Juve-Fan
campione d'italia 36
- Член од
- 23 март 2010
- Мислења
- 843
- Поени од реакции
- 1.471
Докажи дека си човек а не животно, нели тоа е целта цел живот да докажеме дека се разликуваме од нив.И како јас можам да ги контролирам моите нагони?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Докажи дека си човек а не животно, нели тоа е целта цел живот да докажеме дека се разликуваме од нив.И како јас можам да ги контролирам моите нагони?
И како јас можам да ги контролирам моите нагони?
Дали можеме да бидеме уверени во човечката особина на самокотрола?
Можеме и мораме. Тоа е на што не разликува од животните нели. Затоа и си го дадовме епитетот цивилизирани. ИЗБОРОТ е она што не прави цивилизирани. Меѓутоа, реалноста е поинаква.
Реалноста е дека има луѓе кои имаат нагони да наштетуваат, да убиваат. Не зборуваме само за сексуалните нагони, зборуваме за нагони кои би довеле до исчезнување на одредени видови на земјата. Затоа мора да постои "Космос", затоа што луѓето не знаат да живеат во "Хаос".
Човекот не знае да живее "слободен". Не постои демократија, не постои слобода. Таа е илузија во овој систем.
Веќе го спомнав романот на Вилиам Голдинг - Господарот на мувите.Реалноста е дека има луѓе кои имаат нагони да наштетуваат, да убиваат. Не зборуваме само за сексуалните нагони, зборуваме за нагони кои би довеле до исчезнување на одредени видови на земјата. Затоа мора да постои "Космос", затоа што луѓето не знаат да живеат во "Хаос".
Човекот не знае да живее "слободен". Не постои демократија, не постои слобода. Таа е илузија во овој систем.
Во постот #102 го спомнавме анархизмот и неговата верба во човечката особина на самокотрола.
Но треба да се каже и следново:
Анархизмот е „ чедо “ на 19. век и безобзир што идеите на Анархизмот се привлечни на крајот на 19. и почетокот на 20 век се појави Психоанализата.
Фројд откри дека покрај свеста се нашите постапки управуваа и несвесното. Нешто подоцна Јунг го откри и колективното несвесно.
На почетокот на 20. век се случи Првата светска војна. Милиони луѓе ги изгубија животите, останана инвалиди или претрпеа големи страдања.
А кога заврши Војната никој не можеше да објасни зошто всушност се војуваше.
Подоцна се случи и Втората светска војна, во која имаше уште поголеми човечки стрдања. Евереите беа речиси физички истребени од Европа. Но не само Евреите ... и припадници на други народи беа убивани само зато што се припадници на тој и тој народ. Ромите и Словените беа масовно убивани...
Денес сите припадници на Човечкиот род се срамат од Холокаустот - но тој се случи.
Дали можеме да бидеме уверени во човечката особина на самокотрола?
Теоријата на хаосот, всушност не е теорија туку концепција, а тоа е значајно за моево излагање, дека постои можност да се појави Хаос, од нешто што претходно било Космос.
@Бичот Божји, во претходниот пост напиша дека „ ти никад нема да имаш слобода и без некој да те казнува. “
И оваа реченица ме натера да размислувам за Слободата
Што е тоа Слобода?
@Бичот Божји напиша: „ Те ограничува смртта “
Ако се согласувате, ајде да дискутираме за Слободата.
Во мк Википедија надов прилично голема статија.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Слобода
И предлагам да ја користиме како основ на дискусијата
Инаку во оваа статија, како дефиниција што е тоа Слобода се вели:
“Слободата отсекогаш во суштина се состоела од правото да го избереш она што сакаш да го избереш бидејќи така си одлучил да избереш, неприсилен, немалтретиран, непроголтан од масивен бирократскисистем; како и од правото да пружиш отпор, да бидеш непопуларен, да застанеш зад своите уверувања само затоа што се твои уверувања. Така изгледа вистинската слобода, и без неа не може да има ниту слобода од било каков вид, ниту пак илузија на слобода.” (Исаија Берлин, Слобода и нејзиното предавство)
Спред мене смртта е онаа која што ја гарантира слободата. Многу луѓе соочени со моментот на крајот на животот, чуствуваат слобода која е неприкосновена и во тие моменти често жалаат за некои избори што ги направиле. Кога секој од нас би можел да ја замисли смртта во моментот на одлука, често сите ние би бирале различни правци. Соочен со крајот на животот многу од работите привидно битни паѓаат во вода.
Немаш потреба да ја чекаш смртта, легни во истиов момент на земја и преправај се дека си мртов
Има таква техника на медитација.....еве ти нешто.
Погоре кажав за една трансцендентална состојба, која е слична на смрт....и тоа по една работа, а таа е исчезнување на егото.