Конечно сфатив дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
сватиф дека треба да играм кантер страјк по цел ден
ај поззззззззззззззззз
 
Јас сфатив дека: не треба да ги слусаш другите кога сакаш нешто да направиш just do it.
 
Треба да се послушаат некои совети од повозрасните.
 
...и денес не прајме ништо за клецање:toe:
 
*Конечно сфатив дека:
...реалноста е сурова...посебно кога некој одеднаш ќе ти ги извади „розевите“ очила што ги носиш...
...совршенството не постои...
...вистинските пријатели се многу ретки и драгоцени и среќна сум што јас пронајдов барем 2-3 такви (Џену, прва си на списокот:))...
...вистинската љубов е мн. ретка...
...животот е полн со лекции...
...проблемите постојат за да не направат посилни во издржувањето...
...се се случува во свое време...
...некои работи не се судени да се случат...
...еднаш живееме, па би требало животот да го направиме најдобар што можеме, зашто ние сме креатори на сопствениот живот...
:smir:
 
Ништо не правам така како што ДЕМЕК ке решам, и веке аман се нервирам :tapp::tapp::tapp: кога ке ми дојде памет, мене?????
Изгледа кога ке биде касно....
 
Конечно сфатив дека колку и да се трудам да ги завршам сите обврски на време, едноставно не можам да се откажам од глупава навика да правам сВе у последен момент и дека со секое одложување на нештата, само се залажувам.

:jaj:
 
Конечно сфатив дека свекому може да му се деси да се осети осамено без разлика колку и да е опкружен со пријатели.
 
дека некои работи не вреди да ги форсираш,колку и да се трудиш некогаш не испаѓа се онака како што сакаш...
ама тоа е...:toe:
 
дека потписов на безобразна ми лежел на душа од поодамна.:toe:
 
...баш кога решив на некого да му дадам шанса и да си дозволам да верувам дека е посебна личност, испадна- ист. И ова не е во смисла „сите мажи се исти свињи“, туку... друго е... ме мрзи да објаснам, не знам ни како.

Да, и тоа го сфатив, дека наидувам на потешкотии и недоразбирања у комуникацијата и дека не знам зошто претходно цел живот се сметав за добар комуникатор.

И дека животот изгледа најтежок дур мижиш.

И дека морам да одам на лекар или нешо, не знам што се превзема во вакви сериозни форми на инсомнија. Мислам дека тоа е причината за моето повремено лудило.

И дека... Не ми се сите коцки наместени... А јас немам проблем со тоа. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom