- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.915
- Поени од реакции
- 86.177
АкциЈа на српското МВР во Нови Пазар
Вехабисти наместо во Сирија, завршија в затвор
Специјалната противтерористичка единица на МВР на Србија во саботата во Нови Пазар уапсила двајца вехабисти, пренесува „Вечерњи лист“. И двајцата приведени долго се активисти и водачи на локалниот разгранок на терористичка група, а, според неофицијални информации, и двајцата се товарат за терористичко здружување.
Во новопазарската полиција не коментираат за случајот зашто со уапсените вехабисти се занимаваат антитерористичките експерти од Белград, кои ја извеле акцијата на апсење со молскавична брзина и ги префрлиле уапсените во српскиот главен град. Неофицијално, се дознава дека вехабистите се уапсени за организирање и испраќање млади Санџаклии на сириското боиште. Еден од уапсените вехабисти наводно се спремал да тргне за Сирија за некој ден, но не е потврдено дали одел да војува или да води група нови борци.
За групата од Нови Пазар прв пат се слушна кога нивниот пријател и поранешен член Мевлид Јашаревиќ, по раѓање новопазарец, пукаше врз американската амбасада во Сараево. Челниците на „Фуркан“ тогаш се оградија од Јашаревиќ и го осудиија, барем формално, неговиот чин.
Вехабистичкото движење во Санџак дејствува последниве две-три децении и во еден период имало и повеќе од 1.000 члена и тренд на ширење. Меѓутоа, по откривањето на терористичкиот камп на планината Нинаја, на границата меѓу Нови Пазар и Сјеница, апсењето на неколку вехабистички групи што планирале терористички акции во Нови Пазар и во Белград и по убиството на муфтијата Муамер Зукорлиќ, еден дел од вехабистите сфатиле дека целото движење нема многу врска со верата и оти се вовлечени во криминал. Вехабистите во Нови Пазар и во другите градови на Санџак повторно стапија на сцена со разгорувањето на војната во Сирија, кога нивните водачи, по инструкции и со пари добиени надвор од Србија, почнаа да регрутираат доброволци за војската на Исламската држава Ирак и Шам (ИДИШ), поврзана со Ал-каеда. Според неофицијалните податоци, во Сирија во моментот војуваат триесетина Санџаклии, од кои петмина загинале.