оригинален, да ти кажам. И Земјата е мнооогу постара од 6000 години.
 
Тоа е друга дебата, дебата што веќе се случила. Постирав линк од неа за да ви дадам пример како ќе изгледа дебатата „Еволуција VS Создавање“. Јасно пишав дека нашата дебата ќе биде на почетокот на февруари. Читајте повнимателно. И ајде спремајте се, одете на јутјуб :)

Баш ме интересира кој „угледен“ научник ќе седне да дискутира на оваа тема со попчињата?
Уствари чекај, ако биде како претходната „предност имаат студенти“?
 
Тоа е друга дебата, дебата што веќе се случила. Постирав линк од неа за да ви дадам пример како ќе изгледа дебатата „Еволуција VS Создавање“. Јасно пишав дека нашата дебата ќе биде на почетокот на февруари. Читајте повнимателно. И ајде спремајте се, одете на јутјуб :)
Веќе ти кажав, ама бидејќи нешто слабо ти оди прифаќање на одговори кој не ти се допаѓаат, ќе ти повторам пак! Кажи ми една единствена причина зошто јас би губел цел ден, би патувал во скопје и би трошел пари за дебата која може да се води тука? Што е тоа што овде го нема а таму ќе го има? Ако тебе те мрзело да пишуваш "семинарски" и да одговориш на прашања кој десетина форумџии ти ги поставија, зошто мене не треба да ми биде проблем да губам цел ден, да трошам пари и да патувам во друг град? Значи наведи ми една единствена причина - зошто! :toe: Што те спречува на форумов да дадеш објаснување како преживеале растенијата 150 дена под вода? Како стигнале кенгурите во австралија? Како ги собрало милион копнени видови на дрвена арка од 137 метри? Што јаделе ѕверовите кога ја напуштиле арката? Што јаделе тревојадите кога ја напуштиле арката.....?
 
Вакви семинари имаше веќе... И ништо позитивно! Тоа ти е ловење на луѓе... Бевме, видовме...
Зарем треба да ни е гајле нечие сфаќање на Бог или нечие научно знаење? Тоа си е нивно и не може да се пренесе на друг! Како може некој да објасни квантна механика или пак генетика на некој што не знае ниту математика ниту пак биологија?
Како може пак духовно искуство да се објасни на друг? Со мавтање на Библијата?
Подобро да мавта со Историја книга отколку со еврејската историја и закон!

Ипсисимус е во право! Трошење време и пари за обична полемика која не води никаде...

Целата оваа тема е бескорисна! Креационистите имаат еден доказ кој го користат: Бог вели во Библијата... и толку!
Еволуционистите имаат пак толку многу книги и знаење за да го научат, што и да се обидат на некој што не е запознаен со науката, ќе испаднат неразбрани и глупи нивните објаснувања!

Ова е тема за да се навредувате... ништо не докажувате ниту пак објаснувате! Видете ги постовите само...

П.С. Науката нема цел да го докаже постоењето на Бог ниту да го негира... Колку поголемо знаење за светот, за природата за законите, толку поголема вера во Бога(не христијанскиот аспект на бог)! Вие пробајте да ја добиете сликата!
 
DBack, гледам многу се возбуди откако виде дека над 700 современи доктори по наука не ја веруваат Дарвиновата вера :)
Ми требаше малку време ама успеав да го најдам: http://www.religioustolerance.org/ev_publia.htm

Фактички (и релативно тазе) бројки стојалиштето на америчкото општество околу спорново прашање, со посебен осврт на ставот на америчките научници.

Повели, господине, погледни што навистина научниците мислат за креационизмот.

--- надополнето ---

Особено е интересен делот со образованието на популацијата и нивната тенденција да веруваат во приказни за мали деца.

--- надополнето ---

WOW! Ова е ептен откачена студија ВЕ МОЛАМ разгледајте ја.

Еве на пример:

Beliefs elsewhere in the world:

Belief in creation science seems to be largely a U.S. phenomenon among countries the West.
A British survey of 103 Roman Catholic priests, Anglican bishops and Protestant ministers/pastors, perhaps conducted in 1999 showed that:

97% do not believe the world was created in six days.
80% do not believe in the existence of Adam and Eve as actual persons. 4

Touche, Pussy Cat!
 
Интересно е што на креационистите најомилена мантра му е токму научни факти, научни факти, научни факти небаре со повторување на тој збор шпекулациите и лагите навистина ќе станат научни факти.
Секој одговор е прашање и не ми се расправа со нив, освен ако немам стегнато две кила вино
 
Целата оваа тема е бескорисна! Креационистите имаат еден доказ кој го користат: Бог вели во Библијата... и толку!
Еволуционистите имаат пак толку многу книги и знаење за да го научат, што и да се обидат на некој што не е запознаен со науката, ќе испаднат неразбрани и глупи нивните објаснувања!

Не е бескорисна. Некој треба да земе ред да ги одбрани апсолвираните наоди на науката од подмолните напади на религиозните фанатици.
Не можеш да седиш од страна и да гледаш како луѓе со задни намери бесрамно лажат и манипулираат со неуките.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom