Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Уште еден државјанин на БиХ загинал во Сирија
http://makfax.com.mk/324405/ushte_eden_drzhavjanin_na_bih_zaginal_vo_sirija
Оф оф,
Мислиш на Зоран и брат му..??!Оф оф,
Сега да очекуваме интернационалниве алкаедовци да го покажат своето јунаштво и први да се повлечат.
Тешко да се случи да направат сојуз во брзо време. Но, секако, сега постојат услови за одржување на преговори, а потоа и расчистување со алкаедовците и со Зоран и брат му Горан..Сега нека размислат ФСА за сојуз со Асад за конечна пресметка на гомната терористички. Еден да не остават!!!
Руските ракети С-300 стигнале во Сирија
Руските ракети поради кои се крена прашина на меѓународната сцена околу двојните аршини на Москва за прашањето за Сирија, веќе стигнале во земјата во која беснее граѓанска војна, пренесува Ројтерс.
![]()
Сирискиот претседател Башар Ал Асад изјавил дека неговиот режим веќе ја добил првата пратка од современите противавионски ракети.
Русија вети дека ќе почне да ѝ ги испраќа одбранбените системи на Сирија набргу по одлуката на ЕУ да не го обнови ембаргото за испорака на оружје на сириската опозиција, што Москва го критикуваше обвинувајќи го Брисел за двојни аршини.
„Сирија ја добива првата пратка од руските ракети С-300“, изјавил Асад во интервјуто за телевизијата Ал Манар, поврзана со Хезболах, кое ќе биде емитувано подоцна во текот на денот, и додал дека другите пратки ќе стигнат за брзо време, пренесува Би-би-си.
Сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем вчера изјавил дека сириските оружени сили се повторно во офанзива, додека лидерот на бунтовниците Селим Идриш претходно за Би-би-си изјавил дека Хезболах врши „инвазија“ врз Сирија, потврдувајќи дека над 7.000 борци од либанското шиитско движење учествуваат во нападите на градот Кусаир, кој е под контрола на бунтовниците.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во изјавата за руските медиуми кажал дека се добива впечаток дека радикалната сириска опозиција прави сѐ што може за да предизвика воена интервенција, пренесува Итар Тасс.
„Националната коалиција и нејзините регионални спонзори прават сѐ што можат обидувајќи се да го спречат почетокот на политичкиот процес и ги користат сите начини, вклучувајќи го и „перењето мозок“ на Западот со цел да предизвикаат воена интервенција. Таквите постапки ги сметаме за недозволиви“, кажал Лавров.
Мислам дека има некоја грешка со објавенава сторија. Кусаир е одамна освоен. Можно е да се погрешени датумите на сторијава.Се подновил Асад![]()
Најмалку 33 загинати во терористички напади во Хомс, Дера'а и Дамаск
Најмалку 33 луѓе, од кон најмногу деца, се убиени во неделата во три одвоени терористички напади во поголемите сириски градови, додека во северниот град Алепо се претпоставува дека во напад врз болница има најмалку 50 жртви, објави ноќта кон понеделникот сириската државна агенција SANA.
Во шиитското гратче Ум-Амед источно од градот Хомс, во неделата терорист самоубиец активирал автомобил полн со експлозив во комплекс образовни институции. Во експлозијата загинале 20 луѓе, повеќето од нив се деца, а десетици се ранети.
Ви јужниот дел на Сирија, во градот Дера'а, со минофрлачки оган била гаѓана древната црква Свето Благовештение во центарот на градот. Во нападот има осум жртви, од кои три се деца, а уште четири луѓе загинале во административни објетки врз кои паднале три гранати, пренесува агенцијата.
Во сириската престолнина Дамаск проектил паднал во близина на филијала на банка во христијанскиот кварт Каса'а. Еден службеник загинал, а двајца биле ранети. Владините безбедносни сили соопштиле дека во операциите во предградијата на Дамаск биле разбиени бунтовнички групи во чии редови имало десетици странски сунитски борци и платеници од Саудиска Арабија, Јордан и Египет. Артилеријата извела гранатирање врз населбите Дума, Хараста, Џубар и Дараија, а воздушни удари биле насочени врз бунтовнички бази во поранешното летувалиште Забадини, на 45 километри западно од Дамаск.
Агенцијата пишува и за деталите на нападот врз болницата „Ал-Кинди" во градот Алепо, најголемиот медицински центар во северниот дел од земјата. Околу стотина владини војници коишто биле оставени за обезбедување на центарот биле нападнати, според процените на SANA, од три илјади припадници на џихадистичката групација Фронтот ал-Нусра, составена претежно од странски исламистички борци блиска на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Откако бунтовниците извеле безуспешен напад за заземање на болничкиот комплекс, тие во него забиле две возила полни со експлозиви. Во моќната експлозија била уништена централната болница. За бројот на жртвите нема прецизни податоци, но се шпекулира со околу педесет жртви Сириската агенција пишува дека поголемиот дел од војниците можеле да се повлечат во квартот во Алепо во кој се наоѓа градскиот затвор кој повеќе седмици се наоѓа под опсада на исламистичките групи кои држат некои населби во градот.
Се соопштува и дека локалните милиции во центарот на Алепо успеале да спречат обид на екстремистите да се пробијат кон познатиот хотел „Карлтон". Се информира и за многу жестоки престрелки во повеќе квартови во најголемиот според население град во Сирија. На приодите од градот сириската авијација извршила бомбардирања врз силите на бунтовниците во населбите Хаија, Харејтан, Мајер, Дарет-Иза, Баијанун, Зарзур, Хан-ал-Асал, а била нападната и бунтовнички конвој со оружје и муниција којшто се движел кон Алепо. Според опозицската Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, која се повикува на својата широка мрежа активисти на теренот и медицински извори, во овие напади се убиени повеќе од шеесет луѓе, од кои повеќето биле цивили
Се разгорува ситуација во Сирија. Исламистите напаѓаат болници и цркви.
http://makfax.com.mk/325648/najmalku_33_zaginati_vo_teroristichki_napadi_vo_homs__dera_a_i_damask
Велика Британија им го одзема државјанството на лицата кои се борат во Сирија
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=68419#.UrmUl9JDtXc
Добро би било и исплакнатите мозоци од Македонија да останат без државјанство!Уште еден Албанец загина во Сирија
http://republika.mk/?p=178791
СРПСКИТЕ БОРЦИ ВО СИРИЈА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ДРЖАВЈАНСТВО
http://dnevnik.mk/?ItemID=5B443D30FFC5114498C5B35281B99E04