Конфузија

  • Креатор на темата Креатор на темата Sith_Lord
  • Време на започнување Време на започнување
S

Sith_Lord

Гостин
Никој не знае што се случува.

Секојдневно се трупаат медиумски патки или од типот- Демократијата во Македонија умира, или пак- Преродбата граби напред џоа со чекори на бронтосаурус.

Измеѓу нив црни хроники- педофилии, грабежи, убиства, тепачки, корумпирани гомна и самопрогласени светци, млади луѓе кои тераат надвор и стари луѓе кои кукаат за старите добри времиња...

Има ли некој добра перспектива за тоа како стојат работите? Или сите папагалски го повторуваме она што ќе го прочитаме во весниците, ќе го чуеме на вести или на партиски собир?

Дали е воопшто возможно за човек кој не е на врвот објективно да ја согледа ситуацијата, исчистена од дезинформации, манипулативни кампањи од обете страни на паричката и "факти" кои им одат во прилог на самонаречените "пријатели" на Македонија од земјите каде што заоѓа сонцето?

Не се чувствува уште по некој дека се наоѓа на брод на кој сто души се тепаат за кормилото додека бродот се клацка на се' поголеми бранови?

И ако е така, каде гледате чаре?

Ваши мислења, па натенане ќе се вклучам и јас.

Sith
​
 
Care?
Gasi TV koga ima vesti.
 
И што со тоа?

Како некој кој му припаѓа на ова општество, не се чувстуваш ли повикан да допринесеш кон средувањето на односите во истото?

Јас поставив поинакво прашање.

Што кога ниедно од средствата за јавно информирање не создава реална слика за она што се случува?

Кому да му се верува?

Sith
​
 


А во што верува паметниот?

Sith
​

Паметниот според мене секогаш на новочуеното нешто верува 50%,додека другата половина ја додава кога би се лично уверил во тоа новочуеното нешто
 
Samo zdrava logika mnogu e prosto !

Dodaj na hartija so mislis e pozitivno a sto negativno vo tvojot zivot i zivotot na tvoite bliski i toa dava najrealna slika za sve okolu tebe.

I koa ke ti dojde da se upucas od crnotijata sto si ja rezimiral suma sumarum i nemoznosta kako poedinec nisto da mozes da storis da go smenis toa , e togas bachko procisten od site iluzii koi ti gi nudi TV mashinerijata ke pocnes da se boris za sebe i najbliskite posto e TOA EDINSTVENOTO ISPRAVNO.

Jas.:salut:
 
Со прибирање на информации од повеќе извори,хронологија на настаните,компарација со слични ситуации ,сопствена анализа и трошка интуиција. Тогаш веројатноста да си близу до вистината е голема.
 
Паметниот според мене секогаш на новочуеното нешто верува 50%,додека другата половина ја додава кога би се лично уверил во тоа новочуеното нешто

Океј, очигледно треба да ја дообјаснам темата.

Значи, она што го прашав на почетокот беше:

Дали е воопшто возможно во атмосфера на презаситеност со информации обоени од различни "уметници" некој лично да се увери во она што го чул, кога не постојат независни извори?

Како тоа ти лично ќе се увериш во вистинитоста на информациите кои ти ги пласираат пред да биде предоцна?

Oна што се крои во кулоарите на нашите политичари најчесто избива во јавноста долго откако веќе не може народот ништо да направи околу тоа, освен наместо Курто, да го избере Мурто.

Дали е тоа слабост на репрезентативната демократија, или пак конкретно транзициска, т.е. македонска девијација?

И дали воопшто може да се превземе нешто во врска со тоа?

Sith
​
 
Сега да не ти се правам многу паметен,но вистината секогаш ти си ја избираш,тука неможат да ти се мешам,патем вистината е секогаш сложена.А за процентите сакав да ти кажам дека 100% може да си уверен во оние работи кои лично сме се увериле,значи на медиумите никогаш неможе да веруваш 100% :toe:
 
Со прибирање на информации од повеќе извори,хронологија на настаните,компарација со слични ситуации ,сопствена анализа и трошка интуиција. Тогаш веројатноста да си близу до вистината е голема.
Имено, во право си. Но... На просечниот човек кој работи, има семејство и сопствени проблеми, не му е достапен луксузот на градењето на таква исцрпна анализа. Ниту пак е доволно интелектуално и професионално поткован за да ја направи истата.

Тој ќе мора да одбере страна, како што FilipMacedon мудро укажа и да тера на слепо, надевајќи се дека оние на кои им ја дал довербата нема да направат таратур од целата работа.

Убеден сум дека проблемот со непостоењето на квалитетни, слободни и независни медиуми во Македонија е недозволива ситуација за една сериозна држава. Медиумот треба да делува како контролор на власта и на опозицијата, како субјект со општествена задача да му ја предочи на народот вистинската слика за процесите во економијата, политиката, културата итн.

Sith
​
 


Имено, во право си. Но... На просечниот човек кој работи, има семејство и сопствени проблеми, не му е достапен луксузот на градењето на таква исцрпна анализа. Ниту пак е доволно интелектуално и професионално поткован за да ја направи истата.

Тој ќе мора да одбере страна, како што FilipMacedon мудро укажа и да тера на слепо, надевајќи се дека оние на кои им ја дал довербата нема да направат таратур од целата работа.

Убеден сум дека проблемот со непостоењето на квалитетни, слободни и независни медиуми во Македонија е недозволива ситуација за една сериозна држава. Медиумот треба да делува како контролор на власта и на опозицијата, како субјект со општествена задача да му ја предочи вистинската слика за процесите во економијата, политиката, културата итн.

Sith
​

Потполно се слагам за медиумите,но за жал во Македонија газдите на најголемите ТВ медиумите се политичари.За среќа се појави интернетот па можеме малку од малку да ја процениме вистината
 
Sith, извитопереноста на сите вредности е најголемиот проблем со кој се соочува Македонија и поради кој сеуште е заглавена во себеанализирањето и погледите во блиските мината и потраги по кој прв почна и кој појќе расипа.

Немање вредности, вистински и правилни. Тоа е маката.

Sith, may the Force be with You, always, and may the Light illumine Your way!
 
Потполно се слагам за медиумите,но за жал во Македонија газдите на најголемите ТВ медиумите се политичари.За среќа се појави интернетот па можеме малку од малку да ја процениме вистината

Ti li najde da zboris za nezavisni mediumi , pred 10 minuti sakase da mi zakljucis tema oti ne ti odgovara sto citas bruko edna...

Jas.:wink:
 
Back
На врв Bottom