Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не е тази база во Тартус, каде другаде руснаците имат база во Средиземно море?
Не е прашане за кесето, прашане е дека нема коj да си даде газо под наем. Тоа нема да го направи НАТО држава, остана Црна Гора (за коja се надеваха руснаците),но таа замина. Египет?Либиja,Тунис,Алжир,Мароко? Коj?

Снабдуването на Европа со гас зависи во моментот от Турциja и врзките со цевките ј со Иран и Ирак, а и со Азербеjджан. Другата држава е Грциja со можностите за терминали на неjните краjбрежиja.

Во небето на Сириja са и американчците и французите,веке са и британците, тамо са и руснаците, турците влегуват исто... така да тоа е една зона над коja сите прелетуват - каша полна.

Било каде, Кипар, Грција, Алжир... таа база служи како сервисна база, дополнување гориво и сл. Тоа Руските бродови и поретко го прават и во други земји на Медитеранот. Како што кажав, ако биди во Тартус ќе биди на друго место, само најверојатно повеќе ќе ги чини Русите.

Во врска со снабдувањето на гасот... влијаат многу фактори од кои можеби најважен е Асад и Курдите. Единствен начин да се обезбеди сигурна достава на гас до Европа е преку изградба на повеќе гасоводи со големи капацитети. За такви мултибилионски проекти потребна е не само стабилна земја каде ќе минува гасоводот, туку и стабилни соседи на таа земја. Не зависи само од една-две земји.
Дотогаш главниот снабдувач на гас од Блискиот исток ќе продолжи да го втечнува гасот и товари на бродови, процеси што двојно му ја зголемуваат цената на гасот отколку да поминува низ гасовод.
 
Ако Сирија се распарчи тоа би значело неминовно дека курдите ќе добијат минимум автономија, што би значело силна карта за Русија. Тарсус ,латакија и гледам почнале нова авобаза да градат во холмс значи контрола на добар дел од Сирија е критичниот минимум за Русија ,за кој не се ни бори добиен е очигледен ако ова го загуби би значело тотален дебакал ,а тоа нема да се случи по било каква цена
Jaс ке се радвам,ако курдите получат автономиja или своja држава, но Турциja нема да го дозволи.

Днес Турциja нахлу во Ирак,а владата во Ирак остро протестира,а САД са отеглили барането ком Турциja да се вклучи во бомбардирането на ИД во Сириja.
http://asia.actualno.com/turcija-nahlu-v-irak-vashington-se-razgranichi-news_511623.html
Со два збора, Турциja е надров от контрола и деjствува еднострано.

[DOUBLEPOST=1449307731][/DOUBLEPOST]
Било каде, Кипар, Грција, Алжир... таа база служи како сервисна база, дополнување гориво и сл. Тоа Руските бродови и поретко го прават и во други земји на Медитеранот. Како што кажав, ако биди во Тартус ќе биди на друго место, само најверојатно повеќе ќе ги чини Русите.

Во врска со снабдувањето на гасот... влијаат многу фактори од кои можеби најважен е Асад и Курдите. Единствен начин да се обезбеди сигурна достава на гас до Европа е преку изградба на повеќе гасоводи со големи капацитети. За такви мултибилионски проекти потребна е не само стабилна земја каде ќе минува гасоводот, туку и стабилни соседи на таа земја. Не зависи само од една-две земји.
Дотогаш главниот снабдувач на гас од Блискиот исток ќе продолжи да го втечнува гасот и товари на бродови, процеси што двојно му ја зголемуваат цената на гасот отколку да поминува низ гасовод.
Нема било каде...коj ке е согласен е прашането. Тоа не може да е НАТО држава.
 
Последно уредено:
Иран ќе вклучи две ескадрили на борбени авион во коалицијата со Русија која ги бомбардира ИСИС во Сирија. Ќе бидат стационирани во авиобаза близу Хомс.
Исто така 4000 ирански војници ќе бидат вклучени во копнените операции.

Доколку се случи засилување на трупите на Русија во Сирија со нова база, и со оваа на Иран, ниту Турција ќе може да им помогне на трупите на ИСИС.
Ќе биде интересно доколку оваа коалиција интервенира и во Ирак.


Според последните информации, Русија продала С-300 системи на Сирија.


Францускиот авионосач се упатил кон персискиот залив, го напуштил регионот на Сириското крајбрежје.
 
Влезот на Турците во Ирак, е интересен развој на настаните. Со ова Турција ваљда сака да игра проактивна улога, а не само да чека на ударите од Русија. Тие ќе ги притиснат Курдите во Ирак, за да го ослабат нивниот ангажман против ИСИС/ Туркмените, во Сирија, што би го намалило ефектот кој се добива од русо-сиријско-курдската коалиција против нивните пријатели.
Но, исто така со ова Турција дефинитвно се заглавува во конфликтот со Русија, односно ја напушта стратегијата на смирување на односите, по соборувањето на авионот.
 
Ирачкото МНР изрази протест пред турскиот амбасадор во Багдад

Ирачкото Министерство за надворешни работи го повика денеска турскиот амбасадор во Багдад на консултации, при што му изрази протест поради распоредувањето на турските сили покрај северниот ирачки град Мосул и побара нивно итно повлекување.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Ирак се наведува дека турските сили навлегле на ирачка територија без знаење на Владата во Багдад и се додава дека Ирак тоа присуство го смета за „непријателски акт“.

Весникот „Хуриет дејли њуз“ пишува денеска дека Турција ќе има постојана воена база во регионот на Башика, покрај Мосул, откако турските сили во регионот, кои ги обучуваат пешмергите, биле зајакнати.

Спогодбата за базата беше потпишана вчера на северен Ирак. Најмалку 150 турски војници, превезени со околу 25 тенкови биле распоредени во регионот доцна синоќа.
http://plusinfo.mk/vest/49996/irackoto-mnr-izrazi-protest-pred-turskiot-ambasador-vo-bagdad
 
Влезот на Турците во Ирак, е интересен развој на настаните. Со ова Турција ваљда сака да игра проактивна улога, а не само да чека на ударите од Русија. Тие ќе ги притиснат Курдите во Ирак, за да го ослабат нивниот ангажман против ИСИС/ Туркмените, во Сирија, што би го намалило ефектот кој се добива од русо-сиријско-курдската коалиција против нивните пријатели.
Но, исто така со ова Турција дефинитвно се заглавува во конфликтот со Русија, односно ја напушта стратегијата на смирување на односите, по соборувањето на авионот.

Пред неколку дена напишав дека 50% се шансите Турција да влези со војска во Сирија. Сега после ова мислам дека и се зголемуваат шансите. Ердоган жива сила не ебава.

И мислам дека има повеќе причини зошто го прави ова, прво да влези во Ирак, наместо во Сирија.
 
Рапорт за 06.12.2015

Видео со Иракски доброволци во село Харкет Нуџаба провинција Алепо, ова пробивот што го прават кон енклва Кафраја, офанзивата малку се намали имаше и контраофанзива на ИД, но овие денови го продолжија пробивот

Нови цистерни уништени од руските војно космички сили во провинција Алепо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom