Убави вести од Сирија, сите се задоволни освен САД, курдите и кукловодите. Проблемот е тоа што САД и НСП оддамна го имаат зацртано на картата голем Курдистан и голема Албанија, тоа е глобална геополитика, не важно каква е крајната цел, но сигурно има таква. Многу работи околу идната курдската држава се променија после неуспешниот пуч на НАТО во Турска, целите беа префрлање на ИСИС на исток, поделба на Турска и голем Курдистан со излез на море. Но не им успеа планот, Турска се сврте на исток. Во глобална политика има случаи на смена на страните, но тоа е реткост, обично ако не успее план А, прават сличен план Б, со ограничување на штетите. Конкретно беше план за голем курдистан без излез на море, но со пријателски сосед за логистика, ако ја погледнете картата ќе видите дека нема таква држава, соседи на курдите се Сирија, Иран, Ирак и Турска, и кон сите курдите имаат територијални апетити, затоа САД пробаа да им направат копнен коридор со марионетната држава Јемен, станува збор за Ал Танаф, доста постигнаа таму, дури транспортираа курди да војуваат таму, им останаа околу 100 километра пустина да пробијат за да се поврзат со ИСИС, но толку се наивни тие планови и на секого му е јасно, кој што планира.
Асад со Русија ја пресекоа пустината и излегоа на границата со Ирак, Ердоган од друга страна ги расече на две, Манбиџ да не се поврзе со Африн. Африн не е голема област околу 5% од целата курдска територија, но од друга страна тоа се дополнителни 200 км гранична линија која курдите ќе ја окупираа.
Последен план Ц на САД е сегашниот, тип Северна и Јужна Кореја, Северен и Јужен Виетнам/Сајгон/.
Веќе почнаа да формираат војни, полициски државни структури во курдистан, конкретно станува збор за 30 илјади погранична армија која ќе ја легализира државата Курдистан.
Во нормални случаи соседите може да се помират со тоа, да се спазарат за нешто, но во Турска живеат 14 милиона курди, од педесетина години се во неформална граѓанска војна, ако порано границите на Турска беа стабилни и имаше војни дејствија внатре во Турска, при евентуална курдска држава со 500 километра општа граница, е јасно во иднина што ја очекува.
Ердоган беше принуден на ваква реакција, на Асад и Русија повеќе им одговара Ердоган да окупира, отколку САД, односите на Турска со САД и НАТО ќе се влошат, има и варијанта Турска да излезе од НАТО и дефинитивно да помине на исток.
САД нема пријатели и сојузници а вазали, со тоа што кон секоја држава има различни цели, некој се побогати, други бедни, на некој им зема територија, да речеме Србија, Македонија, Турска, по никаков начин неможеш да ги натераш да го променат планот, можеш да си соучесник во него, тип Заев и компанија или да не си повеќе пријател со САД, тип Ердоган.
Претпоставувам и дека после малку војна со Турска дел од курдите ќе изберат да предадат територија на Асад отколку да бидат убиени. САД ги уценува и курдите, неможе мала држава каде што живеат курди а треба да окупираат и сириска земја, пола од сегашната територија е окупирана, таму никогаш не живееле курди, но курдска држава оди заедно во комплет со 100% послушност кон САД, ИСИС веќе го нема и курдите се новото прокси на САД.