Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
И ПТ системите, како Конкурсот, или Фаготот ги имало во остав на армиите кои учествуваа во судирите. Мислам дека прочитав некаде дека е користен ПТ системот Милан, ама тоа беше се од западно вооружување, според моето скромно познавање.

На 2 август година ''бунтовниците'' зазедоа складове на сириската армија полни со противтенковски системи Конкурс, Корнет, Фагот, Милан. Тука интересниот момент е дека ракетите за системот MILAN кои ги користат терористите се од поефикасните варијанти со поголема уништувачка способност (F2 и F3) какви сириската армија немала. Се смета дека се доставени од Катар и Либија за кои се знае дека имаат токму од овие модели. Друго прашање е дали има доволно обучени бунтовници кои можат да работат со таков систем.

f2.png


Разликата помеѓу различните противтенковски ракети за системот MILAN
milaan.jpg


MILAN во акција во Сирија
[DOUBLEPOST=1394988376][/DOUBLEPOST]Друго прашање е од каде терористите се здобиле со кинеските системи HJ-8

и FN-6
FN-6%20MANPADS%203-121005_copy1.jpg



 
Последно уредено:
На 2 август година ''бунтовниците'' зазедоа складове на сириската армија полни со противтенковски системи Конкурс, Корнет, Фагот, Милан. Тука интересниот момент е дека ракетите за системот MILAN кои ги користат терористите се од поефикасните варијанти со поголема уништувачка способност (F2 и F3) какви сириската армија немала. Се смета дека се доставени од Катар и Либија за кои се знае дека имаат токму од овие модели. Друго прашање е дали има доволно обучени бунтовници кои можат да работат со таков систем.

f2.png


Разликата помеѓу различните противтенковски ракети за системот MILAN
milaan.jpg


MILAN во акција во Сирија

Го гледав видеото со складот, ние може да позавидиме на прикажанта залиха...колку лансери имаат, и колку се обучени за користење на овие ПТ системи...
За МИЛАН ПТ системот колку што знам лансерот горе долу е ист, значи опто-елетронскиот дел е ист со некој мали измени, боевата глава ја прави разликата. Двојна боева глава за пенетрација на ЕР оклоп, против пешадиски, и не знам дали има термобарички боеви глави.
 
Панорама: Во Сирија регрутирани и 31 албански малолетник
Текст: Макфакс
Свет | 20 март 2014
Од Албанија во Сирија се регрутирани повеќе млади со цел таму да војуваат, а меѓу нив има и 31 малолетник кои се регрутирани на организиран начин од одредени келии кои делуваат во Албанија, а се во контакт со нивните организации во Сирија, пренесува албанскиот весник „Панорама", повикувајќи се на информации на албанската тајна служба ШИК.
panorama-vo-sirija-regrutirani-i-31-albanski-maloletnik-176879.jpg


Истиот извор наведува дека 13 татковци на малолетните деца се убиени во борбите или се исчезнати во Сирија. Весникот нагласува дека децата се обучуваат во камповите каде им се дава здравствена помош на повредените.

Во Албанија неодамна беа уапсени седум припадници на една келија, кои според албанското јавно обвинителство регрутирале борци за во Сирија. Меѓу уапсените се и двајца самонаречени имами, кои обуките и пропагандите ги вршеле во една се уште нелегализирана џамија на периферијата во Тирана.

Моментално четири лица од вкупно седум, колку што беа уапсени се во притвор, и се обвинети за проповедање на тероризам. Муслиманската заедница во Албанија побара албанските државјани да не патуваат во Сирија за оваа намена.
 
Албански командоси од Зал Хер војувале во Сирија

12C3228C16FD664F90BE58AFD0B29ED1.jpg


Четворица поранешни припадници од албанската база на командоси Зал Хер, учествуваат во сириската војна. Според обвинителството за тешки кривични дела, Артур Бала, познат под религиозно име Омер, е еден од муслиманските верници, кои според обвинението заминал за Сирија но повторно се вратил во Албанија.

Но, Артур Бала не е единствениот албански командос кој „ја посетил“ Сирија. Во досието на Обвинителството се и Диамант Раша( Ебу Амар) убиен во Сирија во декември минатата година, Ерјон Алињ, од Подградец, исто така убиен во Сирија, како и Леонард Перлика,кој бил но се вратил од Сирија. Во досието е и Едмонд Супараку(Ебу Бекер) кој се вратил од Сирија, но не е наведено дали бил припадник на специјалната единица „Командоси“.

„Артур Бала, пред три години почнал да ја практикува исламската религија и да ја посетува џамијата „Нов прстен“ во Тирана, која била раководена од самопрогласениот имам, Генци(Абдурахим) Бала, кој веќе е зад решетки како „мозок“ на регрутирањето верници, кои војуваат во Сирија на страната на терористичката организација Ал-Нустра, наведува весникот “Газета шќиптаре“.

Истрагата околу случајот на регрутирање и испраќање албански државјани на боиштата во Сирија се проширува и меѓу полициските редови. Обвинителството веќе има двајца осомничени припадници на полицијата, едниот офицер, за помагање на„борците“ да заминат преку аеродромот во Тирана. Медиумите го наведуваат примерот со Шелзен Думани, кому со шест годишниот син и девет годишната ќерка, им било дозволено да заминат откако му се јавил на полицискиот офицер.
 
Чеченски муџахедини во Сирија
 
Ајде више Обама нека ја земе нафтата ебено и нека тргне раце од Сирија! Симбол за права отворена и напредна држава, да, до 2011.
 
23 март 2014 - 10:53
Сириска опозиција: Не сакаме албански џихадисти
d4d965da-b5a0-4911-a3ba-063207801f17

Шеикот Фарис Ал –Таи, еден од лидерите на сириската опозиција кој престојува во Тирана како амбасадор на мирот на над 11 милиони сиријци во светот, истакнал дека опозицијата во Сирија е против присуството на албанските џихадисти во неговата земја .


Според албанските медиуми неговиот престој во Тирана се поврзува со војувањето на групи Албанци во Сирија .


Според весникот ,,Шекули,, тој изјавил дека албанските џихадисти при престојот во Сирија се искористени од екстремни и радикални групи кои се поврзани со терористите.


„Во Сирија се води политичка и економска војна и таа војна не е џихад", изјавил во Тирана претставникот на сириската опозиција кој упатил повик до верниците муслимани во Албанија правилно да ја сфатат војната во Сирија


http://makfax.com.mk/331955/siriska_opozicija__ne_sakame_albanski_dzhihadisti[DOUBLEPOST=1395612432][/DOUBLEPOST]http://www.time.mk/c/684e10e334/siriska-opozicija-ne-sakame-albanski-dzihadisti.html[DOUBLEPOST=1395612543][/DOUBLEPOST]http://www.time.mk/c/01500a711a/ska...ojuvaat-vo-sirija-so-pomos-na-policijata.html
 
ШИШ: Албанците во Сирија војуваат за терористите, а не на опозицијата

FDBD3EE1D7072E499164BEF9E258CBE3.jpg


Деведесеттината Албанци, кои според извештајот на албанската тајна служба,ШИШ, војуваат во Сирија, не се подршка на опозицијата.

Според овој извештај, но и истрагата на албанското Обвинителство за тешки кривични дела, Албанците војуваат заедно со воените бригади кои од страна на Светската организација се прогласени за терористички. Албанците се построени заедно со Ал-Нустра или други бригади кои немаат интерес да го соборат Башар Ал –Асад, туку да создадат исламска држава Ирак и Сирија.

Како доказ дека Албанците не војуваат за сириската опозиција, групата истражители го земаат убиството на Хасан Корвафај од село во близина на приморскиот град Валона. Се дознава дека Корвафај за Сирија заминал заедно со семејството и оти е убиен од опозициската армија во јануари годинава. Заедно со него убиени се и четворица Косовци, додека пак нивните деца се заробени.

„ Ал Нустра и нејзините сестрински бригади се најнасилни во сирискиот конфликт, но и најуспешни, зашто го имаат зголемено нивното присуство во разни области на Сирија. Генци Бала и Бујар Хиса, самопрогласени имами во џамијата „Нов прстен“ во Тирана, односно селото Мезез, кај Тирана, заедно со шестмина верници уапсени од албанските власти, освен поттикнувањето да се оди во Сирија, тие на верниците им велеле дека во Сирија има џихад, -стои во документот на ШИШ.

Ова е доказот поради кој Обвинителството за тешки кривични дела почна истрага и покрена обвинение против 13 албански државјани. Над 500-те Албанци кои војуваат во Сирија ги предводи Лавдерим Мухаџери од Качаник. Тој е позната личност во сириската војна, бидејќи е познат како лидер на албанските џихадисти таму.
Во написите кои деновиве наголемо ги пренесуваат албанските медиуми е и прислушкуваниот разговор на сопругата на еден од Албанците кои заедно со семејството е во Сирија.

Таа на своја роднина и признава дека за тоа што се таму добиваат пари. И доушник на ШИШ, кој присуствувал на наводните молитви во џамијата во Тирана, потврдува дека оние кои се приврзаници на самопрогласените имами, редовно добиваат големи пакети со помош,која се истоварувала во дворот на џамијата, но не изостанувале и “дебели пликови“.

При минатоделениот престој во Тирана, како амбасадор на мирот на над 11 милиони сиријци во светот, Шеикот Фарис Ал –Таи,порача дека опозицијата во Сирија е против присуството на албанските џихадисти во неговата земја.

-Албанските џихадисти при престојот во Сирија се искористени од екстремни и радикални групи кои се поврзани со терористите.Во Сирија се води политичка и економска војна и таа војна не е џихад, изјавил тој упатувајќи повик до верниците муслимани во Албанија правилно да ја сфатат војната во неговата земја.

Според албанските медиуми неговиот престој во Тирана се поврзува со војувањето на групи Албанци во Сирија.

Вера Тодоровска
 
Government loyalists caught out in the open and gunned down while attempting to retreat

Embedded media from this media site is no longer available
 
И у Сирија покушаваат на две столчиња да седат:

Албанците регрутирано во сириската војна по 2012 година и наваму имале жестоки меѓусебни конфликти бидејќи во повеќе случаи биле дел од ривалските групи.

Прислушкувањата на телефонските разговори на самопрогласениот имам од џамијата Мезез кај Тирана, Бујар Хиса, со Албанците во Сирија потврдуваат дека меѓусебните конфликти кои често се случувале завршувале и со убиства. Откако ќе биле испратени во Сирија, Албанците се приклучувале кон единиците на организацијата Ал Нусра, вооружена формација поврзана со Ал Каеда, кој војува против легитимната опозиција „Слободна армија на Сирија„ и армијата на Башар ал Асад.

Во текот на внатрешните случувања во Сирија, некои од Албанците станале дел од легитимната сириска опозиција, но по нивното опремување таму тие биле наречени „предавници“ од страна на нивните сонародници кои војувале со Ал Нусра.

Хасан Корвафај од Валона бил убиен во почетокот на јануари од страна на слободната сириска армија. По убиството биле заробени неговото семејство,како и четири семејства на Албанци од Косово, убиени заедно со Корвафај. Ова го потврдува разговорот, од седми јануари годинава, на „имамот“ Хиса со Шиќири Каца, по кого албанските власти имаат распишано меѓународна потерница.
На прашањето на Хиса кој е заробен, Каца одговара дека се заробени Шпресим Ѓока и Мехмет Стефасани, нивните семејства и семејството на Корвафај.

Тој му кажува дека преку видео снимка тие ги молат да го остават оружјето и да се договорат... Местото каде што се заробените ќе било нападнато од групата „Доела“ предводена од Чеченец, му вели Каца на Хиса.

Во друг разговор, реализиран три дена подоцна меѓу Хиса и поранешниот имам од Подградец, Алмир Даци, вториот го информира за Албанците кои преминале во слободната сириска армија. На објаснувањата на Даци дека тие се попишманиле и сакаат повторно да се вратат назад во нивната организација, имамот од Мезез отсечно му наредува„треба да се судат и да им се пресече главата“.
Според албанската тајна служба, на сириските боишта има деведесетина албански државјани.
(В.Т.)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom