Крајот на светот - ЧДА стил

  • Креатор на темата Креатор на темата аллександар
  • Време на започнување Време на започнување

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
у последно време сите го тупат со предвидувања раскажувања на делови за крајот од светот според бииблии според записи формули дрн дрн дрн.. актуелна е темава нема што - мора да си признаеме нели. ај да видиме сеа кој од нас ке го погоди точниот датум на крајот на светот и како тоа би се одвивало..




ае според мене крајот на светот ке биде ке биде ке биде.. хмммм некаде околу 10.11.2012 во 13 часот 14 минути и некои си 15тина секунди ( со мало закаснување евентуално до 16тата секунда ).


како би изгледало тоа? искрено незнам како би изгледало али пошто ми се познати муабети од типот марсовци доаѓаат не окупираат планетава ни ја колонизираат или па доаѓа некоја си таму комета планета нибиру дрн дрн дрн.. нека бидее малку поразлично т.е како секој нормален ден де.. онака ке си биде ко секој нормален ден луѓе на работа студенти/ученици по школи по факултети... и шознам... не ми текнува како би ја довшил причава.. ае некој друг нека се изјасни па ке најдеме некоја завршница..
 
Мене некогаш и по два пати ми доаѓа на ден крајот на светот. Нормално кога ќе ми падне нетот.
 
Градоначалников наш сакан (на Охрид де) ,за време на ланските поплави еднаш револуционерно изјави,цитирам : - Рекиве кои се вливаат во езерото,доаѓаат пониски од езерото.И наместо рекиве да се вливаат во езерото,езерото се влива во реките.Тоа јас не можам да го спречам.

Е така нешто со поплави го замислувам.Океаните и морињата да се влеат во реките,а реките да не напрат оризови полиња.Смрт за другите,слобода за пливачите.
 
На 28.03.2023 во 4 часот попладне. Ќе настане голема збрка благодарение на американците. А не ви кажувам како ќе заврше светот доста ви е и датата :) :) :)
 
Крајот на светот беше во сабота, т.е. пред два дена.
п.с. нема да има крај на светот, тоа е само налудничаво размислување за заплашување на глупавата маса на народ за да живеат што посреден живот. Како и што религиите се оружје за да бидат луѓето спокојни, да нема анархија и да се зачува редот и мирот.
Воедно и пари да се напраат :)
 
Џабе и да погодам нема да се важи ќе нема кој во историајта да ме запише ...
 
Јас сум херој бе,до сеа издржав неколку краеви на светот
 
Крајот ќе ни дојде на 2166 г. Ќе започне со тоа што ќе ги снема фејзбук и твитер (рачунај 90% од население умира на лице место). Тие што ќе преживеат ќе умрат од смеење следниот ден. Во случај да остане некој жив ќе дојдат вонземјани и ќе го растртат.
2166 ја одбрав пошто и да не се случи бар јас нема да бидам таму така да нема да има кој да ми се смее.
 
Зависи од поставеноста на планетите во однос на универзумот и се во него како и релативната маса на сонцето со својата гравитација и неговото влијание врз нашата планета. Исто така битен факт е и победникот на евровизија 2015 година, како и однесувањето на рипчињата во мојот аквариум. Како и да е во наредните неколку милијарди години животот на оваа планета ќе згасне засекогаш. Секоја трага од нашето постоење ќе биде избришана а планетава ќе биде само еден обичен камен. Небитно нешто во бесконечноста. Тогаш ќе дојдат мирољубиви суштества од планетата BMWM5 кои на вселенски холограм ќе не видат нас и нашиот живот во изминатите 5 до 6 милијарди години. Ќе се утепаат од плачење (на нивнен јазик ,,Кукање'') од жал за трагичниот крај на нашата раса. За цело тоа време јас ќе си јадам пуканки и ќе си уживам во претставата. Озбилно сватете го ова, ми го кажа еден леприкон! Фаља, пријатно! :)
 
епа така ако си некој од некоја адвентистичка секта ќе вервиш дека господ ке го унисти светот со громој и т.н. а бидејќи јас не вервам то не е возмозно зас некој кој толку се трудел да створи свет сега дефинитивно не би го уништил бла бла бош муабети
 
Човечката раса ќе биде нападната од немилосрдни кокичиња крвожедни виножита и колачиња.Ќе биде кланица.Малкуте што ќе преживеат ќе се кријат по бункери се додека не умрат.
 
Крајот ќе ни дојде на 2166 г. Ќе започне со тоа што ќе ги снема фејзбук и твитер (рачунај 90% од население умира на лице место). Тие што ќе преживеат ќе умрат од смеење следниот ден. Во случај да остане некој жив ќе дојдат вонземјани и ќе го растртат.
2166 ја одбрав пошто и да не се случи бар јас нема да бидам таму така да нема да има кој да ми се смее.
ова ми се свиѓа.. а и големи се шансите :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom