Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Да беше вистина:
1. Обама заедно со сите негови мајмуни ритуален танц ке играа околу видеово !
2. Русите догодина копири ке садеа во целата таа област !

Вистина е, го потврдија тоа и русите. И не е прв пат повеќе пати е гаѓана.
 
Сакав да напишам уште вчера за неколку информации кои проструиа, а некои од вас ги објавија во коментарите.

Првата е за дозволата на аионите од кралството на британија да соборат руски авион па имаше информации дека имало дозвола и за авионите на нато.
Можно е да има ициденти на два начина:
1.Cамо доколку русите на нивните авиони им стават сириски ознаки, и да се заебат како што направиа во Виетнам советите па американците ги бутаа како крушки, до сега поголема загуба не се има случено на воено воздухопловство кое давало подршка на друга земја. Се уште не ми е јасно како е можно да бидат загубени толку авиони во dog fight управувани од руски пилоти. Но ова е многу малку веројатно да се случи затоа што сега е обратно американците со нивните сојузници даваат таква подршка на спротивната страна.
2.Многу е малку веројатно да биде нападнат руски авион и обратно, но тука е секогаш лично и зависи од пилотот можно е намерно да направи ицидент, но како што кажав на минатиот коментар дека на вакви мисии не може да оди секој пилот без разлика дали е руски, американски, британски итн... тоа е голема селекција и од избраните пилоти се бираат пилоти за овие мисии кои се многу осетливи.

Додека сум на оваа тема за Mi-28 не е потврдено, но можно е да дејствува и да го пробаат и тестираат и може да даде голем придонес можно е во тие мисии да биде вклучен и Mi-24p(Mi-35) кој ја врши оваа работа перфектно и плус може да транспортира војници тој е перфектен за Сирија. Но мали се шансите да го видиме Mi-28 иако би сакал да го видам повеќе од сите останати.

Во врска со делењето на оружје кое не може да нанесе штета на ниту едно летало од сликите кои ги имам видено до сега така кажано исил се боси и со тојотите добиени од страна на САД и сојузниците тоа ја успорува работата и напредокот, но не задава огромни штети кога повеќето бункери за залихи, муниција и заштита се срушени така да џабе е тоа, има ефект но тој не е голем, останува да видиме што ќе превземат русите и како ќе ја прекинат таа врска, која ги успорува.

Гледам се намалија коментарите во здосади темата, на ова ќе кажам само дека и Рим не е изграден за еден ден, ова ќе трае многу подолго;)
 
Путин за американското лицемерие: Тие фрлаат муниција во Сирија, но што ако таа заврши во рацете на ИСИЛ?
tocka-173599.jpg

13.10.2015 | 17:10
Извор: Точка




Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека воената операција на меѓународната коалиција предводена од Американците во Сирија не донела никакви резултати.


Владимир Путин предупреди на можноста оружјето и муницијата кои Вашингтон ги доставува во Сирија дека повторно можат да паднат во рацете на џихадистите од Исламската држава.

„Сега соопштија дека со авиони доставуваат муниција на „Слободната сириска војска“. Каде е таа војска? Нема ли таа муниција повторно да падне во рацете на Исламската држава како што тоа веќе се случи? Кој го гарантира тоа?“, запраша Владимир Путин на инвестицискиот форум "Russia Calling".

sad-rusija-sirija-oruzje-municija-tocka-2015-02.png

„Само што заврши тоа, само што дури и во Соединетите Американски Држави признаа дека акцијата во Сирија им пропаднала, сега тие повторно фрлаат муницја наоколу. На кого? Прашањето е реторичко“, изјави рускиот претседател.

Според неговите зборови, Москва во Сирија постапува во строга согласност со Повелбата на Обединетите нации и според меѓународното право, за разлика од САД и нивната коалиција кои дејствуваат без резолуција од Советот за безбедност и без да ги прашаат сириските власти.

Во меѓувреме во Сирија: САД на милитантите им достави 50 тони муниција и оружје

Американски товарни авиони на сириските милитантни групи им доставиле 50 тони вооружување, потврди висок американски функционер за „СиЕнЕн“.

Товарните авиони исфрлиле вкупно 112 пакети со оружје во рамките на новата иницијатива на администрацијата на Обама која бара начин како да ја засили поддршката за групите кои ги нарекуваат „умерени бунтовници“. Секако, зголемувањето на поддршката доаѓа во периодот кога русија активно бомбардира со своите авиони.

sad-rusija-sirija-oruzje-municija-tocka-2015-01.jpg

Неименуван американски висок функционер потврдил дека оружјето го доставиле C-17 товарни авиони во придружба на американски ловци. Се тврди дека пакетите содржеле муниција, но и рачни гранати. Оружјето било доставено на просторот на северната сириска провинција Хасаках.

http://tocka.com.mk/1/173599/putin-...irija-no-sto-ako-taa-zavrsi-vo-racete-na-isil
 
Вистина е, го потврдија тоа и русите. И не е прв пат повеќе пати е гаѓана.
Кај може да се прочита таа потврда ?
Од како ја прочитав веста овде ги прегледувам скоро сите порелевантни руски сајтови и не најдов ништо околу тоа !
Ај прочитај на што беше одговор мојот пост !
Таму во споеното мислење имаше прашање за демек соборениот авион кое почнуваше со ( Вистина е ова ?).
За амбасадата слушнавме сите има потврди од двете страни .
 
Последно уредено:
Вистина е, го потврдија тоа и русите. И не е прв пат повеќе пати е гаѓана.

Потврдија Русите за амбасадата дека била гаѓана (или собирот како и да е, сепак немало посериозна штета ниту загинати) а ова за наводниот срушен авион и убиен пилот веројатно е лага.
 
Неименуван американски висок функционер потврдил дека оружјето го доставиле C-17 товарни авиони во придружба на американски ловци. Се тврди дека пакетите содржеле муниција, но и рачни гранати. Оружјето било доставено на просторот на северната сириска провинција Хасаках.
Нешто прпа, а?
 
Путин: Американците имаат имаат хаос во главата

Америка не е подготвенена да соработува со Русија во Сирија, смета Путин. Од инвестицискиот форум во Москва тој порача дека тие имаат хаос во главата и не знаат што всушност се случува во Сирија.
- Ги прашавме САД на воено ниво да ни ги дадат целите за кои тие имаат потврда со сигурност дека се терористички, 100 проценти, но одговорот беше: „Не, не сме подготвено за тоа да го направиме“. Тогаш мислев па поставивме уште едно прашање: Дали можете да ни кажете каде не треба да погодиме?“ Повторно, нема одговор. Па, што треба да направиме? Ова не е шега јас не измислив ништо, рече Владимир Путин, претседател на Русија.

Оваа негова изјава на инвестицискиот форум во Москава предизвика аплауз во салата.

Путин рече дека на постојат гаранции за муницијата која САД со падобрани и ја испраќаат на сириската опозиција дека нависитина стигнува до неа или завршува во рацете на џихадистите.

Предходно Обама изјави дека САД имаат доволно разузнавачки податоци за руската операцја во Сирија од која не се изненадени.

Со нова аудио снимка ИД пак најави дека ќе ја порази Русија.

Само два часа пред да биде бомбардирана амбасадата на Русија во Дамаск, каде беа собрани благодарните сиријци за помошта од Кремљ, имамот на Саудиска Арабија прогласи џихад против режимот на Асад, Русија и Иран. Тој ги повика сунитите на побрзаат во Сирија.
-------------------------------------------------------------------------
Интересно, незнам колку влијание има овој имам кај сунитите ширум светот, но кај нас има доста негови (вахабистички) следбеници.
 
Кај може да се прочита таа потврда ?
Од како ја прочитав веста овде ги прегледувам скоро сите порелевантни руски сајтови и не најдов ништо околу тоа !
Ај прочитај на што беше одговор мојот пост !
Таму во споеното мислење имаше прашање за демек соборениот авион кое почнуваше со ( Вистина е ова ?).
За амбасадата слушнавме сите има потврди од двете страни .

Мислев на амбасадата дека е гаѓана, тоа за авионот е патка.
 
Не бил 1 имам, над 50 клерици и академци од Саудиска арабија прогласиле Џихад.

http://www.dailymail.co.uk/news/art...rtly-rockets-fired-Russian-embassy-Syria.html

Saudi Arabian clerics have declared jihad against Russian and Syrian government forces after urging all Sunni Muslims to join the battle against President Bashar al-Assad.

More than 50 clerics and academics signed a joint statement calling on Sunnis to 'hurry' to war-torn Syria and help to topple Assad's government.
 
Не бил 1 имам, над 50 клерици и академци од Саудиска арабија прогласиле Џихад.

http://www.dailymail.co.uk/news/art...rtly-rockets-fired-Russian-embassy-Syria.html
Saudi Arabian clerics have declared jihad against Russian and Syrian government forces after urging all Sunni Muslims to join the battle against President Bashar al-Assad.

More than 50 clerics and academics signed a joint statement calling on Sunnis to 'hurry' to war-torn Syria and help to topple Assad's government.

Саудиски академици треба да биде во секој лексикон како пример за дефиницијата на оксиморон. Главна академска проблематика им е дали левата или десната рака треба да биде исечена прва.
 
Ми се чини дека све повеќе се засилува нетрпението меѓу сунитите и шиитите(со се алавитите). Мора некој да долева масло на огнот за вака да гори
 
Саудиски академици треба да биде во секој лексикон како пример за дефиницијата на оксиморон. Главна академска проблематика им е дали левата или десната рака треба да биде исечена прва.
Тоа ти е до перцепцијата на терминологијата. Има една приказна на која ме подсети со овој пост, а која се однесува симболично на причината на падот на Византија. Додека Турците дигале опсада, главната расправа на владиците била дали ѓаволот може да застане на врв на игла.

Муабетот ми е, дали за тебе саудиски академик е оксиморон, ритмички гимнастичар или whatever, на дел од нашите сограѓани тој им е извор на мудроста.[DOUBLEPOST=1444774370][/DOUBLEPOST]
Ми се чини дека све повеќе се засилува нетрпението меѓу сунитите и шиитите(со се алавитите). Мора некој да долева масло на огнот за вака да гори
Не е баш толку едноставно. Азербејџанците се Шиити ама по се изгледа дека ќе застанат на страната на Турција. Египет се Сунити, ама стојат позади Русија. Курдите се Сунити ама се досега најистрајни борци против ИД.
Ај сега најди му го крајот...
 
Последно уредено:
Полека полека, клопчето се одмотува.
Путин никогаш директно не ги нападна САД дека поддржуваат џихадисти од ИСИС (Ал Каеда), иако Русите од самиот старт го знаеа тоа.
Западната пропаганда се закопа самата себеси откако почна интервенцијата на Русија, првиот ден мачка им го изеде јазикот, потоа
почнаа да зборат за некакви "умерени терористи" Ал Нусра фронтот (подружница на АлКаеда) била опозиција.
Замислете, маринец седи пред телевизор, гледа CNN, и слуша како водителите и политичарите вриштат зошто Русите ги бомбардираат нивните од Ал-Каеда.
И си вели, чекај малце, моите другари во Ирак гинеа од Ал-Каеда, ги разнесуваа на парчиња, а сега АлКаеда ни се сојузници?
Пилотите што божем го бомбардираат ИСИС, му дава мисија, таа и таа е целта, таман да ги пушти бомбите, им велат Mission Abort, целта ја сменила позицијата.
Се шушка дека на Американската Армија јасно им било што се случува, дури и дека имало уапсени полковници и генерали што спремале државен удар за да спречат 3та Светска Војна, и да ги исчистат политичарите од врвот, заедно со Федералните Банкари.

Се шпекулира дека поради психопатите кои ја водат Америка, и Путин од рационален политичар кој размислува со ладна глава, би можел да прејде во "Insane" mode.
Русите би можеле да испукаат некоја upgade-верзија на Tzar Bomb во орбитата, 10 пати појака од оригиналната, па пола Европа да остане парализирана од ЕМП-то,
за да на крај Русите речат:
"Упс, ние се извинуваме, не очекувавме дека толку јако ќе пукне... Ја гледате онаа светлечкана топка на небото? Епа наша е."
Тоа би било знак дека Западот ја преминал жолтата линија.

Како и да е, ова се само шпекулации, но приметувам дека Путин се подиректно и подиректно им залепува во фаца дека Западот го создаде ИСИС,
а луѓето полека почнуваат да се освестуваат.
Ке видиме како ќе се одвиваат настаните во иднина...
 
Она за кое пишував вчера.
Зголемување на бомбардирањата од страна на Русија се очекува.


И за Иранските трупи.

BREAKING: Thousands of Iranian troops now in Syria to take part in ground offensives against insurgents.
Confirmed: 6 senior officers from the Iranian Revolutionary Guard inside Jabal Al-Akrad today. Sources specify important figures.

3382462_a150de93fb00f1e1adfdc4a8fadcf430.jpg



3382462_531d998b210d8208b3081d01adc9ed43.jpg




Касем Сулејмани says Hello![DOUBLEPOST=1444783371][/DOUBLEPOST]Денеска беа извршени 88 авио напади.
 
Последно уредено:
Стално вака правиш. Нешто ќе оспориш после си легнуваш на брашното.
И со што легнав на брашното? Или аргументите ти завршиха да ни убедуваш за влегуването на тези екстремисти во Европа и Западен Балкан?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom