Natural-girl
Morphine
- Член од
- 16 октомври 2007
- Мислења
- 3.462
- Поени од реакции
- 5.246
За се’ што се случува во врска со мене сум си одговорен јас, и дека конечно дојде време кога мислам дека можам, поточно знам дека можам, да функционирам сам како единка неконтролиран од тие околу мене.
Pure егзистенцијализам, my dear. Одлични заклучоци, но дали навистина може да се случи болдираното? Не мораш тука да ми одговараш.
Он топик: Ја сфатив дека сум била неспособна да се носам со тоа што сум, сум била неподготвена да се прифатам таква каква што сум, премногу збунетост и несигурност владееле и ме терале да мислам дека ми треба излез, други опции, промени и слично.
А уствари тоа што е сега, тука и овде баш ми одговара. Да, секогаш може да биде подобро, но...Понекогаш човек мора да застане и да разгледа што има во својата непосредна близина околу себе, а не да гледа по туѓи дворови и широки полиња за да го пронајде тоа што му е потребно.
Секогаш има причина што човек е опкружен со тие и тие луѓе, има направено такви и такви избори, има поминато низ такви и такви случувања. Тоа е зошто е таков каков што е.
Конечно сфатив дека треба да се прифатам себе каква што сум и да ги прифатам другите какви што се.