Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Да прашам само нешо. Нормален е министеров со ОВА? Не знам како да го наречам. Што е ова? На што личи? Се пишува ли вакво нешто?

121120673_2515574182082933_349570902791343312_o.jpg

Јбг, има до толку неразбрани луѓе, мора да им црташ ко на опаковка од цигари.
 
Да прашам само нешо. Нормален е министеров со ОВА? Не знам како да го наречам. Што е ова? На што личи? Се пишува ли вакво нешто?

121120673_2515574182082933_349570902791343312_o.jpg
Ова е тотално забегување.
Знам, ама ако нека си мисли он.
Јбг, има до толку неразбрани луѓе, мора да им црташ ко на опаковка од цигари.
Напротив, ова е контрапрудуктивно.
 
Да прашам само нешо. Нормален е министеров со ОВА? Не знам како да го наречам. Што е ова? На што личи? Се пишува ли вакво нешто?

121120673_2515574182082933_349570902791343312_o.jpg
Министер е за задгробен живот зошто се чудите.
 
Драги Шпага раскажа за неговото искуство со коронавирусот. Поминал тежок период, но за среќа пополека се враќа во нормала.
Ви го пренесуваме неговото искуство со ковид-19:

„Мојата средба со ковид-19 сарс2 започна на 28-ми август, 2020 година.
Петок ден 1: повраќање
Сабота ден 2: повраќање
Недела ден 3: повраќање
Понеделник ден 4: температура 38.5
Вторник ден 5: температура 39
Среда ден 6: температура 39.5 проблеми со дишењето, кислородот 40-60 супституција
Четврток ден 7: тестирање во Авицена - позитивен на ковид-19
Петокот ден 8: омалаксаност, слабо дишење потење, нема температура
Саботата ден 9: црно повраќање, нема температура, омалаксаност 100%.
Недела ден 10: целосно губење, повраќање, Брза Помош правец Гастро, со некое црево до желудник, полусвесност па кома дваесет часа.
Понеделник ден 11: будење од кома во 8-ми септември, ковид центарот, тука со инфузии, крвна плазма и разни терапии.
lg.php

Вторник ден 12: примам крвна плазма лежам омалаксан не сум јадел ништо .
Среда ден 13: примам крвна плазма, лежам омалаксан, мислам дека првпат јадев и тоа пица. Тест за корона негативен.
lg.php

Четврток ден 14: примам крвна плазма, лежам но веќе полека добивам некоја сила. Тест за корона негативен.
Петок ден 15: тест за корона број 3 негативен, попладнето 11-ти септември си одам дома...
Сум имал пнеумонија па потоа некое внатрешно крварење во желудникот со кое што сум изгубил многу крв. Шансите да преживеам ми беа 20%.
Матичниот ми вика дека сум бил за во енциклопедија.
Од 11-ти септември 2020 до денеска се уште сум омалаксан, но полека се враќам во нормала - Драги Шпага“ - заврши тој.
 
Спомнав и вчера, само да потврдам денес. Од журката во еден скопски кафич во петокот, има цел кластер. Може 30тина позитивни се од таму. За жал меѓу нив и мои познаници.
Сите се со симптоми, со температури и глупости.

Вчера почина бивш колега на татко ми. Во март беше болен од корона, се лечеше месец дена. Му останале последици од короната и ненадејно почина сега. Нема да се води како починат од корона, сепак е постар човек (над 60 години) кој секако имал и други проблеми, но само да забележам дека никогаш не се оправил целоано по коронава. Значи лотарија е како ќе те фати гомново...

За кој кафич се работи ?

Иначе у склоп на случкава што ја кажуваш, нас што ни го пренесе вирусов (мене и на моиве дома) чоекот, мајстор за водовод нешо ни праеше, небитно. Негде Јули месец беше тоа, си оздраве чоекот, ние исто. Али еве сеа пред една недела мајсторов мозочен удар го лупнало.. едвај преживеал.
Баш негде и налетав на некоја вест, незнам дали беше у ЕУ држава истражувањето, или од тие Јапан, Кореја, Кина. Вирсуов стварал и згрутчување на крвта како последица. Сеа дали е поврзано, дали коинциденција, којзнае...
 
zatoa e preporaclivo posle kovidot da prodolzhat da se proveruvaat d-dimerite, i da ne se zastane so aspirin. najubavo e da se pravi celosen pregled posle prelezuvanjeto, ima slucai i lugje so nemale simptomi ili go pominale za 3 dena pa krvta da im e testo (dokazhano so plafon d-dimer i trombociti). zatoa obavezno barajte D-Dimeri, pa i celosna hemostaza kako i detalna krvna slika.
 
За кој кафич се работи ?

Иначе у склоп на случкава што ја кажуваш, нас што ни го пренесе вирусов (мене и на моиве дома) чоекот, мајстор за водовод нешо ни праеше, небитно. Негде Јули месец беше тоа, си оздраве чоекот, ние исто. Али еве сеа пред една недела мајсторов мозочен удар го лупнало.. едвај преживеал.
Баш негде и налетав на некоја вест, незнам дали беше у ЕУ држава истражувањето, или од тие Јапан, Кореја, Кина. Вирсуов стварал и згрутчување на крвта како последица. Сеа дали е поврзано, дали коинциденција, којзнае...
За Три.

Има нус појави од вирусов, ама тоа е многу ретко. На колешка другарка и гадно го поминала вирусот и уште два месеци пиела апчиња колку што пиела баба и во нормала. Една скала не можела да искачи. Сепак, ова се изолирани случаи, да не те зафати гадно...
Интересно е што по толку време, со толку напредна технологија, не се најде некој НЗС, не се изведе некој заклучок...
 
Дефинитивно е од магичниот вирус ковид19 кој сеуште му ги откриваме дејствата.

Водоводии и остали "мајстори" се познати по физичката спремност и не злоупотребата на цигари, алкохол и салама. Затоа и многу често се применува како заебанција во фудбал, дека тоа се тим од водоводџии, сите знаеме дека доколу нема доволно професионални фудбалери за натпревар, први на ред се тие водоводџии и ѕидари, некогаш и подобри од професионалците.
 
pa gore dole se nadziraat zakluchocite kako shto velis.

low testosterone, low estrogen ( za zeni ), znaci celokupno stari lica najchesto, low d3 concentration. gore dole toa e NZS zasega.
 
Дефинитивно е од магичниот вирус ковид19 кој сеуште му ги откриваме дејствата.

Водоводии и остали "мајстори" се познати по физичката спремност и не злоупотребата на цигари, алкохол и салама. Затоа и многу често се применува како заебанција во фудбал, дека тоа се тим од водоводџии, сите знаеме дека доколу нема доволно професионални фудбалери за натпревар, први на ред се тие водоводџии и ѕидари, некогаш и подобри од професионалците.

Абе сеа кој го знае што јадел и што пиел, и колку маснотии имал у крвта.
Ти сигурно не си на веганска исхрана, ни па јас.
Башка у добра форма беше батката, кртица е мал збор :)
 
Васко Ефтов распали по сите кои не веруваат во корона: Вие попрво би се заразиле со корона, отколку да прифатите различно мислење

Кога сите околу вас ви кажуваат една работа, вие како бугарите велите нема македонски народ, нема маекдонски јазик, тогаш после тоа ви е тешко да излезете од таа слепа улица. Кога некој ќе размислува различно е купен или платен. Тоа значи дека вие кои не верувате во корона можете до утре да потценувате опасност. Цел свет се соочува со тоа а вие велите дека тоа е лага. Бил Гејтс кој ли се уште не не има платено и ништо од тоа не е точно. Излезе Меркел и кажа дека пандемијата ќе заврши кога 60 до 70 % од населението ќе се зарази со коронавирусот. Ја не и верував, но испадне дека таа е во право.

Таа пандемија го фрли светот на колена. Најмоќниот човек на светот се зарази. Кај Путин мора да има двонеделен карантин за да се оствари средба со него, кинескиот претседател отиде во Вухан неколку месеци откако заврши пандемијата во Вухан бидејќи се плашеше.

Трамп е заразен и вие велите дека тој лаже за да ги добие изборите. Тој е прв американски претседател кој завршува во болница. После 39 години прв американски претседател кој оди на лечење во таа болница. И тој според вас лажел. Наместо да се соочите со тоа дека тој е заразен, велите лаже, кога ќе се укуцате на слепа улица барајте начин за да излезете од таа слепа улица. Тоа е проблемот. Што велите и тој е уценет и купен иако е претседател на најмоќната држава. Едвај се лечеше, едвај зборува, но вие велите дека тој бил купен, лажен и уценет од длабоката држава.

