jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.645
- Поени од реакции
- 27.609
Опасно напредување на ИДИЛ/ИСИЛ во Сирија.
http://a1on.mk/wordpress/archives/360756
Исламската држава (Идил) може да биде многу нешта, но единствено не е шега.
Додека меѓународната заедница е фокусирана кон дезинтеграцијата на Ирак и проширувањето на таканаречениот калифат на Абу Бакр ал Багдади, сунитските бунтовници ја преместија нивната офанзива кон Сирија, со новонабавено американско оружје и пари.
Комотно здомени заради неказнувањето кое им го озвозможува воглавно неодговорната меѓународна заедница, и заради неспособноста на сириската и ирачката армија да ги победат во битки, последното напредување на Идил во Сирија продолжува да ја дестабилизира веќе кревката динамика во регионот.
И кога Башар ал Асад присуствуваше на неговото де факто самокрунисување кое му овозможи уште седум години власт, Идил се исмева со заложбата на претседателот да „не сопре со борбата против тероризмот, и да удира по него се додека не се осигура безбедноста во секоја точка во Сирија“.
Покрај Идил, сириските курди исто така си воспоставија свои кантони на самоуправа, поддржани од нивите воени сили, Народните безбедносни единици (ИПГ). Но додека се засилува нивната контрола врз курдските области во Сирија, тоа доведе и до жесток судар со Идил.
Надградба на огнот на борбата
Додека во соседен Ирак крудистанскиот регион останува воглавно изолиран од насилните и окупирачки операции на Идил, околу двомилионското курдско население во Сирија најтешко е погоден од проширувањето на „калифатот“, кој беше прогласен на крајот на јуни.
На 2 јули, борците на Идил нападнаа села западно од Кобане, во провинцијата Алепо.
Мнозинско курдскиот регион беше заземен од ИПГ во јули 2012 година, а потоа беше прогласен автономен кантон од страна на Партијата за демократска унија (ПИД).
Ова не е првпат Идил да се обидат да го асимилираат Кобане во територијата која е под нивна контрола, исто се заканија и во март, но со продолжувањето на нападите се забележуваат уште пожестоки напади на Идил против кордските сили.
Во симболичното кочоперчење за новата регионална реалност по заземањето на северниот ирачки град Мосул минатиот месец, Идил користеше оружје кое го запленија од ирачката армија по успешното заземање на големи области од земјата, меѓу кои има и 1,500 хамери, од кои многу се опремени со ракетни фрлачи, хаубици и прецизно наведувани проектили.
- Нападите од Идил достигнаа акутно ниво по нивното неодамнешно запленување на тешко оружје, предупреди претседателот на трите курдски кантони во Сирија.
„Хемиско оружје“
И додека ИПГ тврди дека Идил користеле хемиски агенси во неодамнешните напади врз Кобане – наводно запленето од складиштето за хемиско оружје Мутхана во близина на Багдад – легитимноста за фотографираните и медицинските докази кои ги обезбедија курдските сили допрва треба да бидат потврдени од меѓународните играчи.
САД исто така го потценија преземањето на Идил на складиштето Мутхана на 8 јули, тврдејќи дека оужјето е со истечен рок и дека не може повеќе да се користи.
- Користено е хемиско оружје и во Дијарбакир земавме примероци за тестирање. Тоа е некаков вид на хемиско оружје… но не можеме да бидеме сосема сигурни, тврдеше лидерот на ПИД, Салих Муслим.
Портпаролот на ИПГ, Редул Џалил, ја повика меѓународната заедница „да интервенира веднаш и да прдолжат со нивните оврски кон Кобане“, во обид да се алармира светот за досега медиумски непокриената борба која се води против сириските курди.
Остриот пресврт во борбите во Сирија е причина за аларм, посебно во соседна Турција која има причина за загриженост во врска со порастот на милитаризацијата во курдските области, истовремено додека ИПГ се мачи да излезе на крај со засилениот Идил.
- Знаеме дека 300 до 400 турски курди се борат со нас против Идил во Сирија, рече Муслим. „Многу е тешко. Имаме недостиг од оружје, а нашите ракетни фрлачи не се ефикасни против тенковите на Идил“.
Турција е соочена со дилемата дали ПИД – која е тесно врзана со стариот непријател на Турција, Работничката партија на Курдистан (ПКК) – исто ги спречува милитантните исламистички сили за дестабилизација на своите гранични региони.
Според турскиот експерт и вонреден професор на Кралскиот институт на обединети служби (Руси), Арон Стејн, „не е јасно која е турската политика. Порастот на Идил за нив беше промена на играта“.
- Но досега немаме докази дека Турција ја поддржува Идил против ИПГ. Сите докази до кои дојдовме укажуваат дека директно не ги подржуваат“.
За тоа што ќе одлучи Турција, ќе има силно влијание и врз развојот на конфликтот во Сирија.
Ниту еден од трите големи играчи – сирискиот режим, Идил или ПИД – не и се сосема омилени на Анкара, но мора да се донесе избор.
Можно е Анкара прво де факто да го признае распадот на Сирија на три дистрикти со посебни владеачки структури, и да ја спречи радикализацијата на курдите кои се борат против Идил како свој главен безбедносен приоритет.
Додека конфликтот во Сирија зоврива, и е распалуван од Ирак, Турција можеби ќе се најде како игра двојна улога во поддршката на Курдите, но само онолку колку да обезбеди дека тие нема да ја загубат битката. Како и да е, допрва следува уште војна.