Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Каква сорта сте вие бре аман, Украина во 2001 година за време на војната во Македонија најмногу оружје имаат дадено на ова држава, а вие против украинците бевте и си навивавте за терористичките групи, и тоа само ради тоа што биле РУСИ. САД ја призна Македонија, вие против САД сте, Турција ви пружи секаква поддршка вие и против нив сте, ЕУ ви дава парични средства ви ги укинаа визите вие и против ЕУ сте, а додека пак Русија ништо не дава за Македонија, дури ни визите не ви ги укинаа. Политичка поддршка немате од нив, јас стварно незнам што е работата со вас ? Тие што ви се пријатели вие плукате, а тие што не се и што не ви имаат помогнато вие ги поддржувате нив.. Упссс јас иако што припаѓам на друга вера сепак и јас сум македонец,ама се чудам со некои дефектни луѓе што умираат за Русија..
2001 Украина беше нормална држава ориентирана кон Русија, да тогаш ни помогнаа. Во моментов во Украина е фашизам и се окупирани од Новиот Светски Ред. Во 2001 организатори на војната пак се САД, ЕС или поточно ционистите, како може да ни се пријатели.
Незнам вие дали сте радикален евреин или не, имајте предвид дека и обичните евреи многупати низ историјата страдале од политиката на ционистите, не станува збор само за Хитлер, кој меѓудругото е финансиран од групата на Рокфелер, а за многу други случаи низ историјата. Еве едно филмче од 1973 за размисла забранетото во СССР, уште тогаш биле на јасно што всушност се случува со светот.
На нормалните и по свесни евреи им е јасно што всушност прават главатарите ционисти,
bt5jgcvcqaacppq.jpg

https://alterinformation.wordpress.com/2014/08/17/9894102/
сакат да ги спречат, но неможат, знаат дека казната за геноцидот кој го прават во моментот на над 3 милијарди Гои ќе е сурова.
 
Последно уредено:
Каква сорта сте вие бре аман, Украина во 2001 година за време на војната во Македонија најмногу оружје имаат дадено на ова држава, а вие против украинците бевте и си навивавте за терористичките групи, и тоа само ради тоа што биле РУСИ. САД ја призна Македонија, вие против САД сте, Турција ви пружи секаква поддршка вие и против нив сте, ЕУ ви дава парични средства ви ги укинаа визите вие и против ЕУ сте, а додека пак Русија ништо не дава за Македонија, дури ни визите не ви ги укинаа. Политичка поддршка немате од нив, јас стварно незнам што е работата со вас ? Тие што ви се пријатели вие плукате, а тие што не се и што не ви имаат помогнато вие ги поддржувате нив.. Упссс јас иако што припаѓам на друга вера сепак и јас сум македонец,ама се чудам со некои дефектни луѓе што умираат за Русија..
кој плука по Украина и зошто би плукал против Украина ?? тоа што и се случува моментално е што беше насскано немири и смена на власта од проруска да се смени во прозападна и тоа по насилен пат,со големи штрајкови и немири подолго време(слично сценарио се спроведуваше и кај нас,но не успеа па се отиде со “бомби“ сега најново)

САД ги вооружуваше и логистички и технички ги поддржуваше Албанците за нивно ширење на Балканот,тоа доведе до протекторатот Косово(не ми е гајле) и Рамковна Македонија(промена на Устав и права - лично не засега) и со што ни е пријател САД,не признале за името - дај кажи што придонесе тоа признавање ?? кога не сме дел од НАТО и ЕУ - НИШТО !

на Русија се чека да зајакне како против тежа на СеверноАтланскиот блок,само така Македонија може да добие нешто од некоја голема сила или да изгуби СЕ(мада и тоа сега на никој не му е важно,пошто крајно се обезличивме како држава во сите полиња на животот, дојдоа да раководат и вршат функции во државата луѓе со купени факултети и признанија,да владеат аппаши и арамии од поголемите политички партии)
 
И обратно.

Балансот би направил каков таков просперитет во светот, сличен што имаше во периодот на 4 децении после втората светска војна

Кој просперитет во децениите по втората светска војна, се читаш ли друже што пишуваш.

Тие децении цел свет живееше со помислата дека утре ќе има нуклеарна војна. Поделен свет, тој од Чешка незнаеше што има во Германија и обратно. Романците немаа пари гаќи да си купат, се живееше во свет на еден куп поделени и затворени општества.

Да речеш дега тогаш имало некаков си просперитет подобар од денес е страшна констатација.
 
Путин го испрати најубиствениот ракетен фрлач против исламистите во Сирија (ФОТО+ВИДЕО)

Русија на Сирија ѝ доставила едно од своите најубиствени копнени оружја со кое планира да ја онеспособи Исламска држава. Станува збор за ракетниот фрлач ТОС-1А, кој има сила со еден удар да уништи до осум градски кварта, пишува Интернешнел бизнис тајмс.


mkd-221917.jpg

Информацијата, која Кремљ сѐ уште ја нема потврдено, иако се појавија фотографии од терен, се појави по информациите дека руските авиони во вторникот уништија 40 цели на територијата под контрола на ИСИС.

ТОС-1А е систем на ракетен фрлач со термобарично оружје монтирано на шасија на тенкот Т-72. Оружјето е познато и под прекарот „Сончев пламен“.

Таканаречените термобарични боеви глави наводно веќе пристигнале во Сирија. Проектилите распрскуваат течност по метата, која потоа се пали и уништува. Штетата што ја предизвикува ова оружје е тотална.

Според рускиот весник Русвесна, ТОС-1А „буратино“ пристигнал во Сирија неодамна. Иако не се знае колку парчиња од 24-цевниот лансер се префрлени во Сирија, самото негово присуство би требало да ги исплаши џихадистите на ИСИС, пишува ИБТ.

mkd-221918.jpg

Новинар на американското списание Попјулар меканикс кој бил сведок на ракетниот систем ТОС-1А во акција на вежби во близина на Волгоград истакна дека „оружјето создава пекол на земјата за непријателот“.


„Резултатите се уништувачки – не само што се експлозијата значително подолга и ударниот бран значително потопол и посилен од тие на конвенционалните боеви глави, туку и целиот кислород во непосредната околина согорува, при што се создава привремен вакуум“, напиша Џејк Сверинген.

Тешкиот ракетен систем првпат бил употребен во советската инвазија на Авганистан во 1988, но на јавноста ѝ бил претставен дури цела деценија подоцна, за време на втората чеченска војна во 1999 година.
 
Кој просперитет во децениите по втората светска војна, се читаш ли друже што пишуваш.

Тие децении цел свет живееше со помислата дека утре ќе има нуклеарна војна. Поделен свет, тој од Чешка незнаеше што има во Германија и обратно. Романците немаа пари гаќи да си купат, се живееше во свет на еден куп поделени и затворени општества.

Да речеш дега тогаш имало некаков си просперитет подобар од денес е страшна констатација.
Научните достигнувања што ги уживаме денес се директна последица на трката за вооружување во втората половина на минатиот век.
 
Ај за Сирија да дебатираме-се разводни темата
Сирија денес е производ на Израел,Турција,и САД - не можеш да го заобиколиш тој факт кој ја разурна Сирија
 
Ипак све било до гасоводите:

Сирија не смее да падне во рацете на Русија: Американците се подготвени за освета, следи жестока војна за Блискиот исток
tocka-174034.jpg

16.10.2015 | 17:10
Извор: Точка
Прочитано: 6700 пати
icona-pismo.png
Испрати на пријател
icona-a.png
Зголеми го фонтот
icona-a.png
Намали го фонтот


Блискиот исток никогаш повторно нема да биде ист после антитерористичките интервенции на Русија во Сирија. Претходно неспорната американска хегемонија над регионот сега е минато. Но, тоа не значи дека САД се засекогаш во потполност истиснати од тоа подрачје.


Бидејќи помина фазата од првобитниот шок, Вашингтон конечно започна да планира свој контра-одговор. "Фрлањето" на 50 тони вооружување и опрема за "новокупените" Демократски сили на Сирија на североистокот на земјата укажува на новиот американски пристап.

САД врши притисок врз своите сојузнички единици да ја освојат Рака за неколку недели, со помош на голема американска воздушна поддршка, со цел да се воспостави "фактичка состојба на теренот", со цел подоцна да влијаат на политичкиот процес и федерализацијата која што уште од претходно ја предожи американскиот Брукингс институт.

Ако истовремено нешто слично се случи и во Ирак, во регионите во кои што доминираат сунитите, ќе се креира полу-институционализиран автономен прекуграничен ентитет кој што ќе ги убие сите надежи за оживување на гасоводот помеѓу Иран, Ирак и Сирија. А она што е уште полошо е тоа што може да воскресне гасоводот Катар-Турција кон Европа, што беше и една од најголемите причини за сириската војна, а потоа и "по средина" да се поделат членовите на руската антитерористичка коалиција.

bitka-za-raka-sirija-sad-rusija-top-02.jpg

САД овојпат врти нов лист, драстично менувајќи го стратешкиот фокус на Рака, бидејќи многу добро сфаќаат дека регуларната Сириска арапска армија (САА), ако го освои главниот штаб на Исламската држава, ќе биде во состојба да го наметне било кое постконфликтно политичко решение во тој регион.

Трката за освојување на Рака помеѓу САА и таканаречените Демократски сили на Сирија (ДСС) морбидно потсетува на сојузничката трка за Берлин пред 70 години, бидејќи Москва и Вашингтон се движат кон иста стратешка цел од два различни правци. Исто како што и трката за Берлин беше искористена за формирање на фактичка состојба која би ја одредила и послевоената "Нова Европа", така и трката за Рака е главен фактор во одлучувањето за тоа како ќе изгледа послевоениот "Нов Близок исток". Поради тоа, САД инсистира за силите кои што ги поддржуваат да го освојат градот во најкус можен рок.

Освојувањето на Рака можеби нема да биде доволно за да се зацврсти позицијата на ДСС и да ги доведе во можност да наметнат модел на федерализација во остатокот од земјата. Оттука доаѓа и неопходноста за воспоставување на конкретни демографски состојби на теренот. За тоа постојат неколку сценарија, но едно од најверојатните е дека големиот број на бегалци и џихадисти во повлекување ќе се се сместат на истокот на Сирија, додека западните медиуми сите нив ќе ги претстави како "сунитски бегалци". Нивниот голем број во тој дел од земјата би креирал жив штит кој би ги спречил руските воздушни напади, а тоа во исто време би направило и огромна демографска промена, со одобрување на Вашингтон.

bitka-za-raka-sirija-sad-rusija-top-03.jpg

Ако таканаречените Демократски сили на Сирија први ја заземат Рака, тогаш овие "сунитски бегалци" би можеле да им се предадат на нив, наместо на силите на сириската армија, ефект кој што би бил сличен на предавството на нацистите кои што им се предавале на Американците како не би паднале во рацете на Советите. Иако ДСС не се меѓународно признаени, масовното предавање на џихадисти и "бегалци", со нивна контрола на територијата би овозможило Демократските сили на Сирија де факто да станат власт во тој дел од земјата. Тоа би ги зголемило шансите за да се оствари планот за федерализација, коj што сесрдно ќе го поддржат западните мејнстрим медиуми.

Исто како што била клеветена советската војска како "варварски комунисти", за да се оправда масовното предавство на нацистите на Западот, така и регуларната Сириска арапска армија ќе биде клеветена, како што тоа се прави повеќе од четири години. САА ќе биде означена како "нелегитимна" и "варварска". Крајниот ефект ќе биде ист – вистинските ослободителни сили во војната (советската армија и САА) ќе изгледаат како "лоши момци", додека вистински лошите момци (нацистите и вехабистите) ќе бидат прикажани како жртви на ослободителите како би се придобиле симпатиите на Западот. Мора да се има предвид дека и двете ситуации се добри примери за високото ниво на информациското војување, кои треба да постигнат одредени конкретни геополитички цели.

Новата Американска стратегија зависи од неколку фактори. Првиот е дека Исламската држава, ако се предаде ДСС, јавно промовира дека тоа го направила со цел да се промовира "политичко решение" кое што на таа територија би донело ниво на автономија, исто или поголемо од она кое што го има курдската регионална влада во Ирак. Исто така, нешто слично ќе мора да се случи во истиот временски период во ирачката провинција Анбар (и потенцијално дури и Нинива). Така би можел да се формира прекуграничен сунитски ентитет во Ирак, источно од Еуфрат, и од сириските покраини Ар-Рака, Ал-Хасака и Деир ез-Зор.

bitka-za-raka-sirija-sad-rusija-top-04.jpg

Тоа е единствениот начин да, за САД, воениот пораз на терористите делумно да се претвори во економско-стратешка "победа" и да овозможи креирање про-американски сателити во срцето на Блискиот исток, зајакнато од географската блискост со Саудиска Арабија и Катар, но и со гасоводот Турција-Катар кој би водел низ него.

Ова сценарио може да биде срушено ако после војната се појави јаз помеѓу Курдите и Арапите во рамките на ДСС. Главните делови од овие проамерикански сили се курдските Единици за народна заштита (ИПГ) и Сириската арапска коалиција, кои можат да имаат различни ставови за доделувањето на териториите во рамките на предложените федерални структури. За САД, Турција и заливските држави би било апсурдно и неприфатливо за гасоводот Катар-Турција да оди низ територија под контрола на Курдите, така што решавањето на тоа прашање останува најважно нешто за успехот на американскиот план.

Ако про-американските сили навистина успеат да ја заземат Рака, тоа значајно би ја зголемило веројатноста за федерализација, како и можностите за конфликти помеѓу ДСС со единиците на Сириската арапска армија. Ова е најопасното сценарио кое што може да се случи бидејќи тоа би можело да доведе до ескалација на ситуацијата до можност за Вашингтон да ги оствари претходните закани за бомбардирање на силите кои што му се верни на претседателот Асад.

bitka-za-raka-sirija-sad-rusija-top-05.jpg

Во една таква напната ситуација, Русија не би можела да дозволи за САД да го бомбардираат нивниот повеќедецениски сојузник, така што Москва и Вашингтон веројатно ќе влезат во напнат период од претседателски преговори, како би се надминал некаков неочекуван конфликт помеѓу нив. Не изгледа како било која страна да поседува апетит за таков конфликт, но ризикот од тоа е голем. Сè ќе зависи од тоа кој ќе ја освои Рака. Ако сириската влада успее во оваа енормно важна симболична задача, нема сомнежи дека САД срамно ќе се повлече од срцето на Блискиот исток. Но, ако американските сојузници го освојат овој град, сè ќе биде поинаку.

Москва и Дамаск во тој случај би имале можност за договор со Курдите, со чија што поддршка би ги елиминирале силите на ДСС. Сепак, тоа би можело да предизвика значајни тензии со САД. Состојбата во која што силите под поддршка на САД и Русија би се подготвувале за одлучувачка битка за Сирија, може да доведе до несогледливи последици, кои никој не би ги очекувал.

Настанатата криза со сигурност ќе прерасне во најголемо епско вкрстување на силите помеѓу Вашингтон и Москва, од мрачните денови на месец октомври во 1962-рата година. Сепак, овојпат веројатно САД прв "ќе затрепка".

http://tocka.com.mk/1/174034/sirija...-osveta-sledi-zestoka-vojna-za-bliskiot-istok
 
Според Точка до сега требаше 20 пати нуклеарни војни да има, 124 пати астероид да не удри и слично. Секоја чест за уредникот ама повеќе општење со спротивниот пол ќе му ги намали желбите за пишување или превзимање (преведување) на вакви црни сценарија.
 
^^
Стварно мислиш дека некој од точка ја напишал анализава?
 
^^
Стварно мислиш дека некој од точка ја напишал анализава?

Стварно мислам дека ја превземал и превел на Македонски.

Без разлика кој е вистинскиот автор на статијата, едно е сигурно - САД и западот ќе поддржат било која страна во нивната борба за соборување, и несомнено масакрирање на Башар ал Асад во Сирија, исто како што го соборија и го масакрираа Моамер Гадафи во Либија.

Не смее да се заборави дека после масакрирањето на Моамер Гадафи во Либија, Џон Мекејн изјави дека "Путин е следниот".

И покрај крајот на Студентата војна и распаѓањето на Советскиот Сојуз и на Варшавскиот Пакт, сепак САД никогаш не се откажаа од политиката која се темели врз принципот дека не им е гајле кој кучкин син е на власт, се додека е нивен кучкин син.

Или со други зборови кажано, без разлика кои исламистички ѓубриња САД ги поддржуваат во Сирија, се додека истите тие исламистички ѓубриња се борат против Башар ал Асад и против руската интервенција во Сирија, САД ќе ги поддржуваат тие исламистички ѓубриња.

Останува да ги видиме наредните потези на Русија и на Владимир Путин, бидејќи тие не се фрлија во овој конфликт како муви без глави или како брзи кучки за да не знаат кои треба да бидат нивните наредни потези.
 
Последно уредено:
Тешкиот ракетен фрлач (ТОС-1А) „Припек“, познат и под неофицијалниот назив „Буратино“ (Пинокио), кој со термобарички и запаливи проектили уништува лесни оклопни цели, жива сила и противнички бункери, активно е користен од страна на руската армија во текот на борбените дејствија во Чеченија и Авганистан.


Enjoy :)

 
Не викам дека не е така, ама драматизирања и апокалиптични сценарија се смешни. Курвинската политика на САД е на некое друго ниво надвор од видокругот на рајата. Па разни партали како Мекејн повикуваат на разни акции против овој или оној. Секако тоа е претстава за нас. Сума сумарум, ние станавме експерти со сајтови како Точка а недужно население гине ко од шала преку разни поддржувачи на демократија или божем легално избрана власт.
 
12079693_842714235836331_597992298999969952_n.jpg



Вахабите кои беа во Хомс, се наоѓааат опколени во два котела од страна на Сириската армија.

Конвој на вахабите, уништен целосно од Руските воздухопловни сили.

[DOUBLEPOST=1445099243][/DOUBLEPOST]
4fue3.jpg


Поквалитетна мапа од котелите.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom