Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
T6vMD-XZS4CJwDFyDegEjA.png

Турците по се изгледа ќе влезат во областа на Африн, неколку дена трупаат војска, а последниот ден ја имаат изрешетено областа како што може да се види на сликата.

Сириската војска веројатно нема да се меша сега туку ќе гледа да го среди Идлиб, бидејќи терористите блиски до Турција ќе бидат ангажирани против курдите,

така да следуваат интересни времиња во Сирија, турците и нивните паравојски против курдите, САД и нивните паравојски против остатокот од ИСИС и турците, САА и дружината против сите видови на терористи, а ништо чудно да влезат и они против курдите многу брзо,
војна на САА и Турција може да се очекува одкако ќе се средат курдите и Идлибстан, но многу веројатно е и нешто друго да е договорено, доста средби имаа турците со Русија и со Иран.
 
Убави вести од Сирија, сите се задоволни освен САД, курдите и кукловодите. Проблемот е тоа што САД и НСП оддамна го имаат зацртано на картата голем Курдистан и голема Албанија, тоа е глобална геополитика, не важно каква е крајната цел, но сигурно има таква. Многу работи околу идната курдската држава се променија после неуспешниот пуч на НАТО во Турска, целите беа префрлање на ИСИС на исток, поделба на Турска и голем Курдистан со излез на море. Но не им успеа планот, Турска се сврте на исток. Во глобална политика има случаи на смена на страните, но тоа е реткост, обично ако не успее план А, прават сличен план Б, со ограничување на штетите. Конкретно беше план за голем курдистан без излез на море, но со пријателски сосед за логистика, ако ја погледнете картата ќе видите дека нема таква држава, соседи на курдите се Сирија, Иран, Ирак и Турска, и кон сите курдите имаат територијални апетити, затоа САД пробаа да им направат копнен коридор со марионетната држава Јемен, станува збор за Ал Танаф, доста постигнаа таму, дури транспортираа курди да војуваат таму, им останаа околу 100 километра пустина да пробијат за да се поврзат со ИСИС, но толку се наивни тие планови и на секого му е јасно, кој што планира.
Асад со Русија ја пресекоа пустината и излегоа на границата со Ирак, Ердоган од друга страна ги расече на две, Манбиџ да не се поврзе со Африн. Африн не е голема област околу 5% од целата курдска територија, но од друга страна тоа се дополнителни 200 км гранична линија која курдите ќе ја окупираа.
Последен план Ц на САД е сегашниот, тип Северна и Јужна Кореја, Северен и Јужен Виетнам/Сајгон/.
Веќе почнаа да формираат војни, полициски државни структури во курдистан, конкретно станува збор за 30 илјади погранична армија која ќе ја легализира државата Курдистан.
Во нормални случаи соседите може да се помират со тоа, да се спазарат за нешто, но во Турска живеат 14 милиона курди, од педесетина години се во неформална граѓанска војна, ако порано границите на Турска беа стабилни и имаше војни дејствија внатре во Турска, при евентуална курдска држава со 500 километра општа граница, е јасно во иднина што ја очекува.
Ердоган беше принуден на ваква реакција, на Асад и Русија повеќе им одговара Ердоган да окупира, отколку САД, односите на Турска со САД и НАТО ќе се влошат, има и варијанта Турска да излезе од НАТО и дефинитивно да помине на исток.
САД нема пријатели и сојузници а вазали, со тоа што кон секоја држава има различни цели, некој се побогати, други бедни, на некој им зема територија, да речеме Србија, Македонија, Турска, по никаков начин неможеш да ги натераш да го променат планот, можеш да си соучесник во него, тип Заев и компанија или да не си повеќе пријател со САД, тип Ердоган.
Претпоставувам и дека после малку војна со Турска дел од курдите ќе изберат да предадат територија на Асад отколку да бидат убиени. САД ги уценува и курдите, неможе мала држава каде што живеат курди а треба да окупираат и сириска земја, пола од сегашната територија е окупирана, таму никогаш не живееле курди, но курдска држава оди заедно во комплет со 100% послушност кон САД, ИСИС веќе го нема и курдите се новото прокси на САД.
 
Турците имаат за цел да спречат создавање на Курдска држава по секоја цена.
 
Турците имаат за цел да спречат создавање на Курдска држава по секоја цена.

А ти си против Курдска држава т.е. за Ердо или би признал формирање на Курдистан :D

@Бачето анализава ти е каша попара. Порано бар средени ти беа.
Сите задоволни во Сирија, ама сите сеуште ја ораат, па те ќе направеле па те ги спречиле па ќе добиеле мала територија итн итн :confused:
 
Убави вести од Сирија, сите се задоволни освен САД, курдите и кукловодите. Проблемот е тоа што САД и НСП оддамна го имаат зацртано на картата голем Курдистан и голема Албанија, тоа е глобална геополитика, не важно каква е крајната цел, но сигурно има таква.

Ако навистина САД и НСП сакале Курдистан тогаш зошто застанаа зад Ирак против Курдите во нивниот последен конфликт таму и предавање на територии ?

Затоа САД пробаа да им направат копнен коридор со марионетната држава Јемен, станува збор за Ал Танаф, доста постигнаа таму, дури транспортираа курди да војуваат таму, им останаа околу 100 километра пустина да пробијат за да се поврзат со ИСИС, но толку се наивни тие планови и на секого му е јасно, кој што планира.Асад со Русија ја пресекоа пустината и излегоа на границата со Ирак, Ердоган од друга страна ги расече на две, Манбиџ да не се поврзе со Африн. Африн не е голема област околу 5% од целата курдска територија, но од друга страна тоа се дополнителни 200 км гранична линија која курдите ќе ја окупираа.

Базата во Танф немаше никаква врска со Курдите и некаков си нивни коридор до Јордан. Целата работа околу Танф беше да се блокираат Сиријците со тоа и да се намали влијанието на Иранците и Хезболах да немаат копнен пат од Иран преку Ирак до Сирија и Либан и борците во Танф не беа никакви курди туку арапи од ФСА

Последен план Ц на САД е сегашниот, тип Северна и Јужна Кореја, Северен и Јужен Виетнам/Сајгон/.
Веќе почнаа да формираат војни, полициски државни структури во курдистан, конкретно станува збор за 30 илјади погранична армија која ќе ја легализира државата Курдистан.
Во нормални случаи соседите може да се помират со тоа, да се спазарат за нешто, но во Турска живеат 14 милиона курди, од педесетина години се во неформална граѓанска војна, ако порано границите на Турска беа стабилни и имаше војни дејствија внатре во Турска, при евентуална курдска држава со 500 километра општа граница, е јасно во иднина што ја очекува.

Барем Курдите ги имало отсекогаш таму и постои некаква основа да си формираат свои единици за заштита, туку што правиме со војските и полициите што ги инсталира Ердоган ? Предходно војуваа против Сиријската војска со оружје добиено преку Турција и сега се Турски платеници а анексираат територии во туѓи држави
 
Бидејќи војната на Турција и е гарантирана. Или сега Турците влегуваат во Сирија, или за некое време Курдите во Турција.
:свиркам:

Конечно ќе го видиме ефектот на наведуваните против-тенковски ракети врз една релативно модерна армија, доколку Курдите ги поседуваат во доволно голем број (можно е оружјето да е повлечено од Американците).
Исламистите ги правеа партал оклопните возила на Асад (се користеа и против пешадија), но тоа беа релативно стари тенкови, без некаква пасивна или активна заштита.

Турците АлБал го освоија со голем број жртви. Како ќе си поминат со Курдите ќе видиме...
 
Како што си поминаа Саудијциве во Јемен, што тенкови имаа таму?
Абрамси?

А ќе видиме и како работат манпадовиве, САД ги снабди Курдите, и тешко дека повлече нешто од против тенковските ракети, про сирискиве веб сајтови викаат дека уште му придале.
 
Саудијците со коалицијата поминуваат катастрофално во Јемен. Војната трае скоро 3 години, а немаат направено никакви или многу мали придобивки. Настрана фактот што Хутите од Јемен имаат влезено на Саудиска територија веќе подолго време.

Користат Абрамси чии загуби се големи, но многу поголеми им се загубите на останатите оклопни и возила со лесна заштита.
Хутите најверојатно користат Ирански верзии (копирани од Русија) на наведувани ракети, но и РПГ. Интересно е што имаат изгубено 20-50 летала од кои нeколку се Ф-15 и Ф-16, а освен манпад, не ми се верува Хутите да имаат нешто понапредно. Можеби некакви Ирански верзии.

Во меѓувреме, почнаа да се распаѓаат Турските тенкови:

https://twitter.com/michaelh992/status/955066980935045121
 
Не ист теренот во Сирија и Јемен, површински и популациски исто,
Турците се далеку појаки од саудијците и се друго освен да ги збришат курдите не се очекува, сега дали ќе изгубиле 10 тенка или 1000 војници е небитно, оти сугурно ќе имат загуби,

со тоа што Русите се повлекоа од Африн, јасно е дека оваа е одобрено од нив, но исто така е одобрено и од Иран, а тоа што го дрндаат сириските медиуми ти е за ПР маркетинг.

тешко е да се предвиди како ќе се одвива понатаму работата, ама едно е јасно, тоа е дека курдите ќе го јадат од било кој и да е, премногу се залетаа, сакаа да прават држава на пола сириска територија (се знае кој им го заговараше тоа)
 
само штора против овие ракети, турциве немаат никаква заштита на тенковите
 
Не ист теренот во Сирија и Јемен, површински и популациски исто,
Турците се далеку појаки од саудијците и се друго освен да ги збришат курдите не се очекува, сега дали ќе изгубиле 10 тенка или 1000 војници е небитно, оти сугурно ќе имат загуби,

со тоа што Русите се повлекоа од Африн, јасно е дека оваа е одобрено од нив, но исто така е одобрено и од Иран, а тоа што го дрндаат сириските медиуми ти е за ПР маркетинг.

тешко е да се предвиди како ќе се одвива понатаму работата, ама едно е јасно, тоа е дека курдите ќе го јадат од било кој и да е, премногу се залетаа, сакаа да прават држава на пола сириска територија (се знае кој им го заговараше тоа)
Русија ги издаде курдите на Турција исто како србите што беа издадени на НАТО во 1999-2000. Курдите сами без помош немаат никакви шанси против моќната Турција.
 
Русија ги издаде курдите на Турција исто како србите што беа издадени на НАТО во 1999-2000. Курдите сами без помош немаат никакви шанси против моќната Турција.

Русите им помагаа на курдите со оружје но никогаш не беа големи сојузници со нив, во превод се обидуваа да ги придобијат ама курдите влечеа на Американска страна (ги слушаа нив) цело време и тоа е тоа. Бонус беше тоа што ги грабнаа нафтените полиња источно од Деир езор и правеа проблеми на Сиријската војска во Хасака

Сега ќе бидат казнети за тоа и ќе ги изгубат Африн и Манбиј а ништо чудно Сиријската војска да ја искористи ситуацијава и да си ги врати Рака и Табка наскоро
 
Турскиот Леопард 2А4 од видеото на кое беше погоден од ПО проектил е оперативен според извештајот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom