Види НБК девојко, со таков бомбастичен налсов јас сакав малку да испровоцирам дискусија за нешто што е глобален проблем, а веќе не јаде нас во Македонија (цена на струјата и општо енергенсите).
Имено, аргументот е дека производството на сирова нафта (C+C) го достигна својот врв во 2005 година. Оттогаш цената на нафтата порасна неколкупати, но производството - не. Значи во светски рамки дојдовме до тнр. плато. Таквото плато може да трае неколку години, а потоа почнува пад надоле со се што следи при такв потреси. Погледни Peak Oil сајтови, на кои многу квалификувани луѓе од доменот на енергетиката, транспортот и финансиите пишуваат на оваа тема. Ниеден од нив нема замена за нафта, сите велат не поостои техничко решение.
На тие сајтови се прати производството на нафта врз кое се заснова целокупната економска активност и живот - вклучувајќи и во Македонија. Лушето што се поборници на таа терија велат наоѓалиштата на Северното Море достигаа врв во производството; САД и Мексико исто така (гуглај Хубертов модел да видиш); Русија, Венецуела и Сауди се мнопгу блиску до врвот. Единствено во Нигерија има место за зголемување но не многу.
Е сега, ако е така, полека-полека раавиените земји многу веројантно ќе се оријентираат на нуклеарки при кои единствениот проблем е складирањето на радиоактивен отпад. А сиромашните и понатаму ќе трошат скапа нафта, се додека нафтата не се потроши. И во двете фази, за нас, сиромашните е "крај на светот".
Што мислиш ти за ова сценарио?