Кога некој ќе ви каже немој да се укуцувате на слепа улица, немојте да го навредувате. Вие имате проблем да се соочите со различно мислење. Вие попрво ќе прифатите да бидете заразени со вирус отколку да прифатите различно мислење. Сте прашале ли некој што значи да си заразен со коронавирус. Коронагрип и сезонски грип се две различни работи. Тоа се како фудбал и одбојка. Никој не бил заразен од сезонски грип во август на 35 степени. Ова не е дали сте северџани или сте вмрони туку дали верувате во цивилизациски разлики. Една група на агресивци доминира на социјалните мрежи. На нив нема зошто да им се плашите. Тие агресивци на социјалните мрежи мора да се поразат бидејќи ако не ги поразиме нема да може да продолжи нормално да функционира Република Македонија, вели Ефтов во својата најнова емисија во Центар насловена како ПОЛИТИЧКА АНАЛИЗА: Дали Илирида без корона и Македонија со корона можат да живеат заедно?!

Тие луѓе кои не прифаќаат различно мислење доминираат во Македонија, смета ЕФтов и вели дека тоа се ботови на агресија и примитивизам.
Ова се ботови кои го креираат јавното мислење. Тоа не се руски ботови, туку ботови на проститулук. Кај е Русија сега? Кај е Путин сега? Се напика во резиденцијата и не излегува од таму. Сега ќе оди во посета на Јужна Кореа а пред да замине на посета ќе биде вакциниран. Нели не постоеше за Трамп коронавирус. Нели тој велеше дека не постои короната, нели тој се чистел со средства за дезинфекција, што отиде сега клапнат во болницата? Не носеше маски, се однесуваше како овие на протестите на ВМРО и одеднаш кога јајцето му дојде на газот клекна и отиде во болница. Се лечи со други експериментални лекови специјално направени за него.

Сите сте храбри дури не ви се случи нешто што не треба. Тогаш важат другите правила, а не храброста.

Да не се заразиме како овци, да не се заразиме како тарабуки, ако веќе треба да поминеме низ тој процес ајде да го поминеме како паметни луѓе, вели Ефтов.
 
Од тие што велат дека воопшто не постои никаков вирус, само позабегани се оние кои се однесуваат како да преживуваме нешто најопасно откако постои човештвото и само шират паника и бараат порадикални решенија.

Ај и да разберам првите месец-два, но сега откако помина доста време и доста работи се познати и откако шведскиот модел фактички излезе и "најдобар", навистина нема простор за забегување.

*****
Еве и декларација покрената од водечки светски епидемиолози. Значи, професори од Харвард, Оксфорд и Стенфорд, а ја потпишуваат и други светски научници.

По ќе им верувам на нив него на паничарите и наши министри и експерти.

Those who are not vulnerable should immediately be allowed to resume life as normal. Simple hygiene measures, such as hand washing and staying home when sick should be practiced by everyone to reduce the herd immunity threshold. Schools and universities should be open for in-person teaching. Extracurricular activities, such as sports, should be resumed. Young low-risk adults should work normally, rather than from home. Restaurants and other businesses should open. Arts, music, sport and other cultural activities should resume. People who are more at risk may participate if they wish, while society as a whole enjoys the protection conferred upon the vulnerable by those who have built up herd immunity.
 
Да прашам само нешо. Нормален е министеров со ОВА? Не знам како да го наречам. Што е ова? На што личи? Се пишува ли вакво нешто?

121120673_2515574182082933_349570902791343312_o.jpg
Прво целната група на "маркетингов" е багра неразбрана,стока од народ*!!
Веројатно и ова е преблаго и меѓу редови!
Мајмуни издресираа да управуваат свемирски брод,само "ние" никако да научиме основни правила и навики.
*се извињавам на речникот,а ако некој се препозна... ми чуе :cool:
 
Тотални небулози.
Ова нема веза со корона.
Чист акутен гастритис, перфорација на слузница со излив на крв и исплукување на крв која е црна поради киселините во желудникот, последователно следува анемија и можна кома поради голем губиток на крв, температура се јавува поради целосна лоша состојба на организмот. Најчесто предизвикана од хелиобактер пилори.
 
Све, све ...ама пица кој му дал да јаде во болница?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom