Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
АкциЈа на српското МВР во Нови Пазар

Вехабисти наместо во Сирија, завршија в затвор

CABD88420EEE6E4881CCED2BE839C2F4.jpg


Специјалната противтерористичка единица на МВР на Србија во саботата во Нови Пазар уапсила двајца вехабисти, пренесува „Вечерњи лист“. И двајцата приведени долго се активисти и водачи на локалниот разгранок на терористичка група, а, според неофицијални информации, и двајцата се товарат за терористичко здружување.

Во новопазарската полиција не коментираат за случајот зашто со уапсените вехабисти се занимаваат антитерористичките експерти од Белград, кои ја извеле акцијата на апсење со молскавична брзина и ги префрлиле уапсените во српскиот главен град. Неофицијално, се дознава дека вехабистите се уапсени за организирање и испраќање млади Санџаклии на сириското боиште. Еден од уапсените вехабисти наводно се спремал да тргне за Сирија за некој ден, но не е потврдено дали одел да војува или да води група нови борци.

За групата од Нови Пазар прв пат се слушна кога нивниот пријател и поранешен член Мевлид Јашаревиќ, по раѓање новопазарец, пукаше врз американската амбасада во Сараево. Челниците на „Фуркан“ тогаш се оградија од Јашаревиќ и го осудиија, барем формално, неговиот чин.

Вехабистичкото движење во Санџак дејствува последниве две-три децении и во еден период имало и повеќе од 1.000 члена и тренд на ширење. Меѓутоа, по откривањето на терористичкиот камп на планината Нинаја, на границата меѓу Нови Пазар и Сјеница, апсењето на неколку вехабистички групи што планирале терористички акции во Нови Пазар и во Белград и по убиството на муфтијата Муамер Зукорлиќ, еден дел од вехабистите сфатиле дека целото движење нема многу врска со верата и оти се вовлечени во криминал. Вехабистите во Нови Пазар и во другите градови на Санџак повторно стапија на сцена со разгорувањето на војната во Сирија, кога нивните водачи, по инструкции и со пари добиени надвор од Србија, почнаа да регрутираат доброволци за војската на Исламската држава Ирак и Шам (ИДИШ), поврзана со Ал-каеда. Според неофицијалните податоци, во Сирија во моментот војуваат триесетина Санџаклии, од кои петмина загинале.
 
Албанец - регрутер на борци во Сирија си ги однел и децата


Албански медиуми денеска објавуваат нови факти по апсењето на седуммината Албанци,меѓу нив и двајца самопрогласени имами, обвинети за регрутирање и испраќање Албанци на боиштата во Сирија.
Освен возрасни, главно млади лица, во Сирија од Албанија биле испраќани и деца. Меѓу оние кои се таму се и Ендри Думани (6) и неговата сестра Ева Думани (9) чие исчезнување минатиот месец во полиција го пријавила нивната мајка.



„Двете деца во Сирија ги однесол нивниот татко Шкелзен Думани,кој е еден од шесте лица по кои полицијата има распишано потерница. Децата се наоѓаат во Сирија, а нивното заминување било на сомнителен начин, без потпис за согласност од страна на мајка им. Судбината на Ендри и Ева ја преживуваат многу поголем број деца од Албанија, но повеќето од нив заминале за Сирија заедно со родителите“, наведува тиранската телевизија Топ-чанел.



Освен седуммината завчера уапсени, полицијата потерница распиша за уште шест други лица, за кои, во отсуство одреди мерка притвор. Шкелзен (39), кој е еден од нив, е родум од Пешкопеја, а живее во Лапрак. Тој бил „главниот благајник“ кој им плаќал и го организирал одењето на Албанците во Сирија.



Во списокот на лицата кои ги бара полицијата и за кои одреди мерка притвор во отсуство а за кои постојат сознанија дека се во Сирија се и Генти Пашја (30) родум од Пешкошеја а населен во Тирана, Шиќири Каца (46) жител на Либражд, Алмир Дачи (31) од Подградец,како и Меди Маналари (65). Како што пренесуваат медиумите, Обвнителството има силни докази за овие лица дека се дел од терористичката исламистичка ќелија, која според последните информации на сириските боишта испратила над 70 Албанци, меѓу нив и жени и деца.

http://www.plusinfo.mk/vest/129141/Albanec---regruter-na-borci-vo-Sirija-si-gi-odnel-i-decata
 
Последното опозициско упориште на границата со Либан (Yabroud) е освоен од Сириската армија.
 
Последно уредено:
И еве како изгледа тоа од другата страна:
https://www.youtube.com/watch?v=x7a15C84HRA

Обрати внимание какво оружје имаат.

Терористите се вооружени со оружје што нема како да го имаат без да е доставенo со помош на турските и западните специјални служби. Во видеото на 1:00 min се гледа во акција руската противтенковска система 9M113 Konkurs
http://en.wikipedia.org/wiki/9M113_Konkurs
Одлично работи против тенкови без модерна реактивна заштита на браникот (ERA - explosive reactive armor).

На 2:00 се гледа кинескиот снајпер M99 50BMG што е доста сериозно оружје и во принцип таквите оружија се под специјална контрола, се користат од специјалните делови на армијата, неопходна е подготовка и не верувам овој брадест талибан да може да го користи ефективно.
http://world.guns.ru/sniper/large-caliber-sniper-rifles/ch/m99-e.html

Во Сирија во акција се и други западноевропски модели оружје кои се вметнуваат најверојатно во северната граница со помош на турските служби MIT.
http://www.liveleak.com/view?i=140_1351703099

Таквите модели се австриската Steyr AUG...
OJGSn.jpg


Steyr%2BAUG2.jpg


... и белгиската FN FAL 7,62mm
Syriashooter-630x392.jpg
 
Последно уредено:
Терористите се вооружени со оружје што нема како да го имаат без да е доставен помош на турските и западните специјални служби.

Одлични информации, фала.

Во линковите кои ги најдов има многу повеќе детали:
Additional information the FN FAL using 7,62x51mm NATO ammo.
оружие стран НАТО в Сирии
http://anna-news.info/node/6615

Неверојатно какво се оружје е шверцувано и во колкави количини, да не заборавиме дека за секоја од овие оружја потребна е скапа муниција и тоа во огромни количини за да биде опстојале 2-3 години во постојана борба против сиријската регуларна војска.

Нашата АРМ во недајбоже ваков напад од страна на надворешни групации мислам дека не би имала многу шанси да издржи толку време. Не сме ни свесни за што се способни западните агентури.
Плус, како што напомена Ред Барон, за некои од овие оружја потребна е специјализирана обука, што дополнително укажува на логистиката која стои зад нив.
Приватна армија од наемници од цел свет - огромни финансии за нивна исплата и трансфер во Сирија.

Секоја чест на Сиријците и на регуларната војска, покажаа неверојатен отпор и тактика. Особено откако ги изгледав сите епизоди со танкистите и како ефикасно дејствуваат, имав чувство ко да играм игрица, беа способни да испукаат тенковска граната во човечка цел во движење и да ја погодат, неверојатно страшно :)[DOUBLEPOST=1394980540][/DOUBLEPOST]
Последното опозициско упориште на границата со Либан (Yabroud) е освоен од Сириската армија.

Повеќе за ова:

Yabroud je pao - u munjevitoj akciji sirijske vojske i Hezbollaha zauzeto ključno uporište pobunjenika uz granicu s Libanonom // Vojska od jutros ima potpunu kontrolu nad gradom

http://www.advance.hr/vijesti/yabro...-uporiste-pobunjenika-uz-granicu-s-libanonom/

Еве и малце од акцијата директно:
http://www.liveleak.com/view?i=5e8_1394956564

Hezbolah conducts mop-up operations in Yabrud. Hezbolah fighters conducting clearing ops in Yabrud & capturing an islamist terrorist belonging to Al Nusra.
Meanwhile, today morning there is a total collapse of Al Nusra Front in Yabrud city. Most of survived terrorists fled to the mountains. Syrian Army controls most parts of the city, after one month of fierce battlles.
Read more at http://www.liveleak.com/view?i=5e8_1394956564#PmP4pXzfL6sIGLS8.99
 
Последно уредено:
Абе остај југословенските :icon_lol: ги виде ли на почетокот уништувачите на тенкови и снајперите...

Red Baron одговори, тоа е поспецифично од видеото.

Embedded media from this media site is no longer available

m99-590x300.jpg

http://www.thebangswitch.com/the-chinese-m99-50-caliber-anti-material-rifle/[DOUBLEPOST=1394982745][/DOUBLEPOST]
Syrian forces enter rebel
bastion of Yabrud

https://now.mmedia.me/lb/en/nowsyrialatestnews/539252-syrian-forces-enter-rebel-bastion-of-yabrud
 
Друг малку познат факт е дека терористите во Сирија користат дрога кoja им овозможува да издржат долго време без спиење, зголемува издржливоста наглад и дава чувство на бодрост и еуфорија.Тоа е добро познататиот наркотик - Каптагон. Много широко се користи во земјите од арапскиот свет, за време на комунистичкиот режим во Бугарија бугарската Државна безбедност (ДС) организира производство во огромни количини на каптагон кој се продава во арапските земји заедно со нелегален извоз на оружје.

На повеќето од овие терористи им е потребна дополнителна стимулација со слична дрога која да стимулира активноста и да го намали стравот за време на битка. Само фанатизмот очигледно не врши работа. Добро позната е употребата на дрога од странските арапски платеници кои војуваа во Чеченија.
 
Неверојатно какво се оружје е шверцувано и во колкави количини, да не заборавиме дека за секоја од овие оружја потребна е скапа муниција и тоа во огромни количини за да биде опстојале 2-3 години во постојана борба против сиријската регуларна војска.

Не сме ни свесни за што се способни западните агентури.
Плус, како што напомена Ред Барон, за некои од овие оружја потребна е специјализирана обука, што дополнително укажува на логистиката која стои зад нив.
Приватна армија од наемници од цел свет - огромни финансии за нивна исплата и трансфер во Сирија.

Секоја чест на Сиријците и на регуларната војска, покажаа неверојатен отпор и тактика. Особено откако ги изгледав сите епизоди со танкистите и како ефикасно дејствуваат, имав чувство ко да играм игрица, беа способни да испукаат тенковска граната во човечка цел во движење и да ја погодат, неверојатно страшно

Воглавно цело вооружување што го користат „бунтовниците“ е дел од формациското, или пак она што се наоѓаола во состав на вооружените сили на Либија, Египет, и нормално Сирија. Освен по некое егзотично парче што се појавува на видеата, не верувам да има некоја поголема количина. И ПТ системите, како Конкурсот, или Фаготот ги имало во остав на армиите кои учествуваа во судирите. Мислам дека прочитав некаде дека е користен ПТ системот Милан, ама тоа беше се од западно вооружување, според моето скромно познавање. Некое инцидентно парче не значи ништо.Речиси се што се користи било пристуно таму.

За обуката на оние што се појавуваат во видеата, барем поголемиот дел се гледа дека се отидени да загината и ништо повеќе.

Оние што не ги гледаме се борбената ефектива, од западни специјални сили, платеници, муџахедини кои поминале од окупацијата на СССР во Афганистан, па се до Сирија...не дека нема локално население, ама колкав и каков е одзивот, не знам.

Тактички аспект, сисријската армија го примени оној концепт кој најмалку го очекуваа „бунтовниците“, а воедно е и најразорен, да се срамни се со земјата. Тие се обидуваа да ги набедат регуларните сириски сили во урбана пешадиска борба, со мали формации, и чистење куќа по куќа...е сега се чисти куќа по куќа, ама не како што се очекуваше. Цената е градови срамнети со земја, но е најефективна тактика во вакви услови од аспект на заштеда на жива сила, време и сл...[DOUBLEPOST=1394984266][/DOUBLEPOST]
Друг малку познат факт е дека терористите во Сирија користат дрога кoja им овозможува да издржат долго време без спиење, зголемува издржливоста наглад и дава чувство на бодрост и еуфорија.Тоа е добро познататиот наркотик - Каптагон. Много широко се користи во земјите од арапскиот свет, за време на комунистичкиот режим во Бугарија бугарската Државна безбедност (ДС) организира производство во огромни количини на каптагон кој се продава во арапските земји заедно со нелегален извоз на оружје.

На повеќето од овие терористи им е потребна дополнителна стимулација со слична дрога која да стимулира активноста и да го намали стравот за време на битка. Само фанатизмот очигледно не врши работа. Добро позната е употребата на дрога од странските арапски платеници кои војуваа во Чеченија.

Aмфетамин, широка употреба има за време на Втора Светска војна од страна на нацистичка Германија, доста се користел и за време на судирите на просторот на бивша Југославија.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom